IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Среда, 24.01.2018 || „Амазон“ ги објави 20 потенцијални локации за новото седиште  |  „Теско“ затвора 1.700 менаџерски работни места  |  Мрежата на „Профи“ достигна 700 објекти  |  „АЦ фуд“ го купува последниот дел од имотот на „Агрокомерц“  |  „Шпар“ - Словенија ја претстави онлајн-продавницата  |  Отворен е првиот „Амазон гоу“ за потрошувачите  |  Промоција на Fuzetea, бренд достапен и на македонскиот пазар  |  Нов „Алди-М плус“ во Гевгелија  |   „Бивода“ планира извоз во Македонија и во Грција  |  Престижен орден од Финска за Светозар Јаневски  |  „Мигрос“ останува лидер, најголем скок во интернет-каналот  |  „Биедронка“ станува сè посилна  |  „Тривит“ ги презеде постројките на пекарницата „Алимпије“  |  „Плодине“ го отворија 81. продажен центар   |  „Гомекс“ планира отворање на 30 продавници  |  „Бел фуд груп“ го презема „Хугли“  |  „Фереро“ го купува американскиот кондиторски сегмент на „Нестле“  |  „Маркс & Спенсер“ го продаде бизнисот во Хонг Конг  |  „Лакталис“ повлекува 12 милиони пакувања млеко за бебиња  |  „Атлантик група“ ја презема дистрибуцијата на „Марс“  |   ||
   

Маалска продавница - збор по збор: „Рокси Д“,„Горд-Сан“ и „Бокито“

28.11.2012
 
Услужливоста е наша предност пред останатите            Со насмевка и љубезност кон купувачите Богатиот асортиман е нашата предност               
     
Сопственик: Зоран Атанасовски
Име на продавницата: „Рокси Д"
Адреса: ул. „1", бр. 75, ‘Ржаничино, Скопје
Година на отворање: 2009 г.
Квадратура: 40 м2
Број на каси: 1
Број на вработени: 3
Сопственик: Снежана Динева
Име на продавницата: ТД „Горд-Сан"
Адреса: ул. „Њуделхиска", бр. 2, Скопје
Година на отворање: 1994 г.
Квадратура: 18 м2
Број на каси: 1
Број на вработени: 3
Сопственик: Топаловски Бошко
Име на продавницата: „Бокито"
Адреса: ул. „Бихачка", б.б, Скопје
Година на отворање: 1995 г.
Квадратура:  250м2
Број на каси: 2
Број на вработени
Во принцип немаме некои поголеми проблеми со наплатата, секогаш се обидуваме да останеме
коректни со нашите соработници, но и со нашите потрошувачи. Морам да нагласам дека комуникацијата со потрошувачите секогаш ја одржуваме на високо ниво и се обидуваме да останеме достојни и да ги слушаме нивните потрби. Но, работиме со многу различни карактери и тоа бара од нас максимално приспособување. Во продавницата дознавам дури различни рецепти за приготвување на зимници, но очигледно тоа е убавината на малите дуќани, кога потрошувачите ќе си помуабетат со нас и воедно ќе го купат тоа што им е потребно. Воедно, проблем претставуваат и високите сметки за струја. Локацијата на продавницата е одлична, во близина нема поголем трговски синџир. Се наоѓаме до фреквентна улица, така што многу луѓе со своите автомобили застануваат и пазарат од кај нас. Од досегашното искуство можам да потврдам дека купувачката моќ се има променето, едноставно луѓето имаат сè помалку пари.
Кога доаѓа периодот на примање пензии и плати, тогаш почнуваме да чувствуваме зошто работиме, да правиме некаков промет.
Од друга страна се обидуваме наплатата на производите да тече како што треба, кога навреме ѝ плаќаш на некоја фирма, таа речиси секогаш останува коректна и ни дава производи кога ни се потребни.Сè треба да си тече според договорот што е склучен со некоја фирма. Предноста на малите продавници, освен услужливоста е близината. Кога се купуваат само неколку производи, тогаш никој не оди да пазари во голем маркет.Во исто време, гледаме цените да бидат најниски во споредба со останатите, кажа Зоран кој со пријатниот разговор со тимот на InStore само ја потврди пријатната атмосфера и добрата услуга.
Кога ја отворив продавницата пред 19 години, таа беше наменета само за продажба на алкохолни и безалкохолни пијалаци. Потоа малку по малку почнав да ги набавувам основните продукти како леб, сапуни, средства за чистење, храна, за денес на овие 18 квадратни метри да имам околу 3.500 производи. Држам сè што бараат муштериите,па дури исезонско овошје и зеленчук. 
Во времето кога ја отворив продавницата во населбава имаше уште две мали продавници. Тогаш мојата продавница беше трета,а сега е единствена. „Тинекс" го отвори маректот по 4-5 години откако јас започнав со работа, а „Веро" една година по „Тинекс". На почетокот се плашев од силната конкуренција, но еве, опстоив до денес затоа што љубезноста и услужноста се клучот за борба со силната конкуренција.
Моите муштерии ме доживуваат како пријател. Се случува кога ќе заминат на одмор да ги остават клучевите кај мене јас да им ги чувам, затоа што ме доживуваат како близок човек и целосно ми веруваат. Иако денес владее голема невработеност и беспарица, постојано се намалува купувачката моќ на луѓето, цените на производите растат, а нашата маржа е сè помала, мојот начин на работа не се сменил.Јас сум насмеана и љубезна со купувачите и секогаш си стојам на зборот кон доставувачите. Во овие 19 години никогаш не ми се случило да задоцнам со плаќањето или да не платам, напротив, секогаш плаќам во рок од два-три дена, па дури и однапред. Работата со продавницата ја водам домаќински и мислам дека тоа е една од причините зошто опстојувам, вели тетка Жане со насмевка на лицето цело време додека разговара со нас, паралелно најљубезно услужувајќи ги купувачите.
Локацијата оди во прилог, но најмногу предност имаме со нашиот асортиман. Кога продавницата е асортимански моќна, дуќанот да биде наполнет со многу производи, тогаш и нема проблем во работата, а и купувачите доаѓаат и често купуваат. Работиме веќе 17 години и од нашето досегашно искуство сме имале  проблем со достава на стока и проблем со рокот на траење на доставените производи.
Сме имале случај кога ни донеле производ и во транспортното пакување, производите да се со различен рок на траење. Се обидував да ги вратам таквите производи, но не ми беше дозволено. Некои други проблеми немам, со купувачите секогаш сме коректни.
Секогаш настојуваме производите да бидат проверени, да нема такви со поминат рок на траење. Доколку забележам некој недостаток кај производите, доколку имаат изминат рок, веднаш им ја враќам, не ја примам во продавницата. Набавката на стока, какои роковите за плаќање не ми претставуваат проблем, засега сето тоа добро функционира.Криза во набавката на стока нема, кај нас засега има и вишок на понудени производи, има навистина голем избор на производи од една категорија. Тука се појавува и голема конуренција меѓу произведувачите и дистрибутерите. Оттука, иако има голем избор, сепак купувачите доаѓаат по еден производ и тој го купуваат.Со конкуренцијата се борам со асортиманот – вели Топаловски, а тоа можевме да го забележиме на влезот на продавницата. Ако купувачот дошол да купи десет производи, треба во оваа продавница да ги најде,
а мојата цел со богатиот асортиман е да му понудам и дванаесет производи, така што ќе купи повеќе од замислното. Се надевам дека ќе продолжиме со ова темпо и работата ќе се одвива како што треба.                                 
 
 



 
 
 
 
back to top