IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Понеделник, 16.07.2018 || „Карлсберг“ отвора нова пиварница  |  Кинези ќе градат индустриски парк за овошје и зеленчук  |  Нов ИнфоЛогистички центар во Љубљана  |  „Велпро“ ќе ги поддржува малите трговци  |  Белград стана побогат за уште еден dm  |  Резултатите на „Пепсико“ се подобри од очекуваните  |  Кратошија меѓу најдобрите вина на британскиот пазар   |  „Интермарше“ за постари лица  |  Повисоки трошоци за живот и малопродажни цени во јуни  |  „Бимилк“ подари ново место за спорт и рекреација  |  „Унилевер“ го купи бугарскиот бренд сладоледи Denny  |  „Нилсен“ именуваше нов раководител за Јадранскиот Регион  |  „Макпрогрес“ на „Summer Fancy Food Show“  |  „Перно Рикар“ ќе дистрибуира безалкохолен џин  |  Продажба на алкохолни пијалаци во секое време  |  „Лидл“ отвори логистички центар во Нова Пазова  |  Нова „Кораб Трница“ во скопско Црниче  |  Рекордно производство и извоз на пиво  |  Нов супермаркет на „Шпар“ вреден 9 милиони евра  |  „Лидл“ без пластика за еднократна употреба  |   ||
   

Маалска продавница - збор по збор: „Пуци и Наташа“,„Спи-Бо комерц“ и „Дали Пом“

28.10.2012
Тројца сопственици на маалски продавници зборуваа со InStore, објаснувајќи ја нивната положба и секојдневната работа. Очигледно, тешко е, но со многу работа и упорност, тие успеваат добро да функционираат. 


Во постоjана борба со конкуренцијата 

 
 
Име и презиме на сопственикот: Кирил Христов
 
Име на продавницата: „Пуци и Наташа"
 
Адреса (локација): бул. „Видое Смилевски-Бато", бр. 5, ламела 1, локал 6, Скопје
 
Кога е отворена: 2009 г.
 
Колку вработени има: 3
 
Квадратура: 24 м2
 
Број на каси: 1

 

Продавницата е препознатлива во овој крај, а особено е позната за помладата популација. Иако, неминовен е фактот дека и постарите доаѓаат и редовно пазарат кај нас. Но, она што би го издвоил како проблем се купувачите. Освен со конкуренцијата, треба да се снајдеш многу добро и со нив, бидејќи работиме со многу различни карактери. Потребно е човек да се приспособи. Имаме и многу маркети околу нас. Тука се „Тедико", „Рамстор", два маркета КАМ и „Дон". Тие можат да понудат и пониски цени, но ние не можеме бидејќи сме помали. Тука доаѓа до израз и купувачката моќ на луѓето, очигледно е колку е таа намалена и колку многу влијае на нашата работа.

Во принцип, со дистрибутерите имаме добра соработка, тие секогаш можат да помогнат. Поради добрата соработка, и акциските производи ни стануваат подостапни и, секако, ќе бидеме во предност.

Продавницата се наоѓа на автобуската станица, што е една од најфреквентните во Ново Лисиче и тоа секогаш ни оди во прилог. Луѓето често, додека чекаат автобус, влегуваат и купуваат кај нас.

Со роковите за плаќање нема да има проблем доколку и производите се продаваат. Некогаш, некои производи потешко се продаваат, но она што сме го продале секогаш им го плаќаме на дистрибутерите. Постои толеранција меѓу нас, ако дистрибутерот гледа дека стоката подолго време му стои, тогаш самиот знае што треба да направи и не бара пари за тоа.

Бидејќи има многу трговски синџири околу мојата продавница конкуренцијата станува поголема, а единствен начин е да го правам она што не го прават тие. Работам кога не работат, отворен сум од рано наутро до доцна навечер. На овој начин создавам навика кај купувачите дека и во тие периоди од денот мојата продавница е достапна за нив и често доаѓаат во тој период да пазарат. Секако, ова е еден начин на борба со конкуренцијата, но многу е потешко за нас, некогаш не може да се издржи ова темпо на работа.


Брзата услуга и насмевката – предност за маалските продавници 
 

 
Име и презиме на сопственикот: Светлана Крагуевска
 
Име на продавницата: „Спи-Бо комерц"
 
Адреса (локација): бул. „50-та Девизија", бр. 43, Скопје
 
Кога е отворена: 2006 г.
 
Колку вработени има: 2
 
Квадратура: 46 м2
 
Број на каси: 1
 
 
 
 
Долго време сум во трговијата и многу добро знам како стојат работите. Можам лесно да споредам како било некогаш, а како е денес. Она што многу често се повторува е проблемот со наплатата и изложувањето производи што некогаш потешко се продаваат. Честопати се случува некои производи да стојат подолго непродадени, а некои доставувачи даваат рок фактурата да се плати за една недела. Тогаш настанува проблем и роковите се пробиваат. Сепак, искуството во работата дава резултати и тоа ме научи секогаш да одржуваме добри односи со доставувачите.

Во близина на нашата продавница се наоѓаат два маркета – КАМ и „Тедико" и борбата со нив оди потешко. Сепак, луѓето доаѓаат да пазарат кај нас, бидејќи многу од нив не сакаат да чекаат ред и многу полесно се снаоѓаат во продавницата. Ова особено важи за постарата популација. Ним им одговара добрата услуга, пријатното чувство што се должи на фактот што секогаш се обидувам да бидам насмеана и услужлива. Тоа луѓето го сакаат и го почитуваат, сакаат кога ќе кажеме по некоја шега или ќе си поприкажеме по нешто за нашите животи. Во прилог ни оди што продавницата се наоѓа до училиштето, па многу од учениците доаѓаат и пазарат кај нас. Нашиот асортиман е секогаш приспособен на нашите купувачи и на нивните потреби, па и на потребите на учениците.
 

За неколку години отворање синџир на маркети

 

Име и презиме на сопственикот: Далибор Стојмановски
 
Име на продавницата: „Дали Пом"
 
Адреса (локација): н. Ченто, Скопје
 
Кога е отворена: 2010 г.
 
Колку вработени има: 6
 
Квадратура: 60 м2
 
Број на каси: 2

 
 

Ретко се соочуваме со некои поголеми тешкотии, се обидуваме да останеме коректни и со купувачите и со нашите соработници. Сепак, понекогаш се соочуваме со проблеми при плаќањето, но наоѓаме решение и за тоа и продолжуваме да работиме и понатаму. 

Набавката на стока досега не ни претставувала проблем, секогаш се обидуваме полиците да ни бидат полни со производи. Се обидуваме тие да бидат убаво наредени, а широкиот асортиман на производи да ги задоволува потребите на поголема група купувачи. Но, близината на поголемите синџири влијае на купувачката кошница што придонесува купувачите да бараат пониски цени на производите. Токму затоа, она што го сметаме за наша предност се акциските цени. Тие ги мамат купувачите да пазарат кај нас, но во исто време со нив се бориме и со останатата конкуренција. 

Како главна предност на малите продавници, во споредба со големите синџири, секогаш го истакнувам долгогодишното искуство во работата. Долгите години во оваа работа даваат можности човек да умее како да се снајде. Целта ни е да продолжиме и во иднина со нашата работа, континуирано да работиме и за десет години да успееме да отвориме синџир на маркети.



 
 
 
 
back to top