IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Петок, 20.07.2018 || „Луксол“ повторно работи  |  Трговски vs А-брендови  |  „Волмарт“ се повлекува од јапонскиот пазар  |   Нови бензиски пумпи на КТЦ  |  Добивката на „Плантаже“ изнесува 2,4 милиони евра  |  „Ошан“ воведе гласовен четбот за вино и храна  |  Нова франшизна продавница „Шпар партнер“  |  Специјално пиво по повод средбата Трамп-Путин  |  Доделени првите грантови за домашни компании  |  „Карлсберг“ отвора нова пиварница  |  Кинези ќе градат индустриски парк за овошје и зеленчук  |  Нов ИнфоЛогистички центар во Љубљана  |  „Велпро“ ќе ги поддржува малите трговци  |  Белград стана побогат за уште еден dm  |  Резултатите на „Пепсико“ се подобри од очекуваните  |  Кратошија меѓу најдобрите вина на британскиот пазар   |  „Интермарше“ за постари лица  |  Повисоки трошоци за живот и малопродажни цени во јуни  |  „Бимилк“ подари ново место за спорт и рекреација  |  „Унилевер“ го купи бугарскиот бренд сладоледи Denny  |   ||
   

Mаалска продавница - претставуваме: „Трен маркет"

22.05.2015
 Во трговијата сме од деца
 
Под името „Трен маркет", скратеница од презимето на двајцата браќа сопственици – Жарко и Дарко Треневски, успешно функционираат два маркета. Првиот, оној што екипата на InStore го посети, се наоѓа на улицата „Тодор Александров", бр. 17, т.е. на „пат кон Водно", а вториот е лоциран на „Елисие Попоски", зад Заводот за рехабилитација.

Разговараше: Данче Драгинова, danche@instore.mk

Првиот „Трен маркет" е отворен на 22 јануари, 2001 година. Располага со продажен простор од околу 75 квадратни метри со тераса, како и мал магацин од 15 квадратни метри. Во непосредна близина има и поголем, придружен магацин од околу 35 квадрати. За почетоците, функционирањето и развојот поразговаравме со Жарко, еден од браќата-сопственици, кои со трговија се занимаваат уште од мали нозе. Почнавме да работиме на Зелен пазар уште од 1993 година. Имавме 7 тезги, во чиј асортиман беа вклучени и маслинки, зрнести производи, колачи на рефус... Дојде времекога инспекциите не дозволуваа повеќе на пазар да се продава кондиторска стока, па така решивме да го отвориме дуќанов овде, бидејќи живееме две улици погоре, раскажува Жарко.

Претходното искуство на браќата им било од голема помош – веќе знаеле како се продава, што се продава, што бара народот, од каде да се донесе стока, каде е поевтина: Ги научивме трговските финти и сите магацини во и надвор од Скопје.

Во маркетот работат 5 вработени, кои се грижат за услугата и за асортиманот со над 4.000 артикли. Од трговските групи, како што вели Жарко – 99% имаме сè, дури понекогаш и цвеќиња во саксии: Сè што може да се продаде, сè што може да се земе на фактура... се обидуваме. Ако нешто не успее да се продава, еднаш се носи, се продава и повеќе не се носи. Притоа, тој нагласува дека потребите на потрошувачите, особено на децата, се врвен императив: Главен репер за продажба на некои кондиторски производи, на пример со сликички, се децата. Веднаш го нарачуваме тоа што децата го бараат, бидејќи тие се добри потрошувачи – секој родител сака да му купи на детето доколку е во можност.

„Трен маркет" е место што дистрибутерите и комерцијалистите редовно го посетуваат. Со нив браќата имаат професионален и коректен однос, ги почитуваат нивните совети и знаења, бидејќи како што вели Жарко: Момците се добро обучени, вредат и знаат како да продаваат. Од друга страна, Треневски се познати и како екстраредовни плаќачи на фактури. На тој начин, освен што ја стекнале целосната доверба од комерцијалистите, имаат и целосна контрола на профитот и сопствените средства. Од големите трговски синџири, во близината на „Трен маркет" е новоотворениот „Рамстор" на Водно, но браќата не ја чувствуваат конкуренцијата, бидејќи долго време се на овој терен: Голем дел од луѓето нè познаваат и знаат дека ја разбираме зелената стока и трговијата воопшто. Исто така, брзата услуга и непосредната комуникација се нашите адути. Секој сака да купува во позната средина, понекогаш да се пошегува... Кај нас редовните купувачи се околу 80%, а другиот дел може да бидат минувачи, најчесто кон Водно.

За работата на малите маркети, Жарко вели дека има одредени придобивки и профит, но истовремено таа бара и голема ангажираност – голем број вработени, големи трошоци, секојдневно следење на стоката и голема посветеност. Иднината и опстанокот на малите продавници на овие простори тој ги гледа во рамките на семејните бизниси. Во тој контекст гласи и неговата порака до другите колеги: Фокусирајте се на семејното работење и зголемете ја контролата над сопствените средства. Тешко е да се опстане, но со правилна економичност, зголемено внимание и редовно плаќање на фактурите, на крајот ќе поентирате.
 
Во сопственост на браќата Треневски е компанијата „Ферпром", основана во 1999 година, која се занимава со увоз и дистрибуција на амбалажа за еднократна употреба од пластика, стиропор и алуминиум и се користи за пакување на храна. Во рамките на фирмата, како подружници функционираат двата маркета, како и две сендвичарници „Петле" (поранешен „Топ бургер"), познати по печените пилиња, пилешките прсти и крилца. Секогаш се стремиме напред. Притоа, не станува толку збор за парите, туку повеќе за предизвикот, искушението дека можеме повеќе. Брат ми обично повеќе е во канцеларија, а јас сум оној на терен, кој ги бара клиентите. За канцеларија не можам да се врзам и да седам на едно место. Од една страна, мислам дека канцеларијата ми го крати времето што треба да го живеам, а овој бизнис честопати се прави и во кафеана, изјави Жарко на крајот од нашиот разговор.




 
 
 
 
back to top