IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Сабота, 20.10.2018 || Тридневна дружба на вработените на „Макпрогрес“  |  „Лакталис“ го купува „Нестле“ во Малезија за 40 милиони долари   |  Трговците избраа ТОП 100 производи  |  Милијардер купи удел во Starbucks  |  Перутнина Птуј“ ќе продава салами во САД   |  „Метро Бугарија“ воведува автентични млечни продукти  |  Сертификати за компаниите што се фер со потрошувачите  |  „Унилевер“ нема да се сели во Холандија   |  Трговците бираат топ 100 производи   |  Битола стана дел од големиот проект „Coca-Cola Активни зони“   |  Производителите на чоколадо се насочуваат кон Исток   |  Трошоците на живот на месечно ниво намалени, на годишно имаат раст   |  Расте добивката на „ПепсиКо“   |  „Нестле“ е заинтересиран да купи бренд за минерална вода  |  Германските трговци продаваат преку интернет   |  Нов „Стокомак“ во Тетово  |  Експресна услуга на нова локација во Струга  |   Увозот на храна расте побрзо од извозот   |  Во септември пад на светските цени на храната   |  „Фуд стар“ ќе извезува пилешко месо во Кина   |   ||
   

Маалска продавница - претставуваме: „Скорупан“

20.11.2017

ТРГОВСКАТА ПРИКАЗНА НА „СКОРУПАН" - КУМАНОВО

Чудно име на добар глас!

Ве пречекува со интересно име. Кога ќе влезете - уште едно изненадување. Многу поголема од што ќе ви се види однадвор. Во само неколку минути, ќе забележите дека е продавница во која речиси нема периоди на затишје: муштерии-минувачи, снабдувачи, деца од блиското училиште. Кога ќе ви ја раскажат приказната, набргу сфаќате: локацијата го направила своето. Но, ништо без „софтверот"

 

Разговараше: Васко Марковски, vasko@instore.mk 

 

 

Продавницата „Скорупан" е секојдневно свратилиште на жителите на кумановското маало Соколански пат, но и на многу минувачи што денот ги носи да поминат оттаму. Сместена е во приземјето на станбена зграда (ул. Народна револуција, бр. 103, Куманово), на автобуска постојка, во непосредна близина до училиште и до Соколанскиот парк.

Нè пречекува сопственикот, Момчил Скорупан. И, веднаш ни станува јасно. Набргу ги дознаваме и деталите: семеен бизнис, зад дуќанот стои семејство - Скорупан - кое го добило презимето по таткото на Момчил, доселен од Хрватска, од областа Лика.

Продавницата е отворена во 2003година, и оттогаш до овој момент постојано позитивно работиме, ни рече домаќинот, канејќи нè да влеземе.

Кога ќе влезете, уште едно изненадување. Продавницата е многу поголема од што ќе ви се види однадвор.

Околу 140 квадратни метри. Го ширевме во етапи. Кога почнавме, беше околу 70 квадрати. Веднаш до дуќанот беше станбен простор, таму живееше син ми. Решивме тој да се пресели во поголем објект, а на местото на станот го проширивме дуќанот, ни раскажа Момчил.

Во само неколку минути, ќе забележите дека е продавница во која речиси нема периоди на затишје. Како во сандак со пчели. Муштерии, снабдувачи... за млечни производи, пијалаци, леб и печива, за свежи овошје и зеленчук.

Да бевте во 9:00, кога е голем одмор во училиштето, ќе видевте Околу 100 дечиња влегуваат. Некое – кифличка, некое – кроасанче, смоки, сокче... На половина час поминува автобус. Наутро отвараме меѓу првите, во 5 часот. Доаѓаат работниците што одат на работа, си купуваат што им треба - цигари, леб... Веќе во 5.10 часот имаме тазе леб. Кога е лето, има многу луѓе во паркот - држам сладоледи од четири фирми. Добро се троши. На добра локација сме, раскажува Момчил.

Погодноста на локацијата ја забележале и некогашните општествени трговски синџири. Непишано правило било следниот дуќан да бидена секои 500 метри. Просторот во кој се сместени е дуќан уште од 1963 година. Семејството е сопственик од 2001 година. Оттогаш поминале низ неколку етапи на преуредување и на проширување. Локацијата го направила своето, но, набргу ќе сфатите: ништо без „софтверот".

Имаме осум вработени, со цело работно време. Од нив, четворица сме членови на семејството - јас, сопругата, синот и ќерката. Редовно си ги плаќаме обврските, даноци, К-15, досега не сме биле казнети - не сме дозволиле да дојде до такво нешто.

Асортиманот е формиран од околу 1.500 артикли, од речиси сите категории, од разни производители. Пијалаци, леб и печива, млечни, сувомесни и разни прехранбени производи, грицки, овошје, зеленчук, средства за чистење, но и нешта што поретко се наоѓаат дури и во поголемите маалски продавници: парфеми, ситна покуќнина - филџани, чинии, големи тенџериња за ајвар, чорапи, играчки...

Дури и чадори! Просторот е голем, треба да се исполни со разни производи, додава Момчил.

Големите трговски синџири веќе се блиску, но, како што вели, не се чувствуваат загрозени. Блиску е и пазарот.

Големите, до овој момент, не ни пречат во работењето. Си имаат свои муштерии. Споредено со некои, можеби имаме и поголем асортиман. Некои се и многу поскапи од нас. Некои се, можеби, со пониски цени, но се на 500 метри подалеку од нас. На пазар, разликата од денар-два не менува многу. За да отиде на пазар, муштеријата треба да плати најмалку 50 денари за такси или да ризикува да му ја земе пајак колата. За килограм домати, може да излезе многу поскапо, објаснува Скорупан.

Муштеријата не смееш да го излажеш. Никогаш! Ако му понудиш нешто, треба да му гарантираш дека е навистина квалитетно!

За крај, нивната формула за успех на малите:

Многу добра услуга, квалитетна стока и добри рокови на употреба! За да бидат луѓето задоволни, И, муштеријата не смееш да го излажеш. Никогаш. Ако му понудиш нешто, треба да му гарантираш дека е навистина квалитетно.



 
 
 
 
back to top