IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Четврток, 26.04.2018 || Domaine Lepovo Grand Cuvée светски шампион  |  Повторна продажба на имотот на компанијата „Малина“  |  „Хајнекен“ оствари солиден количински пораст  |  „Агрокор“ продолжува непречено да работи од 15 јули?  |  „П & Г“ презеде дел од портфолиото на „Мерк“ за 3,4 милијарди евра  |  „Гринјард“ бара снабдувачи во Македонија  |  „Сите сити“ - нов систем за донирање вишок храна  |  Медицинска опрема од „Жито лукс“ за четири болници  |  Во „Веро“ - Тафталиџе бесплатен паркинг 30 минути  |  „Млин и пекара Љубаче“ со нова инвестиција  |  Natur Premium пристигнува на македонскиот пазар  |  „Монделез“ вложува 90 милиони евра во „фабрика на иднината“  |  „Рамстор“ го отвори 25.маркет  |  „Хенкел“ отвори нова фабрика Somat во Крушевац  |  „Сан Пелегрино“ со приход од 895 милиони евра  |  „Карфур“ ги отвори првите пунктови испорака за пешаци  |  „Персу“ ги повика локалните производители да соработуваат  |  „Кимберли Кларк“ ќе го проширува капацитетот во Алабама  |  „Витамин“ на саемот во Мостар  |  Владимир Косијер нов генерален директор на „Пивара Скопје“  |   ||
   

Маалска продавница - претставуваме: Искуството низ годините – „Дал Дако“

19.04.2016
Живот посветен на трговијата

Тешка е иднината на малите продавници, затоа што тие ги имаат истите давачки како големите маркети. Поради тоа, „Дал Дако" се шири со работата, за да ги добива бенефициите што ги имаат поголемите.

Разговараше: Данче Драгинова, danche@instore.mk

За добрата услуга, далеку се слуша. По добиените информации за успешното работење на маркетот „Дал Дако" во Ржаничино, тимот на InStore реши да го посети. Кога стигнавме на улицата 5, бр. 1, забележавме голема фреквенција од луѓе, кои влегуваа и излегуваа од маркетот... Уште од тој момент, знаевме дека „Дал Дако" е вистинскиот избор за оваа рубрика. На наше огромно задоволство, сопственикот Дарко Стефановски веднаш ја прифати поканата.

Разговорот со Дарко го почнавме со приказната за почетоците на семејството Стефановски во трговијата: Моите родители ја отворија првата продавница во 1994 година, на улицата 500 бр. 95, во Марино. На почеток им помагав, а со текот на годините целосно се вклучив во трговската работа. Бидејќи во трговијата сум уште од дете, можам слободно да кажам дека целиот живот досега ѝ го посветив на оваа дејност. Друго ништо не сум ни работел.

Денес, Дарко има безрезервна поддршка од најблиските во работата. Во 2014 година, со семејството решиле да го прошират бизнисот со отварање нови дуќани на нови локации.

Најпрвин, отворивме две нови продавници во централното градско подрачје на Скопје, односно еден маркет на Илинденска и еден на Водњанска, но поради оддалеченоста со првиот маркет во Марино, ги преселивме на нови локации, раскажува Дарко.

Денес, освен маркетот во Марино, успешно работат и маркетот во Ржаничино, кој го посети тимот на InStore, како и маркетот во Идризово, на улицата 1, бр.7. Сите три маркети се простираат на површина од по 100 квадрати, а за услугата во нив, се грижат вкупно 10 вработени.

Целокупниот асортиман на „Дал Дако" во Ржаничино го сочинуваат повеќе од 10.000 артикли и во него се застапени сите категории прехранбени и непрехранбени производи. Соседите велат дека тука може да се најде и „од пиле млеко", а Дарко е горд бидејќи секогаш се труди да го обезбеди тоа што потрошувачите го бараат и тоа го прави трговски доста умешно. Освен тоа, „Дал Дако" е познат и по тоа што е во чекор со сезоналната побарувачка, како и на побарувачката за време на одредени празници. Тогаш, асортиманот дополнително се зголемува. Исто така, во маркетот може да се најде и сè она што е актуелно и се рекламира.

За дел од стоката, „Дел Дако" се снабдува директно од производителите, најмногу поради предностите од снабдувањето од „прва рака", но и поради пониските цени, што има позитивно влијание на работата.

Тешко е времето, сите сакаат да продадат, им зависи платата од тоа. Проблемот настанува при излезот на стоките – за артиклите што се трошат е во ред, но што во ситуации кога излезот е слаб? Мора да бидеме претпазливи, вели Дарко за односот со комерцијалистите и додава: Се трудиме да имаме коректна и фер соработка, професионален однос, точност и навременост, затоа што тоа е од интерес за обете страни.




„Дал Дако" во Ржаничино е еден од ретките среќници, во чијашто близина не функционираат големите трговски синџири. Сепак, тоа не е причина во ниту еден момент да се подзаборават вниманието и услугата што потрошувачите ги заслужуваат. Во овој дел од разговорот се вклучи и вработената Кате (на фотографијата), која секојдневно е во контакт со нив и најдобро ги познава: Муштериите најчесто се оние од соседството, но голем е и бројот на тие што се на поминување. Без оглед на тоа, тие треба секогаш да бидат задоволни од услугата, од секоја гледна точка, вели таа.

Дарко додава дека се обидуваат да ги привлечат и да ги задржат купувачите и со ценовната политика, затоа што големиот обрт и следењето на акциите на производите, дозволува и пристапни цени.

На крајот од разговорот, нашиот соговорник ни кажа што тој мисли за иднината на малите продавници: Тешка е нивната иднина затоа што малите дуќани ги имаат истите давачки како големите маркети. Поради тоа, ние и се шириме со работата, за да ги добиваме и бенефициите што ги имаат поголемите.



 
 
 
 
back to top