IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Петок, 20.04.2018 || „Млин и пекара Љубаче“ со нова инвестиција  |  Natur Premium пристигнува на македонскиот пазар  |  „Монделез“ вложува 90 милиони евра во „фабрика на иднината“  |  „Рамстор“ го отвори 25.маркет  |  „Хенкел“ отвори нова фабрика Somat во Крушевац  |  „Сан Пелегрино“ со приход од 895 милиони евра  |  „Карфур“ ги отвори првите пунктови испорака за пешаци  |  „Персу“ ги повика локалните производители да соработуваат  |  „Кимберли Кларк“ ќе го проширува капацитетот во Алабама  |  „Витамин“ на саемот во Мостар  |  Владимир Косијер нов генерален директор на „Пивара Скопје“  |  „Амазон“ е во преговори со авио-превозникот „Азул“  |  „Домаќа трговина“ со ново место за пазарење  |  Клучно одобрување на „Бајер“ за „Монсанто“  |  „Витаминка“ го рестартира производството на Брилијант  |  Во Сплит отворен првиот супермаркет „Шпар гурмет“  |  Розовиот Kit Kat пристигнува и во Европа  |  „Млекарнa Целеиа“ забележа пораст од 9%  |  „Ошан“ лансира нов формат во Украина  |  „Мирана“ ја купи „Аронија здрава храна“  |   ||
   

Маалска продавница - претставуваме: „Еуро Балкан Шоп“

11.11.2013
„Еуро Балкан Шоп", продавница за 
 
Балканските производи во Дубаи


На 11 октомври во најголемиот град на Обединетите Арапски Емирати, Дубаи, свечено беше отворена специјализираната продавница за балкански производи „Еуро Балкан Шоп". Со право, веста за отворањето на „Еуро Балкан Шоп" особено го привлече вниманието на населението од овие простори.
 
 
Продавницата е партнерски „производ" на четворица пријатели: Мирко Димковски, Алекса Миливојевиќ, Слободан Маролов и Жарко Ацковиќ. Тие се професионалци во различни области (градежништво, економија и информатика) и своето долгогодишно искуство во разни компании на Блискиот Исток решиле да го спојат во реализација на оваа уникатната идеја, што произлегла од сознанието дека сè повеќе луѓе од просторите на поранешна Југославија живеат и работат во Обединетите Арапски Емирати.
 
Луѓето од нашите простори се силно врзани за вкусот на нашите производи, па отворањето на ваква продавница беше неминовност. Иако Дубаи е космополитски град во кој можат да се најдат производи од целиот свет, некои работи се незаменливи. Нашите луѓе кога патуваат од дома носат куфер полн со наши производи. Време беше да го намалиме тој багаж, вака на интересен начин ја објаснува идејата за отворањето на „Еуро Балкан Шоп" Марко Димковски и продолжува: Факт е и дека прехранбените производи што се произведуваат во земјите на поранешна Југославија се особено квалитетни и со својот квалитет се конкурентни и на светскиот пазар. Така беше создадена идејата во иднина тие производи да се пласираат како на пазарот на ОАЕ, така и на целиот Блиски Исток.

Продавницата, пред сè, им е наменета на луѓето што сакаат добра, здрава и квалитетна храна. Идејата на сопствениците е преку нашата популација да се запознае и остатокот од населението на Емиратите со балканските производи. Во оваа намера во голема мера успеавме, со оглед на тоа што нашите луѓе се особено горди на квалитетот и вкусот на домашните производи и многу често им ги сервираат на пријателите кои не се од нашите простори. А кога еднаш ќе ги пробаат нашите производи, тие луѓе стануваат постојани муштерии, што воедно е и најдобра реклама, ни раскажа Марко.
 
„Еуро Балкан Шоп" има површина од 140 м2 и се наоѓа во еден од престижните краеви на Дубаи, Јумеира Лејк Тауер. Освен продажниот простор, продавницата располага и со климатизиран магацин со површина од 150 м2. Идејата на компанијата е сите нови маркети што ќе ги отвора секогаш да бидат со површина меѓу 100 и 200 м2 и да се задржат во форматот на „лајт"-супермаркети.Паралелно со малопродажниот објект, компанијата лансираше и напреден сајт за онлајн-продажба. Моменталниот тим на „Еуро Балкан", што брои 15 вработени, си има зацртано до 2015 година нивната е-продавница да стане еден од водечките онлајн-супермаркети во ОАЕ.

На полиците на „Еуро Балкан Шоп" во моментов можат да се најдат над 4.000 артикли, сите стандардизирани според Халал. Од овие производи, над 100 се од просторите на поранешна Југославија. Моментално, нашата компанија соработува со „Соко Штарк", „Свислион", „Донкафе" и „Медела" од Србија. Во Хрватска соработуваме со „Краш" и со „Подравка", а до ноември ќе биде остварена соработка и со „Цедевита". На нашите полици се наоѓаат производи на македонските компании „Дием ГП", „Випро", „Бионатура", „Македонија" и „ЏСП Актуел", како и Раденска вода од Словенија. Наскоро ќе ни стигнат и производите на „Аргета" и „Овако" од БиХ. Покрај наведените компании, нашата компанија е во преговори и со многу други, помали, но исклучително атрактивни компании, чиишто производи ќе ги пласираме на целиот пазар на ОАЕ.

На прашањето дали, откако се расчу за „Еуро Балкан Шоп", почнаа да се јавуваат нови компании од овие простори што сакаат да ги пласираат своите производи во ОАЕ и во Дубаи, Марко ни одговори: Нашата компанија секојдневно добива повици за соработка од произведувачи од земјите од регионот. Повиците што ги добиваме и што ќе ги добиваме, ќе бидат анализирани внимателно и искрено се надеваме дека со некои ќе биде воспоставена соработка. Пазарот на ОАЕ бара многу и на него можат да се пласираат само производи со висок квалитет, кои ние и тоа како ги имаме. Би сакале само да истакнеме дека нашата компанија многу прецизно и детално им пристапува на сите работи зашто единствено со таква деловна филозофија може да се успее во дистрибуцијата на нашите производи.
 
Компанијата „Еуро Балкан" во иднина планира постепено да се шири на три полиња:
- Да го шири малопродажниот синџир преку отворање на нови „лајт"-супермаркети, на почеток на територијата на Дубаи и Абу Даби, а потоа и на останатите блискоисточни земји.

- Да развие дистрибуциска, големопродажна мрежа за најквалитетните производи од нашите простори. Имено, намерата им е да ги снабдуваат големите меѓународни синџири на супермаркети, хотели и ресторани со широка палета на производи од нашите простори.

- Да ја развие онлајн-продажбата, што зазема сè поголем замав во развиените земји и во која тие ја гледаат иднината на трговијата.

Како што ни кажа за крај Марко, поради лошото таргетирање на пазарот во светот, за жал, производите од нашите простори, и покрај нивниот квалитет, ретко кога можат да се најдат на полиците ширум светот. Се надеваме дека со нашиот пристап, со текот на времето, ќе го запознаеме и ќе го навикнеме населението на Блискиот Исток на производите од Балканот, заврши тој.



 
 
 
 
back to top