IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Четврток, 19.07.2018 || Добивката на „Плантаже“ изнесува 2,4 милиони евра  |  „Ошан“ воведе гласовен четбот за вино и храна  |  Нова франшизна продавница „Шпар партнер“  |  Специјално пиво по повод средбата Трамп-Путин  |  Доделени првите грантови за домашни компании  |  „Карлсберг“ отвора нова пиварница  |  Кинези ќе градат индустриски парк за овошје и зеленчук  |  Нов ИнфоЛогистички центар во Љубљана  |  „Велпро“ ќе ги поддржува малите трговци  |  Белград стана побогат за уште еден dm  |  Резултатите на „Пепсико“ се подобри од очекуваните  |  Кратошија меѓу најдобрите вина на британскиот пазар   |  „Интермарше“ за постари лица  |  Повисоки трошоци за живот и малопродажни цени во јуни  |  „Бимилк“ подари ново место за спорт и рекреација  |  „Унилевер“ го купи бугарскиот бренд сладоледи Denny  |  „Нилсен“ именуваше нов раководител за Јадранскиот Регион  |  „Макпрогрес“ на „Summer Fancy Food Show“  |  „Перно Рикар“ ќе дистрибуира безалкохолен џин  |  Продажба на алкохолни пијалаци во секое време  |   ||
   

Маалска продавница - претставуваме: „Домаќица“ – приказна од БИХ

13.06.2016
Продавница во тренд

Производите направени по домашни рецептури, без вештачки бои, адитиви или конзерванси, со состојки одгледани без третирање со пестициди, сè повеќе се бараат. Една таква продавница минатата година го здогледа светлото на денот во БИХ.

Приреди: Адис Брдариќ

Кога еднаш во животот ќе одлучите да ја изберете професијата, обично тоа е исполнување на вашиот сон. Или, барем мислите дека го сакате токму тоа – директор, продавач, актер... Сепак, по одредено време, работите и приоритетите се менуваат, а со тоа и професионалниот живот тргнува во друга насока. Добро е кога таа насока е одличен избор, на која ѝ претстои светла иднина...

Младата новинарка Ѓина Ферхатовиќ ја побара својата среќа во трговијата, во малата продавница од 30 квадратни метри, преполна со здрава храна и со производи со проверено потекло. Секојдневно, наслушнувајќи ги потребите на пазарот, таа го дополнува асортиманот и ужива во работата, која сè  уште е во зачеток.
                  
Со оваа работа се занимавам неколку месеци. За мене, тоа е сè уште непознато и ново. Мојата работа сè уште е на почетокот, но, најважно, според мене, е луѓето да ве препознаваат по квалитетот. Со оглед на тоа што станува збор за производи направени по домашни рецептури, без вештачки бои, адитиви или конзерванси, со состојки одгледани без третирање со пестициди, се надевам дека „Домаќица" ќе го пронајде патот, ја почнува Ѓина приказната.

Таа по професија е новинар, но поради дефицит на работа во нејзината струка, решила да почне со целосно нова професија. Од идеја до реализација, сопругот е покрај неа – тој е нејзината поддршка, не само во приватниот живот, туку и на професионално поле. Здравата храна како клуч за доброто здравје, како и зголемениот интерес за производите, направени по домашни рецептури, за Ѓина се главните идеи водилки во трговската професија.

За жал, таа не е во можност да вработи уште некој, но се надева дека поповолните услови ќе доведат и до проширување на работниот колектив, кој засега функционира како фирма со еден вработен.

Според Ѓина, ако теоретски се размислува за начинот на работење, сè изгледа едноставно, но практиката покажува дали работите правилно и каде грешите. Водењето сметка за квалитетот на стоката, за хигиенските услови, како и за начините на однесување со купувачите, се само некои од работите што се исклучително важни.

Задоволниот купувач е најдобар показател за работењето, бидејќи ретко кој двапати ќе купи неквалитетен прехранбен производ и пак ќе се врати, но и ретко кој ќе се врати по квалитетен производ ако не сте љубезни, истакнува таа.

Во оваа продавница, квалитетот е на прво место, но и почитувањето на рокот на испорака. Повратните информации од купувачите се од голема помош. Без оглед на различните вкусови, сепак мислењето на крајниот потрошувач е на највисок пиедестал. Купувачот очекува и новитети, така што особено е важно проширувањето на продажниот асортиман.

Со оглед на тоа што живееме во ера на електронски медиуми, во иднина Ѓина веројатно ќе се обиде со огласување или со нарачки на интернет-страницата, која засега има само промотивна улога. Засега, работата е базирана на принципот класична трговија. Поголемиот дел од доставувачите на „Домаќица" се сетрифицирани органски производители, а тие кои не се, производите ги преработуваат на традиционален начин. Без разлика дали се работи за млеко и млечни производи, за јајца, мед, брашно, зимница, овошје или зеленчук – сето тоа е производ на малите босанскохерцеговски земјоделци или на селските домаќинства.

Никогаш не било лесно да се биде сам свој газда, особено не денес, кога платежната моќ на граѓаните не е на високо ниво. Секој непромислен потег или грешка се наплаќа преку работата. Од друга страна, не мора да чекате дали претпоставениот ќе го забележи вашиот труд. Затоа, секоја работа со себе носи извесни проблеми, а нам ни останува да ги отстрануваме на најдобриот можен начин. Непроценливо е чувството кога доаѓаат купувачите со насмевка, преполни со позитивни идеи и со предлози, кога тие од дома ќе донесат празни тегли, картони за пакување и кеси со зборовите „тебе ова повеќе ти е потребно". Тоа чувство не се купува со пари... Тоа само луѓето можат да ви го подарат, вели Ѓина.

Сопственичката на „Домаќица" верува дека домашното производство има перспектива. Домашното и органското производство се во експанзија. Се чини дека сè повеќе луѓе почнуваат да се занимаваат со земјоделско производство, па макар и за сопствени потреби. Општеството станува сè посвесно за важноста од здравиот начин на исхрана.

Младите ги советувам да веруваат во својата идеја. Сè што се работи и ако во тоа се вложува максимална посветеност и љубов – има позитивни резултати. Пораката е да бидеме добри и љубезни еден кон друг, затоа што насмевката не нè чини ништо, а некому може да му го разубави денот, заклучува Ѓина.



 
 
 
 
back to top