IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Петок, 20.04.2018 || „Млин и пекара Љубаче“ со нова инвестиција  |  Natur Premium пристигнува на македонскиот пазар  |  „Монделез“ вложува 90 милиони евра во „фабрика на иднината“  |  „Рамстор“ го отвори 25.маркет  |  „Хенкел“ отвори нова фабрика Somat во Крушевац  |  „Сан Пелегрино“ со приход од 895 милиони евра  |  „Карфур“ ги отвори првите пунктови испорака за пешаци  |  „Персу“ ги повика локалните производители да соработуваат  |  „Кимберли Кларк“ ќе го проширува капацитетот во Алабама  |  „Витамин“ на саемот во Мостар  |  Владимир Косијер нов генерален директор на „Пивара Скопје“  |  „Амазон“ е во преговори со авио-превозникот „Азул“  |  „Домаќа трговина“ со ново место за пазарење  |  Клучно одобрување на „Бајер“ за „Монсанто“  |  „Витаминка“ го рестартира производството на Брилијант  |  Во Сплит отворен првиот супермаркет „Шпар гурмет“  |  Розовиот Kit Kat пристигнува и во Европа  |  „Млекарнa Целеиа“ забележа пораст од 9%  |  „Ошан“ лансира нов формат во Украина  |  „Мирана“ ја купи „Аронија здрава храна“  |   ||
   

Маалска продавница - претставуваме: „Боива Трејд“

30.11.2012
InStore во разговор со Жарко Цинбировски, сопственик на „Боива Трејд"
 
Со упорност сè се постигнува
 
Посветената и макотрпна работа се главните фактори што ја прават компанијата ликвидна, што ѝ овозможува и покрај големата конкуренција и по пет години успешно да функционира.


Во централното градско подрачје на Скопје, во близина на неколку десетици традиционални продавници, супермаркети и маркети, дел од големи синџири на маркети, веќе петта година по ред успешно опстојува компанијата „Боива Трејд" со една продавница во Карпош 1 од 40 квадратни метри и една во Дебар Маало од 100 квадратни метри. InStore го посети маркетот „Кристи" во Дебар Маало за да поразговара за подемите и падовите на „Боива Трејд" со нејзиниот сопственик Жарко Цинбировски, кој ни откри дека макотрпната работа и постојаната посветеност на компанијата се факторите што му донеле успех за функционирање во време кога глобалната економија доживува длабока криза.

Компанијата „Боива Трејд" е основана во 2007 година, а во текот на нејзиното постоење имала три малопродажни објекти, за денес да функционираат само два. Компанијата брои девет вработени со комплетно регулиран статус, факт на кој е многу горд сопственикот Цинбировски.

Моментално работиме со девет вработени на кои им е комплетно регулиран статусот и исплатени се сите обврски кон државата, со што вработените ги уживаат сите права согласно Законот за работни односи. Кај нас нема човек кој работи, а да не ги користи сите законски бенефиции, во делот на пријавување и плаќање здравствено, пензиско итн. Тоа нè прави успешна фирма, вели Цинбировски.

Кога го прашавме за почетоците, тој се потсети на еден од најтешките периоди во животот. Со трговија сум запознаен одамна. Работев шест години во фирма што се занимаваше со увоз и дистрибуција на прехранбени производи. Тоа беше пример малку подлабоко да се запознаам со тоа што значи трговија со прехрана. Незадоволен од условите за коишто работев се решив да отворам фирма. Почетокот беше тежок... Многу тежок.

Компанијата ја отворил со средства доволни само да ги расчисти законските обврски за отворање фирма. Потоа подигнал кредит од банка, што значително му помогнал на краток рок да ја зајакне компанијата, но подоцна му претставувал главоболка, поради високите камати што ги плаќал. Но, посветената и макотрпна работа му помогнала да ја направи компанијата ликвидна и покрај големата конкуренција и по пет години успешно да функционира.
 
Прочитајте повеќе во печатеното и електронското издание на InStore број 2

 
 
 
 
back to top