IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Среда, 24.01.2018 || „Карлсберг“ мора да плати пазарна цена за уделот во „Хабеко“  |  Норвешкиот амбасадор ја посети фабриката „Књаз Милош“  |  И „Сеинсберис“ ќе крати менаџерски позиции  |  „Карфур“ ја објави визијата за 2022 година  |  „Амазон“ ги објави 20 потенцијални локации за новото седиште  |  „Теско“ затвора 1.700 менаџерски работни места  |  Мрежата на „Профи“ достигна 700 објекти  |  „АЦ фуд“ го купува последниот дел од имотот на „Агрокомерц“  |  „Шпар“ - Словенија ја претстави онлајн-продавницата  |  Отворен е првиот „Амазон гоу“ за потрошувачите  |  Промоција на Fuzetea, бренд достапен и на македонскиот пазар  |  Нов „Алди-М плус“ во Гевгелија  |   „Бивода“ планира извоз во Македонија и во Грција  |  Престижен орден од Финска за Светозар Јаневски  |  „Мигрос“ останува лидер, најголем скок во интернет-каналот  |  „Биедронка“ станува сè посилна  |  „Тривит“ ги презеде постројките на пекарницата „Алимпије“  |  „Плодине“ го отворија 81. продажен центар   |  „Гомекс“ планира отворање на 30 продавници  |  „Бел фуд груп“ го презема „Хугли“  |   ||
   

Маалска продавница - претставуваме: „Барди маркет“

11.03.2013
InStore во разговор со Благоја Бади Апостолов, еден од сопствениците на „Барди маркет"
 
Производ на современите потреби
 
„Барди маркет" е резултат на современите текови. Неговото отворање значеше скратување на пет до шест километри, што граѓаните од село Бардовци мораа да ги поминуваат до првиот поголем супермаркет. Понудата надминува 15.000 производи, меѓу кои и свежи производи од „Форнети", пекарски леб, училиштен прибор, играчки за деца, храна за миленичиња... Активни се и маркетиншки. Издаваат двојазични летоци (македонски и англиски јазик), а имаат и фан-страница на „Фејсбук". Згора на тоа, вршат и бесплатна достава до дома на територијата на село Бардовци.

На само неколку километри од центарот на Скопје, лоциран во едно од најелитните села, Бардовци, се наоѓа супермаркетот „Барди маркет", што е резултат на долгорочна анализа на потребите на граѓаните на ова место. По терк на новите трендови, маркетот доживеал грандиозно отворање на 26.10.2011 година, период кога почнува „нова ера" во Бардовци – период кога веќе нема да треба да возат по пет до шест километри до првиот поголем маркет. Со овие зборови го почнавме разговорот со Благоја Бади Апостолов, еден од сопствениците на „Барди маркет", што е резултат на посветена, напорна и секојдневна работа на целата фамилија.
 
Од идеја до реализација на овој наш фамилијарен потфат ни беа потребни околу три месеци. Еден летен сончев ден седевме со фамилијата и разговаравме околу некои претприемачки зафати, па согласно потребите на местото каде што живееме дојдовме до совршен заклучок – ајде да отвориме маркет, рече Љубомир Обочки (дедо на Бади), кој ќе ги задоволи потребите на луѓето од Бардовци и ќе им го олесни животот, имајќи го предвид фактот дека до пред отворањето на нашиот маркет поминуваа по пет до шест километри за да ги направат своите неделни набавки, ни раскажа Бади.
 
До отворањето на „Барди маркет" во Бардовци имало три-четири маалски продавници што немале капацитет да ги задоволат неделните потреби на граѓаните од селото, ниту, пак, располагале со доволно големо портфолио. Сега веќе таквото време е минато. „Барди маркет" се наоѓа на ул. 4, бб, с. Бардовци. Се простира на површина од над 150 квадратни метри. Маркетот располага со две каси, а во него се вработени 10 луѓе.
 
За вработените Бади ни раскажува дека нема некој што не е задоволен. Кај нас има вработени кои напуштиле работа во поголеми маркети за да работат во „Барди маркет". Тоа доволно говори. Сите вработени кај нас ги уживаат сите работнички права, согласно Законот за работни односи во Република Македонија. Тоа ги прави и нив да бидат лојални кон нас, што резултира со успех во работата, вели Бади.
 
Прочитајте повеќе во печатеното и електронското издание на InStore бр.5



 
 
 
 
back to top