IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Понеделник, 15.10.2018 || „Лакталис“ го купува „Нестле“ во Малезија за 40 милиони долари   |  Трговците избраа ТОП 100 производи  |  Милијардер купи удел во Starbucks  |  Перутнина Птуј“ ќе продава салами во САД   |  „Метро Бугарија“ воведува автентични млечни продукти  |  Сертификати за компаниите што се фер со потрошувачите  |  „Унилевер“ нема да се сели во Холандија   |  Трговците бираат топ 100 производи   |  Битола стана дел од големиот проект „Coca-Cola Активни зони“   |  Производителите на чоколадо се насочуваат кон Исток   |  Трошоците на живот на месечно ниво намалени, на годишно имаат раст   |  Расте добивката на „ПепсиКо“   |  „Нестле“ е заинтересиран да купи бренд за минерална вода  |  Германските трговци продаваат преку интернет   |  Нов „Стокомак“ во Тетово  |  Експресна услуга на нова локација во Струга  |   Увозот на храна расте побрзо од извозот   |  Во септември пад на светските цени на храната   |  „Фуд стар“ ќе извезува пилешко месо во Кина   |  „Цедевита“ доби концесија за вода   |   ||
   

Маалска претставуваме: „Д-Бком“

17.11.2016
Органските производи се нашата конкурентска предност

Додека размислувавме која продавница да биде изборот на InStore за месецов, до нас стигна гласот за добрата услуга на тетовската „Д-Бком". Веднаш ја контактиравме сопственичката Надица Ѓорѓевска ја прифати поканата да биде гостинка во рубриката и да ја раскаже својата трговска приказна.

Разговараше: Данче Драгинова, danche@instore.mk

Продавницата, која се наоѓа на улицата „Маршал Тито", бр. 112 во Тетово,  на истата локација постои од 2001 година. Но, Надица ни откри дека „Д-Бком" има своја „предисторија": Трговијата ни е традиционален семеен бизнис, кој го почна мојот свекор во село Прељубиште. Со сопругот го продолживме бизнисот и по извесно време решивме да одиме на подобро и дојдовме во Тетово. Претходното искуство многу ни помогна – веќе добро ја знаевме работата, знаевме како да го воспоставиме и го задржиме добриот однос со муштериите и како успешно да соработуваме со комерцијалистите.

Во текот на неделата, во дуќанот работат двајца вработени, но во саботите, тимот е засилен и вклучени се сите од семејството. Асортиманот на продавницата од 70 квадратни метри го сочинуваат повеќе од 1.890 артикли што ги задоволуваат секојдневните потреби на потрошувачите: леб, брашно, зејтин, јајца, млеко и млечни производи, а располага и со избор од овошје и од зеленчук, кондиторски производи, безалкохолни и алкохолни пијалаци, цигари... Надица ни откри дека најмногу се трошат токму секојдневните производи, но постои голем интерес и за т.н. луксузни.

Значаен дел од асортиманот сочинуваат и органските производи, на кои сме особено горди, бидејќи ги одгледува лично мојот сопруг. Во тоа се состои и нашата конкурентска предност, истакна таа.

За избор на понудата, од особена важност е добрата и навремена информираност, па затоа семејството Ѓорѓевски ги следи рекламите и новините на пазарот. Производот што се рекламира – вреди да се има во дуќанот. Но, сепак, клучните елементи за избор на асортиманот се познавањето и приспособувањето кон побарувачката на околината, односно, најчесто го избираме тоа што ќе го побараат купувачите.

Иако во околината на продавницата присутни се речиси сите најголеми маркети во Тетово, како што се „Веро", „Кам", „Кипер" и „Даути",  „Д-Бком" храбро се држи: Со конкуренцијата се бориме со пониски цени, колку што можеме, како и со збогатување на асортиманот, а нашето најсилно оружје се насмеаните лица и секогаш доброто расположение, вели Надица.

Луѓето кои пазарат во оваа продавница, најчесто се тие од соседството, но голем е бројот и на случајните минувачи, како и на луѓето од другите градови кои зиме одат кон Попова Шапка.

Со потрошувачите имаме супер односи – другарски и коректни. Штом сме се одлучиле за оваа работа, едноставно, љубезноста, насмевката и непосредноста стануваат дел од нас, вели Надица и додава дека секојдневието на трговците е исполнето со безброј случки, пријатни и непријатни, кои ја прават работата поинтересна.

За односот со комерцијалистите, таа вели дека се темели на одлична соработка: Некогаш знаеме со нив и да се пошегуваме и да се напиеме кафе, но кога станува збор за работата и за меѓусебната доверба, тогаш сме сериозни. Неизмерно ја цениме нивната помош при набавката на производите.

Сопственичката е полна со идеи за идниот развој на продавницата: Со доволно финансиски средства, најпрвин би го збогатила асортиманот со сувомесни и со производи од органско потекло... Засега имаме една продавница, имаме планови за ширење, но здравје, времето ќе покаже.

На прашањето кои се предностите, а кои недостатоците на продавниците од другите градови во Македонија во однос на тие во Скопје, нашата соговорничка ни одговори: Секој град има свои потрошувачи. Нормално е дека во поголемите градови има повеќе раздвиженост, но мислам дека во однос на квалитетот на асортиманот, не заостануваме зад скопските продавници, затоа што секој артикл е ист за секој град.

На крајот од нашиот разговор, Надица им порача на колегите од малопродажбата да не го напуштаат овој бизнис: Секоја работа си има своја тежина. Мора да се бориме да продолжиме и да не се откажуваме. Малите продавници имаат иднина затоа што тоа се маалски продавници, единствено треба да се работи како што треба – професионално.



 
 
 
 
back to top