IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Среда, 18.07.2018 || Добивката на „Плантаже“ изнесува 2,4 милиони евра  |  „Ошан“ воведе гласовен четбот за вино и храна  |  Нова франшизна продавница „Шпар партнер“  |  Специјално пиво по повод средбата Трамп-Путин  |  Доделени првите грантови за домашни компании  |  „Карлсберг“ отвора нова пиварница  |  Кинези ќе градат индустриски парк за овошје и зеленчук  |  Нов ИнфоЛогистички центар во Љубљана  |  „Велпро“ ќе ги поддржува малите трговци  |  Белград стана побогат за уште еден dm  |  Резултатите на „Пепсико“ се подобри од очекуваните  |  Кратошија меѓу најдобрите вина на британскиот пазар   |  „Интермарше“ за постари лица  |  Повисоки трошоци за живот и малопродажни цени во јуни  |  „Бимилк“ подари ново место за спорт и рекреација  |  „Унилевер“ го купи бугарскиот бренд сладоледи Denny  |  „Нилсен“ именуваше нов раководител за Јадранскиот Регион  |  „Макпрогрес“ на „Summer Fancy Food Show“  |  „Перно Рикар“ ќе дистрибуира безалкохолен џин  |  Продажба на алкохолни пијалаци во секое време  |   ||
   

Лоран Сориел: Зголемување на категоријата козметика

14.08.2013
Лоран Сориел, генерален директор на дивизијата стока за широка потрошувачка, „Лореал" – Адриа
 
Зголемување на категоријата козметика 
 
Во нашиот регион користењето на козметичките производи по жител сè уште е под просекот во споредба со Западна Европа и тука го гледаме големиот потенцијал. Нашиот главен предизвик е придобивање на нови потрошувачи во согласност со глобалните амбиции за придобивање на милијарда нови потрошувачи во наредните десет години, изјави господин Лоран Сориел за магазинот InStore.
 
 
На чело на дивизијата за стока за широка потрошувачка на „Лореал" за јадранскиот регион (Словенија, Хрватска, БиХ, Македонија, Косово и Црна Гора) веќе две години се наоѓа Лоран Сориел. Речиси дваесетгодишната кариера Сориел ја почнува во Франција во „Лореал" во истата дивизија, каде што од продукт-менаџер во маркетинг, менаџер за клучните купувачи во продажбата, комерцијален директор во зоната за Источна и Централна Европа и комерцијален директор на дивизијата во Русија, напредува до генерален директор на дивизијата стока за широка потрошувачка за јадранскиот регион. Неговата мисија е стимулирање на малку депресивната ситуација на пазарот со генерирање на нови категории производи и нивен понатамошен развој и нудење дополнителна вредност на постоечките категории.

Мислите ли дека влегувањето на Хрватска во ЕУ ќе се одрази на работењето на „Лореал" во јадранскиот регион?
 
Повеќето наши производи се произведени во ЕУ и веќе одамна ги задоволуваат постоечките законски прописи и со тоа сме навикнати на работата на околината на ЕУ. Влезот на Хрватска во ЕУ нема да има влијание на нашето работење, а она што очекуваме се административни поедноставувања при увозот на нашите производи.
 
Какво е влијанието на обединувањето на трговските синџири во јадранскиот регион на работењето на „Лореал"?
 
Трендот на обединување на трговските синџири веќе се случи во многу земји во светот, така што ние, како водечка светска козметичка компанија, го познаваме начинот на работење со големите партнери. Во овој регион гледаме други можности за соработка со поголеми, но бројно помали трговски синџири и примена на добрите бизнис-искуства што досега на глобално ниво сме ги имале со најголемите трговски синџири.
 
Можете да ни кажете во колку работни подрачја работи „Лореал"?
 
Ако зборуваме за позициите на групацијата „Лореал", постојат пет работни подрачја во кои дејствуваме: дивизија на стока за широка потрошувачка, дивизија на производи за професионална употреба, дивизија на активна козметика, дивизија на луксузни производи и Body Shop. Доколку зборуваме за дивизијата стока за широка потрошувачка, тогаш тоа се подрачјата за нега на кожата на лицето, нега на косата, шминка, боја за коса и дезодоранси. Останатите производи припаѓаат на подрачјето нега на телото, заштита од сонцето итн.
 
„Лореал" – Адриа опфаќа неколку земји (Словенија, Хрватска, БиХ, Македонија, Косово, Црна Гора). Во што се гледаат сличностите, а во што разликите во овие пазари?
 
Голема е можноста и задоволството истовремено да се работи во земји што се толку различни, а сепак толку слични. Во согласност со нашата глобална стратегија за универзализација, без престан ги пронаоѓаме најдобрите решенија за секој од пазарите во јадранскиот регион и тоа досега одлично ни успеваше. При лансирањето на многу напредни иновации согледавме дека успехот не зависи од зрелоста или развиеноста на поединечните земји. Одличен неодамнешен пример е линијата за коса на Garnier, Ultra Doux на база на лаванда и роза, што е голем успех во целиот регион, без оглед на посебноста на земјата.
 
Во кои категории најмногу се чувствува притисокот на приватните трговски марки?
 
Од искуство знаеме дека потрошувачите очекуваат најдобар квалитет за своите пари. На пример, во производите за нега на кожата на лицето или кај боите за коса, каде што единствените иновации и сигурноста на производите е клучна одлука, влијанието на приватните трговски марки е мало. Во категоријата на производи каде што не сме во можност да понудиме ново, поинакво и подобро, влијанието е поголемо. За среќа, нашите високи вложувања во истражувањата и развојот на производите и креативноста на нашите маркетинг-тимови даваат сигурност во идното работење.
 
Колку важност ѝ давате на комуникацијата со потрошувачите и кој начин на комуникација сметате дека е најиновативен?
 
Ефикасната комуникација со потрошувачите почнува со разбирањето на потрошувачите и нивните потреби. Како што денес бргу се менуваат навиките на потрошувачите, секојдневната опсесија на нашиот локален маркетинг-тим е пронаоѓање на оптимален начин за комуницирање со вистинскиот производ на вистински начин. Тоа значи дека зависиме од производот и за целната група користиме различни комуникациски канали: ТВ, ПОС, дигитални медиуми, ПР, лични сведоштва итн.

Прочитајте повеќе во електронското и печатеното издание на InStore бр.9

 
 
 
 
back to top