IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Среда, 18.07.2018 || Добивката на „Плантаже“ изнесува 2,4 милиони евра  |  „Ошан“ воведе гласовен четбот за вино и храна  |  Нова франшизна продавница „Шпар партнер“  |  Специјално пиво по повод средбата Трамп-Путин  |  Доделени првите грантови за домашни компании  |  „Карлсберг“ отвора нова пиварница  |  Кинези ќе градат индустриски парк за овошје и зеленчук  |  Нов ИнфоЛогистички центар во Љубљана  |  „Велпро“ ќе ги поддржува малите трговци  |  Белград стана побогат за уште еден dm  |  Резултатите на „Пепсико“ се подобри од очекуваните  |  Кратошија меѓу најдобрите вина на британскиот пазар   |  „Интермарше“ за постари лица  |  Повисоки трошоци за живот и малопродажни цени во јуни  |  „Бимилк“ подари ново место за спорт и рекреација  |  „Унилевер“ го купи бугарскиот бренд сладоледи Denny  |  „Нилсен“ именуваше нов раководител за Јадранскиот Регион  |  „Макпрогрес“ на „Summer Fancy Food Show“  |  „Перно Рикар“ ќе дистрибуира безалкохолен џин  |  Продажба на алкохолни пијалаци во секое време  |   ||
   

Љупчо Павловски: Купувачот во центарот на вниманието

16.08.2013
Љупчо Павловски, генерален директор на АД „Бадел 1862", Скопје
 
Купувачот во центарот на вниманието
 
Традицијата во некоја мера претставува гаранција за квалитет, сигурност, континуитет, но ни одблиску не е доволна, доколку не се следат и не се имплементираат модерните текови на производството, пакувањето, дизајнирањето, изборот на најквалитетни суровини, иновативниот маркетиншки настап, континуираното водење грижа за купувачите и излегувањето во пресрет на нивните потреби.

Очигледно е дека патувањето на „Бадел 1862", повеќе од 150 години, беше исполнето со бројни турбулентни економски и политички случувања што ги зафати поранешните југословенски држави. Сепак, компанијата остана достојна на очекувањата на потрошувачите.

„Бадел 1862" Скопје, во Мжакедонија, во своето постоење од повеќе од 20 години стана лидер во увозот на алкохолни пијалаци со учество во увозот од 56 отсто и удел во продажбата на алкохолни пијалаци од околу 30%. Со Љупчо Павловски, генералниот директор на компанијата, зборувавме за развојот на компанијата и опстојувањето на македонскиот пазар, при што ни откри дел од тајните рецепти за управување со успешна компанија што може да се пофали со резултатите во повеќе аспекти од своето работење.
 
Во името на компанијата „Бадел 1862" е нагласена долгогодишната традиција на постоење на компанијата. Дали беше тешко, во текот на повеќе од 150 години постоење, да се задржи квалитетот и традицијата на производите на пазарите во поранешните југословенски држави и во Македонија? Што е потребно за една компанија да опстои на пазарот?
 
Секако дека не беше лесно во текот на повеќе од 150 години постоење на „Бадел 1862" ДД Загреб да се задржи квалитетот и традицијата на производите на пазарите во поранешните југословенски држави и во Македонија. Неопходно е постојано следење на светските трендови во консумација на алкохолните пијалаци, континуирано техничко-технолошко иновирање на процесите на производството, постојано едуцирање на раководните и оперативните тимови, континуирано маркетиншко вложување, континуирано вложување во пазарот, во крајните купувачи итн. Беше потребно и премостување на настанатите проблеми со распадот на Југославија и со трансформација на тогашните регионални претставништва во претпријатија.

Дали традицијата сама по себе е гаранција за квалитет или компанијата треба да ги следи модерните текови и да ги развива своите производи во согласност со нив?

 
Традицијата, во некоја мера, претставува гаранција за квалитет, сигурност, континуитет, но ни одблиску не е доволна, доколку не се следат и не се имплементираат модерните текови на производството, пакувањето, дизајнирањето, изборот на најквалитетни сировини, иновативниот маркетиншки настап, континуираното водење грижа за купувачите и излегување во пресрет на нивните потреби.

Во прашање се и различни политички и економски текови што компаниите треба да ги следат за да опстојат. Во кој период на постоењето на компанијата „Бадел 1862" во Македонија имаше најголем пад, а во кој период го доживеа својот најголем подем?
 
Најголеми тешкотии во работењето имавме во почетокот на деведесеттите години, кога се трансформиравме од претставништво во претпријатие, поради распадот на Југославија, а имаше и проблеми во платниот промет меѓу поранешните републики. Имавме сериозни проблеми во транспортот на производите поради војната што се водеше, па транспортот се одвиваше по морски пат (Риека-Драч-Скопје), како и со помош на железничкиот транспорт, преку Унгарија, Романија, Грција, што секако беше нерентабилен и скап превоз. Се соочивме со прекинати комуникациски врски со матичното претпријатие во Загреб, со трансформација од општествена во приватна сопственост, со распадот и стечајот на големите трговски претпријатија како „Славија", „Центро", „Охридска трговија" и многу други.
 
Вториот период на големи тешкотии во работењето претставуваше периодот од 1998 до 2003 година, кога имаше голем шверц на алкохолни пијалаци, особено од Косово, Албанија и Бугарија. Големото производство на фалсификати имаше значително негативно влијание во нашето работење. Од 2004 година постапно се стабилизираше пазарот, континуирано се намалуваше сивата трговија, така што од 2005 година, па наваму имаме континуиран умерен пораст на продажбата на нашите производи на македонскиот пазар.

И денес се случуваат многу промени како на македонскиот пазар, така и во регионот. Во Македонија е актуелна новината за зголемувањето на акцизите на алкохолните пијалаци. Дали ова може да влијае врз зголемувањето на цените?
 
Да, затоа што акцизата во значителна мера учествува во структурата на продажните цени на алкохолните пијалаци, особено кај производите со пониски набавни цени. Веќе ги зголемивме нашите продажни цени во просек по 20 денари по литар или, изразено во проценти, од 3,5 до 6,7 по литар.
 
Прочитајте повеќе во електронското и печатеното издание на InStore бр.9



 
 
 
 
back to top