IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Вторник, 16.10.2018 || Тридневна дружба на вработените на „Макпрогрес“  |  „Лакталис“ го купува „Нестле“ во Малезија за 40 милиони долари   |  Трговците избраа ТОП 100 производи  |  Милијардер купи удел во Starbucks  |  Перутнина Птуј“ ќе продава салами во САД   |  „Метро Бугарија“ воведува автентични млечни продукти  |  Сертификати за компаниите што се фер со потрошувачите  |  „Унилевер“ нема да се сели во Холандија   |  Трговците бираат топ 100 производи   |  Битола стана дел од големиот проект „Coca-Cola Активни зони“   |  Производителите на чоколадо се насочуваат кон Исток   |  Трошоците на живот на месечно ниво намалени, на годишно имаат раст   |  Расте добивката на „ПепсиКо“   |  „Нестле“ е заинтересиран да купи бренд за минерална вода  |  Германските трговци продаваат преку интернет   |  Нов „Стокомак“ во Тетово  |  Експресна услуга на нова локација во Струга  |   Увозот на храна расте побрзо од извозот   |  Во септември пад на светските цени на храната   |  „Фуд стар“ ќе извезува пилешко месо во Кина   |   ||
   

Лазар Ѓуров: И... на теренот се случува тим

17.03.2016
Во бизнис-светот во регионот постои едно нецелосно разбирање на сложеноста на тимската работа. Владее убедувањето дека ако ги ставиш луѓето во една коцка од организациската шема, ако ги распоредиш во една организациска целина и ги наречеш тим, тие од утре ќе функционираат како тим.

Автор: доцент д-р Лазар Ѓуров, универзитетски професор, обучувач и консултант

Да беше така лесно, немаше да има потреба од цели предмети и науки за проучување на тие сложени внатрешни интерактивни процеси во рамките на групите и на компаниите. Едноставно, кога ќе собереме повеќе луѓе заедно, тие на почетокот се само група. А, група е многу далеку од тим. Раководителот (читај менаџерот и лидерот) од таа група луѓе, кои се заедно, имаат заедничка цел и се во меѓусебна зависност, треба да направи тим.

Разликата меѓу група и тим

Група се луѓе што не функционираат синхронизирано, додека тим се луѓе што фунционираат. Најдобро е да објасниме преку пример. Се собрале млади да играат баскет на маалски кош. Сите играат солидно како индивидуи, но првпат се во оваа комбинација. И прават групи (намерно не користам термин тимови) за да одиграат. Што имаме на терен? Двете групи имаат:

1.Заедничка цел – да дадат повеќе кошеви од другата група, да постигнат резултат 21 и да победат;

2.Меѓусебно се зависни – за да победат, сите мораат да додаваат, да трчаат, да играат цврсто и динамично во одбрана. Ако еден не игра посветено во одбрана, ќе примаат кошеви и ќе го изгубат натпреварот.

Тука ќе запреме за миг и ќе го извлечеме првиот одоговор на поставеното прашање: Како да направиме да има тимска работа?

1.Поставете заедничка цел! На пример, ако сакате да формирате продажен тим, поставете тимски таргет. Не мерете го резултатот само преку индивидуалната продажба.

2.Организирајте ја работата на начин, на кој, ќе постои меѓусебна зависност. Во тимот сите нека бидат зависни – еден собира нарачки, друг дистрибуира, тројца продаваат на терен. На тој начин ќе ја поттикнете групната динамика.

Да се вратиме на кошаркарите. Тие се заедно, сакаат да победат, играта на секоја индивидуа се одразува на заедничкиот резултат – може да кажеме дека имаме група.
Но, зошто не велиме дека имаме тим? Затоа што, кога ќе ја набљудуваме нивната игра ќе сфатиме дека тие се само група и се далеку од тим. Како ќе го забележиме тоа? Тие не се уиграни, прават грешки при додавањата, сè уште не си ги знаат најсилните, односно најслабите страни, немаат комбинации што лесно ги проигруваат, немаат „заеднички јазик", односно знаци со кои се разбираат. Тие играат, но повеќе како индивидуалци, отколку како тим.

За да направиме споредба, ја развиваме приказната... Нова група на кошот се тројца момци, кои играат баскет заедно речиси пет години. Новата тројка влегува за да се натпреварува со претходните победници. И... на теренот се случува тим! Момците како идивидуи не се физички посилни од другите, не се изразито попрецизни и немаат посилна техника, но прават парче со кошеви. Како? Така што тие се добро синхронизирани, точно знаат кој за што е добар, знаат како да се постават, со знаци со рацете ја разбираат комбинацијата што ќе се игра. На теренот може да завладее еден ефект, кој може да го постигне само добар тим. Тоа е ефектот синергија!

Кога тимот станува едно, кога луѓето од тимот „си ги читаат мислите", се дополнуваат, кога се случува синхронизација, која преку проста математичка формула се опишува еден плус еден плус еден еднакво на пет, или на 15 или на 150. Резултатот што вистински синхронизираниот тим може да го постигне не е прост збир од можностите на индивидуите кои се дел од тимот, туку драстично повеќе.

Како од група до тим?
Веќе ни е јасно што е тим. Сега, главното прашање е како таа првично несинхронизирана група да стане добар тим. Главната улога треба да ја одигра тој што го води тимот – тимскиот лидер е клучната фигура! Кога зборуваме за тимски играч, зборуваме за ниво на свест, начин на однесување и за подготвеност за соработка. Ова е сложен вид однесување. Тимскиот играч е човекот, кој во торба има чолокадо, за кое никој од тимот не знае. Наместо да почека да си отидат сите и сам да го изеде, тој ќе го извади и ќе го подели со другите. Тоа е ниво на свест за соработка и на делење со другите, кое се создава преку воспитување, а можат да го направат родителите во детството, учителите на училиште или шефот на работа.

Со оглед на тоа што првите две фази поминале, останува шефот да ги „превоспита" тие што навреме не научиле да бидат тимски играчи. Како? Преку креирање внатрешен групен процес и негово правилно водење. Неколку инстант насоки:
  • Обраќајте се кон тимот како на целина, со зборовите: нашиот тим, ние, заедно и сл.;
  • Мерете го тимскиот перформанс, зборувајте за тимот како за посебна индивидуа, за засебен организам;
  • Истакнувајте ги одличните поединци и примерите како треба;Дајте му име на тимот, односно подобро е тој самиот да избере; 
  • Тоа ќе помогне за создавање тимски индентитет, кој понатаму ќе помогне за следните клучни случувања.
Најважно за развојот на една група во тим е да следите што се случува зад сцената. Следете дали се создава фрустрација и нервоза од нечие нетимско однесување. Следете дали нечие однесување, кое е очигледно себично и нефер, го фрустрира мнозинството од групата.
Доаѓаме до главното – групна динамика, од група во тим!

Според науката, развојот на групата во тим се дели во пет фази.

Фаза 1: Формирање
Фаза кога сите се однесуваат љубезно и се запознаваат. Тука владее претпазливоста. Многу работи може да пречат, но никој не зборува за тоа. Во оваа фаза се премолчуваат конфликтите и се испитува ситуацијата.

Фаза 2: Конфронтирање
Кога ќе помине доволно време, групата може да влезе во втората фаза. Во моментот кога ќе се почувствуваат доволно сигурни во групата, некои луѓе ќе почнат да се спротиставуваат на неконструктивното однесување.

Влегувањето во фазата конфронтирање, не се случува само по себе. Особено со нашата балканска филозофија Ќути да не нè слушаат комшиите, одредена група може да остане во формирање цел работен век (им пречи нечие однесување или начин на работа, но цело време молчат или зборуваат зад грб).

Ако се случи конфронтирање во групата, ќе се случат и расправии, но оваа фаза е клучна за развој на групата во тим. Лидерот мора добро да го управува т.е. менаџира конфликтот, да го реши, а не да предизвика деструктивност и да се сведе на лична расправија, да се подели групата во подгрупи и сл. Вештините за менаџирање на конфлитки на лидерот тука се клучни. Всушност, во оваа фаза неговото лидерство е на тест.

Дали лидерот може да ја задржи присебноста и објективноста, да ги одржи реалициите со двете страни и вистинската вистина да излезе на виделина? Да им помогне на сите да ја видат и во име на повисоката цел да влијае да ја прифатат и да влезат во процес на самоосвестување и самоменување.

Затоа, секој може да биде менаџер, но не и лидер. Менаџерот ќе ги стави луѓето во организациската коцка, а лидерот ќе направи коцката да биде максимално функционална. Лидерот има способност да влијае на луѓето, доброволно да го направат тоа што, инаку, не би го направиле. Тоа ќе ги направи подобри, посилни и поуспешни, иако во моментот тие не го гледаат и не го препознаваат тоа.

Фаза 3: Нормализирање
Ако успееме во конструктивното решавање на конфликите, следува фазата на нормализирање или нормирање. За да не се случуваат истите грешки, групата одлучува по кои правила ќе функционира. И овој процес треба правилно да се управува. Од аспект на бизнисот, компанијата може да наметне правила, но важно е тие да бидат правилно објаснети.

Фаза 4: Извршување
По нормализирањето, групата влегува во фазата извршување, во која имаме синхонизирано работење и кога може да се достигне ефектот синергија. 

Фаза 5: Завршување
За искуството на една група да биде позитивно, важно е нејзиното завршување да биде правилно направено, со можност емоционално, интелектуално и искуствено да се затвори групата.

На оваа тема има уште многу да се зборува: за групни улоги, замки во кои може да влезе групата при поминување од фаза во фаза, за процесот на решавање конфликти, за динамиката на минување низ фазите, како најдобро се создаваат тимовите...

Тимската работа не е лесна, како што лесно се зборува за тоа. Секој што се зафатил да раководи со група луѓе, мора да го знае тоа. Само ако некој е свесен за комплексноста, ќе се посвети на развојот и ќе се обиде да ги развие лидерските вештини, со кои ќе успее од групата да направи тим. Најитересно е тоа што учењето на успешно водење тимови е како „бунар без дно".

Секој тим е посебна комбинација на луѓе, во посебен работен контекст и во посебен временски миг.

Кога лидерите ќе го сфатат тоа, ќе согледаат дека имаат одлична можност за работа на сите и за личен развој. Можност да стекнат вештини со кои ќе креираат тимови што ќе постигнуваат кошеви, ќе постигнуваат победи и ќе го споделуваат задоволството од заедничкото работење!



 
 
 
 
back to top