IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Среда, 25.04.2018 || Domaine Lepovo Grand Cuvée светски шампион  |  Повторна продажба на имотот на компанијата „Малина“  |  „Хајнекен“ оствари солиден количински пораст  |  „Агрокор“ продолжува непречено да работи од 15 јули?  |  „П & Г“ презеде дел од портфолиото на „Мерк“ за 3,4 милијарди евра  |  „Гринјард“ бара снабдувачи во Македонија  |  „Сите сити“ - нов систем за донирање вишок храна  |  Медицинска опрема од „Жито лукс“ за четири болници  |  Во „Веро“ - Тафталиџе бесплатен паркинг 30 минути  |  „Млин и пекара Љубаче“ со нова инвестиција  |  Natur Premium пристигнува на македонскиот пазар  |  „Монделез“ вложува 90 милиони евра во „фабрика на иднината“  |  „Рамстор“ го отвори 25.маркет  |  „Хенкел“ отвори нова фабрика Somat во Крушевац  |  „Сан Пелегрино“ со приход од 895 милиони евра  |  „Карфур“ ги отвори првите пунктови испорака за пешаци  |  „Персу“ ги повика локалните производители да соработуваат  |  „Кимберли Кларк“ ќе го проширува капацитетот во Алабама  |  „Витамин“ на саемот во Мостар  |  Владимир Косијер нов генерален директор на „Пивара Скопје“  |   ||
   

Кристина Тодоровиќ-Николиќ: Ширењето на малопродажната мрежа е цел за 2013 година

11.03.2013
Кристина Тодоровиќ-Николиќ, генерален извршен директор на „Тинекс"
 
Ширењето на малопродажната мрежа е цел за 2013 година
 
Правиме анализи за нови формати и веројатно ќе се случи нов формат. Постоечките формати се успешни, а оваа година ќе поработиме на неколку клучни сегменти, како свежото месо, свежото овошје и зеленчук, леб и печива. Со подобрување на квалитетот и услугата во овие три сегменти ќе дојде до подобра перцепција за имиџот и квалитетот на целата компанија.


Со отворањето на првиот „Тинекс" во 1994 година почнува успешната приказна на овој македонскиот синџир на маркети. Со текот на годините беа поставени високи стандарди во многу области, од уредувањето на политиката на цените, услугата до уредувањето на амбиентот во маркетите.
 
За ова, како и за многу други нешта, разговаравме со генералниот извршен директор Кристина Тодоровиќ-Николиќ. Според неа, „Тинекс годината ја заврши со мал пораст на прометот и минимален пад на добивката, но затоа, 2013-та очекува да биде многу поуспешна.
 
Од друга страна, вистинска гордост претставуваат инвестициите во општествено одговорни активности каде што се инвестирани 17.500.000 денари
.
На македонскиот пазар „Тинекс" постои речиси две децении. Дали во времето кога почнувавте со работа, во деведесеттите години, можевте да претпоставите дека „Тинекс" ќе се развие во она што е денес?

Првиот „Тинекс" беше отворен во 1994 година, тогаш имав 14 години и на тој период се сеќавам како на период исполнет со возбуда, еуфорија, неизвесност и многу работа. Тогаш сè уште бев мала за да заземам учество во подготовките околу маркетите, но бев секојдневно присутна и помагав онолку колку што можев, па макар тоа значело и изнесување на ѓубрето. Ниту тогаш, ниту подоцна, кога се отворија вториот, третиот објект сè уште не можев да ја видам иднината, каде води сето тоа, бев дете. Но, полека, како се развивав и растев, растеше и „Тинекс", па сè појасно можев да ја разберам стратегијата на компанијата и за тоа како и во кој правец се движи и која е целта. Во „Тинекс" сум ангажирана веќе 11 години и сум дел од креирањето на стратегијата за работа. Како дел од менаџерскиот тим, а во последните неколку години и на врвот на компанијата, веќе не претпоставувам каде ќе се движи „Тинекс", туку го планирам нејзиниот развој и работам на неговата реализација.

На листата на најголеми и најуспешни фирми во Македонија за 2011 година, „Тинекс" се наоѓа на 15-то место во листата на најуспешните, а според сопственоста е меѓу првите 50 македонски фирми со домашен капитал. Како млад човек на чело на „Тинекс", дали во вас се борат предизвикот, притисокот и одговорноста?

Кога почнав да работам во „Тинекс" се соочив со многу предизвици, предрасуди, па и тешкотии затоа што сум ќерка на сопствениците. Пред сè, бев многу млада, имав 21 година, немав искуство, но имав огромна желба за успех. Главен предизвик ми беше да ја добијам довербата на татко ми, што воедно ми беше и најважно. Веројатно, тие што не работеле за своите родители не знаат дека е многу потешко да се докажете пред родителот, отколку пред кој било друг. Особено ако родителот има многу високи, перфекционистички очекувања, што реално се недостижни. Ете, таков е и мојот татко, но од друга страна, да не беше таков, веројатно јас немаше да ја имам огромната амбиција што ја поседувам и која е клучна за успех. Моите родители ме научија да бидам амбициозна, самостојна, борбена, правична и да чекорам во животот без страв. Перфекционизмот го наследив од двајцата и сите овие карактеристики ми обезбедија да бидам успешна во она што го правам.

Дали сте задоволни од финансиското работење на вашите маркети во 2012 година во споредба со 2011 година? Колкав е процентот на пораст на компанијата? Какви се очекувањата во поглед на финансиското работење на „Тинекс" за 2013 година?

Годината ја завршивме со мал пораст на прометот и минимален пад на добивката. Но, не сум задоволна од резултатите, мислам дека можевме да имаме подобри резултати. Како тим веројатно потфрливме, ни недостасуваше организација, контрола и реализација на некои клучни проекти. Затоа, 2013-та очекувам да биде многу поуспешна и да го направиме сето она што не успеавме минатата година. Веќе активно работиме на некои проекти, го менуваме она што увидовме дека не функционира, реорганизираме некои делови и верувам дека ќе имаме многу добри резултати.

Дали планирате понатамошно ширење на малопродажната мрежа низ земјава? Дали тоа ќе бидат формати што веќе постојат или планирате отворање и на друг вид формати?

Ширењето на малопродажната мрежа е една од целите за 2013 година. Правиме анализи за нови формати, веројатно ќе се случи и нов формат, но и постоечките формати се успешни, а ние оваа година ќе поработиме на неколку клучни сегменти, како свежото месо, свежото овошје и зеленчук, леб и печива. Со подобрување на квалитетот и услугата во овие три сегменти ќе дојде до подобра перцепција за имиџот и квалитетот на целата компанија.

Планирате ли проширување на работата на „Тинекс" и надвор од Македонија?

Проширување на компанијата надвор од Македонија не е во план.

Дали сметате дека иднината на малопродажбата е во е-продавниците?

Е-продавниците ги има сè повеќе и тоа во секоја област, но традиционалната продавница никогаш не може да биде заменета со виртуелната. Купувањето би требало да биде пријатно искуство, честопати и можност за дружење на семејството. Кога влегувате во голем маркет, пред вас има илјадници производи што можете да ги земете в рака, да ги разгледате, да ги помирисате, да ги споредите со други производи, да одберете. Во секое време можете да прашате некој од персоналот да ви помогне доколку имате проблем, веројатно ќе се сретнете со некој пријател, па и ќе размените две-три реченици. Ова го нема во е-продавниците.
 
Прочитајте повеќе во печатеното и електронското издание на InStore бр.5


 
 
 
 
back to top