IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Понеделник, 15.10.2018 || „Лакталис“ го купува „Нестле“ во Малезија за 40 милиони долари   |  Трговците избраа ТОП 100 производи  |  Милијардер купи удел во Starbucks  |  Перутнина Птуј“ ќе продава салами во САД   |  „Метро Бугарија“ воведува автентични млечни продукти  |  Сертификати за компаниите што се фер со потрошувачите  |  „Унилевер“ нема да се сели во Холандија   |  Трговците бираат топ 100 производи   |  Битола стана дел од големиот проект „Coca-Cola Активни зони“   |  Производителите на чоколадо се насочуваат кон Исток   |  Трошоците на живот на месечно ниво намалени, на годишно имаат раст   |  Расте добивката на „ПепсиКо“   |  „Нестле“ е заинтересиран да купи бренд за минерална вода  |  Германските трговци продаваат преку интернет   |  Нов „Стокомак“ во Тетово  |  Експресна услуга на нова локација во Струга  |   Увозот на храна расте побрзо од извозот   |  Во септември пад на светските цени на храната   |  „Фуд стар“ ќе извезува пилешко месо во Кина   |  „Цедевита“ доби концесија за вода   |   ||
   

Кристијан Шарита: „Карфур“ ги донесе модерната трговија и ниските цени во Македонија

29.11.2012
Локално интервју со Кристијан Шарита, извршен директор на ЦМБ Бугарија
 
Разговараше: Боро Мирчески, boro@instore.mk

Отворањето на најмодерниот трговски центар на Балканот – „Скопје Сити Мол", предизвика вистинска револуција на македонскиот пазар. Со отворањето на центарот во Македонија пристигнаа десетици моќни светски брендови што досега не беа дел од конкуренцијата на постоечките компании, по што се разбранува целата бизнис-елита. Таков е случајот и со отворањето на првиот хипермаркет „Карфур" од страна на бугарската групација „Маринополус", што ја има франшизата на „Карфур" за Балканот. За редиците од луѓе за влез во хипермаркетот „Карфур" во „Скопје Сити Мол", продажбата, маркетингот, идните планови и справувањето со конкуренцијата разговаравме со Кристијан Шарита, извршниот директор на ЦМБ Бугарија, кој истакна дека главна цел на „Карфур" е задоволување на клиентите преку понуда на најдоброто за нив!
 
Дали сте задоволни од отворањето на хипер маркетот „Карфур" во „Скопје Сити Мол"?

Премногу сме задоволни од отворањето на нашиот прв хипермаркет „Карфур" во Република Македонија во модерниот „Скопје Сити Мол"! Излезе дека овој чекор е вистински успех што дури и ги надмина нашите очекувања. Многу сме среќни и горди сме што сведочиме на енормниот интерес на македонските потрошувачи за брендот „Карфур", концептот и понудата. Сето ова нe охрабрува да преземеме понатамошни акции – ќе продолжиме да ги изненадуваме и да ги почестуваме нашите потрошувачи секој ден со голем асортиман, компетитивни цени и агресивни промоции.

Во „Скопје Сити Мол" сe уште има голем број луѓе кои чекаат во редици да влезат во вашиот хипермаркет во секој дел од денот. Како реагирате на оваа појава?

Сето ова уште еднаш докажува дека македонските потрошувачи биле желни и подготвени да посакаат добредојде на модерната трговија и ниските цени што кај вас пристигна со брендот „Карфур".

Тоа е доказ и за големиот успех на „Скопје Сити Мол", што успеа да привлече бројни големи светски брендови. Тој веќе стана дестинација на многумина клиенти кои не се двоумат да дојдат тука од далеку за шопинг и се надеваме дека ќе остане префериран шопинг-центар во регионот на Скопје.

Зошто „Карфур" толку доцна влезе во Македонија?

Големиот интерес на нашите потрошувачи е доказ дека „Карфур" бил долго очекуван во Македонија. Не влеговме доцна во Македонија. Ние сме комплетно во согласност со нашиот план за проширување во регионот. По првото отворање на „Карфур" во Грција и Кипар, преку франшизниот партнер за Балканот – групацијата „Маринополус", маркети „Карфур" отворивме во Бугарија, Албанија и сега во Република Македонија. Користејќи ја соодветната опција за работа во модерната економија – франшизата, „Карфур" го осигури својот пораст на некои пазари преку давање право на своите партнери да раководат со продавници што ќе го носат името на брендот „Карфур" и ќе работат во согласност со највисокиот квалитет и маркетинг-стандардите на групацијата „Карфур", под директна и постојана супервизија. Во Република Македонија ќе продолжиме да ја следиме нашата програма за експанзија, развивајќи различни продажни формати, носејќи ги сите бенефиции на модерната трговија на македонските потрошувачи, притоа обезбедувајќи нови одржливи можности за инвестиции во земјата.

Влегувањето на нови инвеститори во земјата осигурува позитивен придонес за државата и граѓаните преку отворање на многу нови работни места, носење модернизам и иновативност, обезбедување на фер конкурентност итн.
 
 Како би го презентирале брендот „Карфур" накратко?

Ако тоа треба да биде фактографски, мораме да кажеме дека „Карфур" е европски продавач на мало број 1 и втор во светот. Моментално постојат околу 9.000 продавници под овој бренд во околу 30 држави на неколку различни континенти, менаџирани директно од групацијата „Карфур" или од страна на партнерите преку договори за франшиза, каков што е случајот на Балканот. Маркетите на „Карфур" се јавуваат во неколку формати: хипермаркети, супермаркети, традиционални продавници и кеш & кери и секако дека многу добро знае како да работи со секој од нив. Во светот, групацијата „Карфур" вработува околу 410.000 луѓе.

Влеговте во Македонија како формат на хипермаркет. Кои се предностите на продавница со овој формат?

Горди сме што во Македонија влеговме како хипермаркет и со тоа го претставивме концептот како таков. Слоганот на хипермаркетот „Карфур" е „Сe под еден покрив"! Овој концепт ја содржи идејата да обезбеди на едно место широк спектар на прехранбени и непрехранбени производи за потрошувачите на површина од 4.000 до 20.000 квадратни метри (во одредени држави). Хипермаркетот „Карфур" во „Скопје Сити Мол" се простира на површина од 3.800 квадратни метри продажен простор. Нашите потрошувачи веќе го видоа широкиот спектар на производи во најразлични асортимани. И покрај тоа, основата на нашиот целосен концепт се намалените цени.
 
Прочитајте повеќе во печатеното и електронското издание на InStore бр.2...

 
 
 
 
back to top