IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Вторник, 16.10.2018 || Тридневна дружба на вработените на „Макпрогрес“  |  „Лакталис“ го купува „Нестле“ во Малезија за 40 милиони долари   |  Трговците избраа ТОП 100 производи  |  Милијардер купи удел во Starbucks  |  Перутнина Птуј“ ќе продава салами во САД   |  „Метро Бугарија“ воведува автентични млечни продукти  |  Сертификати за компаниите што се фер со потрошувачите  |  „Унилевер“ нема да се сели во Холандија   |  Трговците бираат топ 100 производи   |  Битола стана дел од големиот проект „Coca-Cola Активни зони“   |  Производителите на чоколадо се насочуваат кон Исток   |  Трошоците на живот на месечно ниво намалени, на годишно имаат раст   |  Расте добивката на „ПепсиКо“   |  „Нестле“ е заинтересиран да купи бренд за минерална вода  |  Германските трговци продаваат преку интернет   |  Нов „Стокомак“ во Тетово  |  Експресна услуга на нова локација во Струга  |   Увозот на храна расте побрзо од извозот   |  Во септември пад на светските цени на храната   |  „Фуд стар“ ќе извезува пилешко месо во Кина   |   ||
   

Јуре Радош: Најмодерни формати за нови искуства на купувачите

16.03.2016
Јуре Радош, директор за бизнис-областа за трејдинг и категори-менаџмент во „Конзум" 
 
Разговараше: Ренато Стилиновиќ, renato@instore.hr

Како „Конзум" може да им помогне на хрватските производители во пласирање на нивните производи во регионот?

Ние тоа веќе со години го правиме. Им помагаме на нашите производители да влезат на други пазари, каде што сме присутни. Како што им помагаме на конкурентните хрватски производители за влез во Србија, БИХ и во Словенија, така и на словенечките, српските и на босанско-херцеговинските производители им помагаме за влез во, за нив недомицилните пазари, каде што работиме како трговец.

Го најавивте проектот Discovery shopping"(продавница „Fleg ship"), за кој кажавте дека ќе биде најмодерен малопродажен простор во регионот. Може ли да ни откриете уште неколку детали поврзани со очекувањата од овој проект?

Можам да кажам дека тој продажен простор ќе биде круна на нашето долгогодишно работење на развојот на форматот и во понудата за нашите купувачи. Планираме да изненадиме со ширината на понудата, со нови оддели, дополнителен асортиман и со врвна услуга. Од новитетите во понудата би го издвоил овошниот бар со понуда на цедени сокови, смутија и на овошни салати, кои ќе се подготвуваат во продажниот простор, во делот за свежо овошје, потоа суши-бар, кој ќе биде во рамките на најголемиот гастро-оддел во градот, со широка понуда на различни јадења. Консументите ќе имаат можност јадењата да ги купат и да ги консумираат внатре во продажниот простор. Предвидена е и најголемата месарница во градот со оддел наречен стек-бар и голема понуда на свежа риба. Ќе бидат понудени уште и сирења и месни деликатеси од целиот свет, најпознатите светски вина и пива, голем оддел за козметика со најновите линии на козметички производи. За најмалите имаме одвоен оддел со играчки, со интегрирана игротека.

Што е клучно при донесувањето на одлуката за улистување на новите производи на вашите полици? Колку во тоа помага современата технологија и истражувањата?

Пресудна е процената на нашите раководители на категоријата, кои мора да го препознаат потенцијалот на производот. Во тој процес им помагаат податоците од маркетиншката поддршка, кои го следат производот. Доколку новиот производ не е само уште една варијанта на веќе постојните производи, туку на потрошувачите му нуди нешто ново и ја збогатува понудата во категоријата, тој секако ќе се најде на нашите полици.

Како што им помагаме на конкурентните хрватски производители за влез во Србија, БИХ и во Словенија, така им помагаме и на словенечките, српските и на босанско-херцеговинските производители за влез во, за нив недомицилните пазари, каде што работиме како трговец.

Какви се вашите планови во поглед на развивањето на приватната трговска марка K Plus?

Нашата приватна трговска марка живее со неверојатна динамика. Годишно, на ниво на регионот, развиваме повеќе од 500 нови производи и постојано правиме редизајн и унапредување на квалитетот на постојните производи. Забележуваме дека тоа е препознаено од купувачите. На нашите купувачи им нудиме квалитетен производ по исклучително поволна цена и тоа ќе продолжиме да го правиме и во иднина.

Можете ли да ни кажете нешто повеќе за „Конзум клик"?

„Конзум клик" е новиот концепт на „Конзум" за интернет-продавница и претставува најнова инвестиција вредна 30 милиони куни (околу 4 милиони евра). Во инвестицијата се вклучени изградба и опремување на новиот логистички центар што ќе се простира на повеќе од 5.000 квадратни метри, како и комплетен редизајн на интернет-страниците, каде ќе бидат понудени и нови функционалности.

„Конзум клик" е почеток на новата ера во интернет-продажбата на храна и на пијалаци во Хрватска. Иако во овој сегмент сме прв и единствен трговец, и понатаму продолжуваме со вложување и со унапредување на услугите, бидејќи веруваме дека тоа е иднината на малопродажбата. „Конзум клик" е во чекор со светските малопродажни искуства и практики и во наредните години очекуваме зголемување на интернет-продажбата и до трипати.

Од јануари 2016 година, во рамките на „Конзум клик" беше воведена и услугата „Drive in", чија особеност е тоа што купувачите, нарачаните производи ќе можат да ги преземат два часа по завршувањето на трансакцијата.

Кои се новитетите во поглед на новите интернет-страници „Конзум клик" и логистичкиот центар?

Новите интернет-страници „Конзум клик" се многу поедноставни за користење. Концептот се заснова на брзината на купувањето, сигурноста и на квалитетот на испорачаните производи. Купувачите може да ги креираат своите листи или да означуваат фаворити, што овозможува побрзо и поефикасно купување, а при пребарувањето на производите, автоматски се сугерираат повеќе производи. Сите производи имаат квалитетни фотографии и детален опис, а дел имаат и видеозаписи, со што на купувачите им се овозможува целосна информација.

Една од интересните нови функционалности е што купувачот, пред доставата, добива известување во кое се гледа и фотографијата, името и презимето на доставувачот.

Новиот логистички центар на „Конзум" во Врбани, Загреб, се истакнува и визуелно, благодарение на муралот од академскиот сликар Стипан Тадиќ, а во целост е обновен и приспособен на потребите на интернет-продавниците. Особен акцент се става на контролата на квалитетот на производите и на нивното редење во пакувања што одговараат на купувачот, а за сето ова да функционира, вработените имаа и посебна едукација.

Освен страндардната понуда достапна во сите продавници на „Конзум" и на интернет-продавниците, ќе се развива и понуда на производи специјално наменети за купувачите што ќе купуваат преку интернет, вклучувајќи богата понуда од интернационалните кујни, еколошки производи и друго. 


 
 
 
 
back to top