IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Среда, 25.04.2018 || Domaine Lepovo Grand Cuvée светски шампион  |  Повторна продажба на имотот на компанијата „Малина“  |  „Хајнекен“ оствари солиден количински пораст  |  „Агрокор“ продолжува непречено да работи од 15 јули?  |  „П & Г“ презеде дел од портфолиото на „Мерк“ за 3,4 милијарди евра  |  „Гринјард“ бара снабдувачи во Македонија  |  „Сите сити“ - нов систем за донирање вишок храна  |  Медицинска опрема од „Жито лукс“ за четири болници  |  Во „Веро“ - Тафталиџе бесплатен паркинг 30 минути  |  „Млин и пекара Љубаче“ со нова инвестиција  |  Natur Premium пристигнува на македонскиот пазар  |  „Монделез“ вложува 90 милиони евра во „фабрика на иднината“  |  „Рамстор“ го отвори 25.маркет  |  „Хенкел“ отвори нова фабрика Somat во Крушевац  |  „Сан Пелегрино“ со приход од 895 милиони евра  |  „Карфур“ ги отвори првите пунктови испорака за пешаци  |  „Персу“ ги повика локалните производители да соработуваат  |  „Кимберли Кларк“ ќе го проширува капацитетот во Алабама  |  „Витамин“ на саемот во Мостар  |  Владимир Косијер нов генерален директор на „Пивара Скопје“  |   ||
   

Јован Пејчиноски: Секој успех е триумф на упорноста

26.06.2013
Локално интервју
 
Јован Пејчиноски, сопственик и управител на „Монтенегро"
 
Секој успех е триумф на упорноста
 
Приказната за упешната приказна на „Монтенегро" почнува пред 50 години, кога Војне Пејчиноски (таткото на Јован и Љубе – денешните сопственци и управители на „Монтенегро") почнува да се занимава со производство на тестенини. Успехот се насетувал уште при почетоците, па во моментот на одлучување дали, кога и каде ќе се проширува компанијата, семејството се враќа во Гостивар и го отвора првиот и најстариот маркет во Гостивар. Оттогаш, веќе 25 години во Македонија се обидуваат да бидат врвни во она што го работат: увоз, извоз, дистрибуција и производство на прехранбени и непрехранбени производи. Успехот се прослави на неодамнешна прослава по повод 50 години од постоењето на „Монтенегро", каде што во пријатна атмосфера, со најблиските пријатели и соработници во ресторанот „Воденица" се споделија многу задоволни насмевки, се презентираа успесите на компанијата, а се доделија и позлатени благодарници на сите заслужни за тоа. 

По прославата разговаравме со Јован Пејчиноски, еден од сопствениците на „Монтенегро", кој ни откри неколку детали од нивната формула за успех што се темели на старата народна поговорка „Сложни браќа, куќа градат", само што во нивниот случај, наместо куќа, градат мултинационална компанија.
 
„Монтенегро" минатиот месец прослави 50 години постоење во регионот и 25 години присуство на македонскиот пазар. Ретроспективно, што сè е потребно за една компанија да опстои толку години на овие пазари? Можете ли да ги споредите почетоците, со она во што денес порасна „Монтенегро"?
Макотрпна работа, истрајност, професионалност и, пред сè, чесност се основните елементи за долгогодишно опстојување на овие турбулентни простори.
 
Од една мала производствена фирма за тестенини на почетокот, денес „Монтенегро" прерасна во мултинационална компанија, што е во постојан подем, што стана застапник на многу реномирани европски брендови, што стана сопственик на млекарница во Србија....  За разлика од многу компании што својот капитал од државен го претвориле во приватен, нашата компанија веќе 50 години опстојува како приватна. Тоа значи дека секој успех е триумф на упорноста. 

Пред 25 години сте го отвориле првиот маркет во Гостивар, а на прославата на јубилејот најавивте проширување на мрежата во градот со два нови маркета.  Зошто ви беше потребен толку голем период за да се одлучите за проширување на овој бизнис? Дали планирате други инвестиции и проширувања на оваа дејност на национално ниво во блиска иднина?
Со отворањето на првиот приватен маркет во Гостивар беше означен влезот на компанијата „Монтенегро" и на македонскиот пазар. Маркетот од неговиот почеток до денес работи одлично, без какви било осцилации во работењето. Според нашите сознанија, во моментов маркетот на „Монтенегро" во Гостивар е најстариот во Македонија. Ова, а и активностите што следуваа, зборува зошто не отворавме нови маркети. Во меѓувреме, „Монтенегро" својот бизнис го рашири со отворање на два салона за мебел во Гостивар и Скопје, два прехранбени дистрибутивни центра во Гостивар и Скопје и млекарницата „Маестро" во Србија. Станавме застапници на над 35 странски брендови и неколку македонски. Во овие 25 години не останавме само со маркетот, туку напротив, се ширевме и во други дејности и трпеливо, чекор по чекор, одевме напред.
 
Потребата од продажен прострор за промоција на новите брендови, притисокот на нашите купувачи да отвориме супермодерен маркет, по теркот на светските, нè натера да размислуваме за проширување и отворање на уште два маркета во Гостивар. 
 
Тоа што нашиот бизнис е поврзан со дистрибуција на прехранбени продукти на големо и имаме соработка со речиси сите поголеми маркети во Македонија, не ни дозволува ширење на национално ниво.
 
Вие сте една од ретките компании што истовремено е и производител, увозник, извозник и дистрибутер. Како ги комбинирате сите работи заедно и која е формулата за успех во еден таков комплексен систем на менаџирање? 
Добро прашање. Одговорот е краток. Успехот на „Монтенегро" се должи исклучиво на нашето семејство Пејчиноски. „Монтенегро" е семејна компанија во која истовремено работеа основачот Војне, јас и брат ми Љубе со сопругите Живка и Кристина, а од минатата година вклучена е и третата генерација. По теркот на многу светски семејни компании, и во нашата секој има свој дел со кој менаџира, а со тоа и одредени обврски и задолженија. Со еден збор, успехот е во семејството.
 
Во Македонија увезувате и дистрибуирате неколку врвни сувомесни брендови како Goranovic, Greisinger и Maestro. Освен сувомесни производи, увезувате и неколку десетици млечни производи, меѓу кои и млечни производи од вашиот бренд Maestro, маслинки, кондиторски производи, енергетски пијалаци... Колку сте задоволни од нивниот пласман на македонскиот пазар и какви активности преземате за нивно поуспешно позицинонирање на пазарот?  
Како што претходно кажав, застапници сме на многу реномирани европски производители кои имаат огромен асортиман на квалитетни производи. Од досегашниот пласман на македонскиот пазар сме задоволни и оваа година очекуваме пораст на продажбата. За поуспешна продажба преземаме разни маркетиншки активности, медиумско рекламирање, презентации, дегустации за крајните потрошувачи директно во маркетите итн.
 
Што беше пресудно во 2007 година да отворите млекарница во Србија („Маестро"), наместо во Македонија? 
Познато е дека до 2007 година ниту една македонска млечна индустрија не беше присутна на пазарите на поранешна Југославија. Од таа причина, нашите размислувања беа дека најлесно од Србија (како српски бренд) ќе навлеземе и на другите пазари од соседството. Таа наша одлука беше исправна и даде резултати. 
 
Која е формулата за успешно менаџирање млекарница на далечина. Имавте ли тешкотии во пронаоѓање на квалитетен тим од доверба што ќе се грижи за вашиот бизнис таму? 
Почетоците беа тешки и бараа присуство на наши менаџери од Македонија. Најмалку три години ни беа потребни за формирање на менаџерскиот тим во кој денес имаме целосна доверба. За разлика од порано, денес е многу полесно од далечина да се следат сите активности на целиот менаџерски тим. Потешкиот дел е формирањето на квалитетниот и доверлив кадар.

Прочитајте повеќе во електронското и печатеното издание на InStore бр.8


 
 
 
 
back to top