IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Среда, 24.01.2018 || „Карлсберг“ мора да плати пазарна цена за уделот во „Хабеко“  |  Норвешкиот амбасадор ја посети фабриката „Књаз Милош“  |  И „Сеинсберис“ ќе крати менаџерски позиции  |  „Карфур“ ја објави визијата за 2022 година  |  „Амазон“ ги објави 20 потенцијални локации за новото седиште  |  „Теско“ затвора 1.700 менаџерски работни места  |  Мрежата на „Профи“ достигна 700 објекти  |  „АЦ фуд“ го купува последниот дел од имотот на „Агрокомерц“  |  „Шпар“ - Словенија ја претстави онлајн-продавницата  |  Отворен е првиот „Амазон гоу“ за потрошувачите  |  Промоција на Fuzetea, бренд достапен и на македонскиот пазар  |  Нов „Алди-М плус“ во Гевгелија  |   „Бивода“ планира извоз во Македонија и во Грција  |  Престижен орден од Финска за Светозар Јаневски  |  „Мигрос“ останува лидер, најголем скок во интернет-каналот  |  „Биедронка“ станува сè посилна  |  „Тривит“ ги презеде постројките на пекарницата „Алимпије“  |  „Плодине“ го отворија 81. продажен центар   |  „Гомекс“ планира отворање на 30 продавници  |  „Бел фуд груп“ го презема „Хугли“  |   ||
   

Јанез Бојц: Сакаме купувачи со силен капитал

18.03.2015
Јанез Бојц, претседател на управата во „Жито" 
 
Разговараа: Игор Ѓуровиќ, igor.durovic@instore.si и Марко Храстар, marko.hrastar@instore.si

Најголемото словенечко претпријатие кое се занимава со производство на производи од пекарската, мелничарската и кондиторската индустрија, како и производство на тестенини и смрзната храна, минатата година ја заврши со многу добри резултати. Од доаѓањето на водечката позиција пред три години, нашиот соговорник со својот тим успеа да го намали долгот на компанијата од 24 на 12 милиони евра.

 
Како ќе ги оцените минатогодишните резултати?

„Жито" е жилаво претпријатие, успешноги надминуваме сите проблеми. Во 2014 година се соочивме со многубројни предизвици – од продажбата на претпријатието „Жито" до потрошувачката криза. Се насочивме кон нашето работење и кон нашите купувачи и постигнавме резултати кои се најдобрите досега. Без оглед
на околностите во кои работевме, на домашниот пазар реализиравме 86% од сите приходи. Во споредба со 2013 година, тие пораснаа за 2,3%, а во споредба со 2012 година за повеќе од 3%. Без мотивираните вработени и довербата на потрошувачите во нашите квалитетни и повеќекратно наградувани производи, не ќе можевме да ги постигнеме овие резултати. Динамиката на создавање на паричниот тек (ЕБИТДА) е клучна и задоволни сме со неа, а многу поголем е и чистиот профит. Приходите на крајот од годината достигнаа 114,4 милиони евра, чистиот профит е околу 3,1 милион евра, што е речиси за милион повеќе од 2013 година. Вниманието го насочивме и на хуманитарните активности, од санирање на последиците од поплавите до помош на децата, бидејќи, ако воопшто е возможно, ним секогаш им нудиме помош.


Каков е погледот на 2015 година и какви се целите?

Минатата година потрошувачката беше за 2% пониска од годината претходно. Без оглед на тоа што УМАР (Словенечки институт за макроекономски анализи и развој) прогнозира подобрување и мал пораст на приватната потрошувачка, но и пораст на бруто-домашниот производ, државната потрошувачка треба да биде малку пониска. И во 2015 година планираме пораст на приходите и на чистиот профит, а целта ни е да оствариме приходи од 116,6 милиони евра и чист профит од 3,5 милиони евра. Надзорниот совет го одобри нашиот план, а главните цели на групацијата „Жито" се понатамошен пораст на извозот во Европската унија и зголемување на извозот на нашите брендови во регионот на Југоисточна Европа. Ќе се фокусираме и на дополнителни инвестиции особено во пекарскиот сектор, а тие се важни за гаранција на конкурентската положба во извозот и задржувањето на пазарните позиции во Словенија. Плановите се насочени и на инвестиции и јакнење на водечките брендови. Бараме можности за понатамошен развој на солените и благите грицки, а ќе се обидеме да бидеме иновативни и во развојот на производите во кондиторската програма.

Каква е состојбата со цените и суровините кои во минатите години многу ви одговараа?

Тоа што сега нè загрижува се одредени цени на суровините, бидејќи прогнозите кажуваат дека ќе поскапат. Особено се проблематични цените на пченицата дурум и можат да се очекуваат одредени поскапувања во сегментот тестенини. Другиот сегмент се однесува на чоколадата каде што сè зависи од какаото и различните случувања во Централна Африка –од еболата до тоа дека Кинезите премногу нарачуваат какао. Сето тоа придонесува за држење на цените на високо ниво; тоа важи за какао-путерот, какаото и лешниците. За другите цени на суровините, верувам дека нема многу да се менуваат во споредба со оние од пред една година и тоа, пред сè, важи за цените на пченицата. Во моментот цените се малку пониски. Очекуваме и цените на пченката да бидат слични како минатата година, а нè радува и тоа што цените на шеќерот и по- натаму се на релативно ниско ниво, што позитивно влијае врз производството на бонбони.

Се наоѓате во продажна постапка на поголемиот удел, а неофицијално се познати седум кандидати што се заинтересирани да предадат обврзувачки понуди до средината на февруари...

Тоа е работа на конзорциумот продавачи: СДХ (Словенечки државен холдинг), „Модра заваровалница", „КД груп" и „НЛБ склади". Заклучокот на Државното собрание е таков, така што се најдовме меѓу 15 претпријатија што се продаваат. Од мај минатата година внимателно нè разгледуваат, а во јули дојде до краток застој поради инструкциите на претседателката на владата, Аленка Братушек, додека од септември во тек се понатамошните чекори во постапката за продажба. За самите себе, како претпријатие со јасна стратегија и деловни планови, сакаме купувач со голем капитал, а сè друго е во рацете на сопственикот кој нè продава. Тие ќе одлучат за купувачот.

Од „Меркатор", односно од „Агрокор" сакате да ја купите „Пекара Гросупље". Што сакате да постигнете со тоа?

Со нив „Жито" ќе има поголеми приходи и поголема широчина, а во следните години и поголема рационализација, односно консолидација на пекарските активности и можност за поголем пробив во смрзнатата и свежата програма. Покажавме интерес да соработуваме во таа постапка и потпишавме дополнителен анекс во договорот, за да можеме да бидеме вклучени во тој процес, кој не можам да го коментирам бидејќи сме обврзани на тоа. Откако сум претседател, секогаш се залагав за консолидација на словенечката преработувачка индустрија. Треба да дојде до тоа, со оглед на тоа што се отвораат нови пазари. Тие што ќе бидат врзани само за локалните пазари не ќе можат да ѝ пркосат на таа доминација. Само за Словенија „Жито" е преголем, особено во пекарската индустрија можеме да бидеме моќен регионален играч. „Пекара Гросупље" е солидна пекарница, не се производители на индустриски видови леб, туку како и ние, насочени се кон новитети, a имаат и недвижности кои овозможуваат дополнително проширување.

Дали е завршена приказната за можното здружување со „Млинотест"?

Да, уште при крајот на 2013 година, кога бевме сопственици на 17 отсто од акциите. Оттогаш се среќаваме само како конкуренти на пазарот. Имено, тогаш ценевме дека е паметно да продолжиме заедно, но другата страна не го процени тоа така. Не сакавме непријателско преземање.

Тешко или дури и невозможно е да се најде купувач за сите ваши 13 програми. Каков е Вашиот став во врска со тоа?

Ние се фокусираме на нашите 13 програми кои ги имаме. Како на мелничката и пекарската, така и на кондиторската и програмите за современо готвење. Во девет од нив го подобривме пазарниот удел, а во преостанатите го задржавме нивото од минатата година. Работиме за сите оние што го сочинуваат „Жито", а тоа не се само сопствениците, туку и вработените. Пред сè, нашиот интерес е да ги создаваме и да ги зголемуваме паричниот тек и доходите. На пример, треба да се нагласи дека дури 50% од вкупната словенечка пченица крушна ја купуваме токму ние и на тој начин обезбедуваме гарантирано потекло на квалитетот, а и посредно се грижиме за поголем процент на самоснабдување. Количеството на тој вид пченица на годишно ниво се движи од 20.000 до 26.000 тони. Во тој синџир на жита, многу активно соработуваме, бидејќи од пченицата што не е добра не можете да направите добар леб. Нашите процеси ги приспособуваме на купувачите и сме конкурентни, што не е можно без инвестиции и предизвици, каде што направивме најголемо пробивање. Присутни сме на многубројни пазари како Данска, Шпанија, Италија, Чешка, Полска...

Значи не оди без инвестиции?

Минатата година реализиравме неколку, како во мелничката, така и во пекарската дејност. Не доцниме со развојот и постојано се обидуваме да бидеме водечки, не само во пекарството. Се обидуваме да се покажеме и во странство. На пазарите настапуваме со нови лебови, а комбинацијата со семиња нè прави различни и ни овозможува извоз. Во странство можеме да се натпреваруваме во категории каде што треба да си особено убедлив.

Го променивте извозот во многубројни држави, но што е со извозот во регионот?

И понатаму сакаме да напредуваме на западноевропските пазари, но тоа особено важи и за регионот. Зошто? Бидејќи купувачите се слични на нашите и имаат слични навики, ги знаат нашите производи, па мислиме дека стигнуваме полесно до тие полици. Ако тоа не го направиме, ќе го направи некој друг, што ние секако не
сакаме да се случи. Со нашите брендови мораме да се пробиваме на тие простори на поранешна Југославија, што особено важи за Хрватска и Босна и Херцеговина, но и во Македонија и Србија.

Бевте критички настроен во врска со прашањето за бројот на конкурентските пекарници, кои во најголем број стигнаа од Хрватска. Дури кај некои од нив ги споменавте и слабите услови. Неодамна, конечно инспекцијата го заостри надзорот и во Словенија, зар не?

Во пекарската индустрија сè побројни се малите пекарници, а меѓу нив се и оние што ги почитуваат правилата на игра, но има и многу што не го прават тоа. На тоа предупредувавме уште од 2012 година, кога беше најмасовна преселбата на пекарниците од Хрватска, а нашата оценка беше дека кај соседите тоа беше проследено со соодветен надзор, како што се фискалните каси, така што многубројни пекарници се затворија, а кај нас такво нешто не се случи. Статистички, многу е поголем бројот на претпријатија што се занимаваат со тоа. Уште предминатата година во август, инспекциските служби открија многубројни работно-правнички грешки, но и многубројни хигиенски неправилности кои ги видовме претходно. Казните беа и сè уште се релативно ниски. Еднаш ги прашав инспекторите дали некогаш затвориле некоја пекарница. Kај нас не затвориле, но како турист во Дубровник, среде јули, можев да видам затворени продавници. Последните реакции на нашата влада се исправни, го поддржуваме воведувањето фискални каси. Кога ќе го оневозможат дејствувањето на сомнителните претпријатија, на нашето законодавство ќе му биде полесно и инспекторите полесно ќе ја извршуваат својата работа. Навистина сакам да биде така и условите и правилата да бидат еднакви за сите актери на овој пазар.

Каква е ситуацијата кај вас? Дали имаат откриено некаква грешка?

Досега кај нас немаат откриено ниту една поголема грешка, а колегите на шега ги прашав колку дена во годината кај нас беа присутни различни инспекциски служби. Одговорот беше дека доаѓаа речиси секој втор ден. Моја желба е така да бидат присутни и на други места. Ако кај нас се пронајде нешто погрешно, што навистина е многу ретко, казните веднаш и редовно ги плаќаме. Не заборавајте дека нашето претпријатие годишно на државата й плаќа речиси 10 милиони евра за такси и различни прилози.



 
 
 
 
back to top