IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Понеделник, 22.10.2018 || Тридневна дружба на вработените на „Макпрогрес“  |  „Лакталис“ го купува „Нестле“ во Малезија за 40 милиони долари   |  Трговците избраа ТОП 100 производи  |  Милијардер купи удел во Starbucks  |  Перутнина Птуј“ ќе продава салами во САД   |  „Метро Бугарија“ воведува автентични млечни продукти  |  Сертификати за компаниите што се фер со потрошувачите  |  „Унилевер“ нема да се сели во Холандија   |  Трговците бираат топ 100 производи   |  Битола стана дел од големиот проект „Coca-Cola Активни зони“   |  Производителите на чоколадо се насочуваат кон Исток   |  Трошоците на живот на месечно ниво намалени, на годишно имаат раст   |  Расте добивката на „ПепсиКо“   |  „Нестле“ е заинтересиран да купи бренд за минерална вода  |  Германските трговци продаваат преку интернет   |  Нов „Стокомак“ во Тетово  |  Експресна услуга на нова локација во Струга  |   Увозот на храна расте побрзо од извозот   |  Во септември пад на светските цени на храната   |  „Фуд стар“ ќе извезува пилешко месо во Кина   |   ||
   

InStory: Развојниот пат на компанијата „Ани комерц“

20.12.2017
Не се експонираме со различноста, но луѓето нè препознаваат

Разговараше: Данче Драгинова, danche@instore.mk

Ангела Димовска или дамата што многу ги сака цвеќињата, е основач и управител на „Ани комерц", првата фирма-производител на украсни кеси во земјава. Во пријатна и опуштена атмосфера, опкружени со малите декоративни кеси, кутивчиња и коверти, како и со предметите изработени во декупаж-техника, разговаравме со неа за почетоците и за развојот на малата фирма, која годинава го прославува 25-годишниот јубилеј од работењето.

Почетоци

Пред да отвори сопствена фирма, Ангела 10 години работела во градежната фирма „Пелагонија", во секторот за странство. Но, како што открива таа, отсекогаш ѝ пречело осумчасовното работно време во канцеларија. Тоа не беше во склад со мојот динамичен карактер, постојано сакав некаде да се движам. Од друга страна, уште од дете, благодарение на дарбата наследена од мајка ми, изработував рачни предмети, раскажува таа како полека се движела кон реализација на идејата да почне сопствен бизнис.

Ангела се сеќава на критичниот период што следувал во градежната фирма, кога веќе била сигурна дека местото не ѝ е таму. Бев релативно млада, немав никакво друго искуство, а да не зборувам за бизнис... Во меѓувреме, Сенчо од „Канон", кој е пријател на сопругот, ја препознал мојата способност и го прашал маж ми зошто да не си отворам фирма, што во тоа време, не беше многу скапо, со насмевка раскажува таа и додава дека тоа било голем поттик за неа. 

Фирмата „Ани комерц" е основана во 1992 година, додека Ангела сè уште работела во „Пелагонија", а одлуката да даде отказ, според неа е најзначајната што ја донела во животот, за што добила огромна поддршка од семејството. И така почнав, а верувајте, воопшто не знаев што ќе работам. Тоа беше голема пресвртница во мојот живот. Навлегов во водите на бизнисот, за што претходно, буквално не знаев ништо, но имав голема желба да успеам, нагласи таа.
 
Идејата ни е да бидеме различни на пазарот и да бидеме препознатливи, затоа често воведуваме новитети.

Најпрвин, „Ани комерц" почнала со увоз на украсни кеси, но секогаш не биле достапни истите кеси со исти големини. Сакајќи да остане доследна тоа што го нуди, секогаш да го има, Ангела одлучила самата да ги прави кесите: Почнав со некои хартии... Една ноќ плачев буквално, и си реков, јас ова ќе го направам. Цела ноќ се мачев како да залепам, каде да преклопам, но не се откажав...

Дамата што ги сака цвеќињата го почнала бизнисот сама, а денес во „Ани комерц" работат седуммина вработени. Мала фирма сме. Малку е потешко со наплата и не можам да преземам големи чекори да се шириме нагло. Се движиме полека, постојано воведуваме нови производи. Мислам дека е подобро да работиме со помалку фирми, отколку да се расплинуваме и да се изложуваме на поголеми ризици, објаснува Ангела.

„Ани комерц" е добитник на сертификат за Коректна фирма за 2017 година, признание, кое на европскиот пазар постои од 2012 година, а во земјава се спроведува преку македонската фирма „Корект компани". На нашата соговорничка многу ѝ значи тоа признание, особено затоа што фирмата на интернет има одлично ниво на позитивни спомнувања, без разлика дали се од фејсбук или твитер-објави, конверзација на форум и сл. Кога ѝ се јавиле на Ангела да ѝ соопштат дека се добитници, таа мислела дека е шега. Во спроведеното истражување, биле наведени многу прашања до многу испитаници и сите биле со позитивни одговори – за нас немало ниту еден негативен одговор, истакнува таа.

Таа особено е горда на синот Ангел, кој по добивањето на дипломата за менаџмент, веќе 7 години е вработен во фирмата. Всушност, соговорничката ни откри дека компанијата е „крстена" по синот, а не по неа, како што многумина претпоставуваат.
 
Се движиме полека, постојано воведуваме нови производи. Мислам дека е подобро да работиме со помалку фирми, отколку да се расплинуваме и да се изложуваме на поголеми ризици.

Наследникот го води финансискиот дел од работењето и комерцијата, но вклучен е и во производството. Ангел е вклучен буквално во сè. Сега сум спокојна и веќе не размислувам дека ќе направи грешка, вели Ангела и додава дека патот за транзиција на бизнисот не е едноставен и краткотраен: Синот го знае бизнисот 80%, има уште еден мал дел но, тоа не можеме да го направиме преку ноќ, нели!? Сепак треба време, работите да легнат. Треба да ги осознае, да ги опипа работите, а колку и да зборуваме за тоа, бадијала е без искуството на терен.

Од 5 до 100

Работилницата за изработка на декоративните кеси, кутивчиња и коверти, на површина од 60 квадратни метри, се наоѓа во скопската населба Автокоманда. Портфолиото на фирмата, која почнала со пет вида декоративни кеси, денес се состои од околу 100 производи од хартија и од картон, вклучувајќи и украсни кутивчиња и коверти, кои се поделени по групи – хартиени дезенирани, производи од увозна хартија, еднобојни печатени кеси, платнени кеси со декорација итн. Неодамна добивме нов материјал и извадивме нови производи. Идејата ни е да бидеме различни на пазарот и да бидеме препознатливи, затоа често воведуваме новитети. Не се експонираме со реклами, но трудот секогаш се исплаќа и доаѓа вистинскиот момент, вели Ангела
.
Суровините за работа се набавуваат од странство, односно најчесто при изработката на декоративните производи се користат италијанските картони на „Федригони", кои подоцна се печатат и се дизајнираат. Производите се изработуваат рачно.

За „Ани комерц", таргет се маркетите и традиционалните продавници низ Скопје и низ земјава, во кои пласира 100% од производите. Уште од почетокот почнавме да работиме со маркетите. Веројатно, затоа и нè знаат на пазарот, вели Ангела и додава дека веднаш биле одлично прифатени.

На прашањето за состојбата со конкуренцијата и за главната конкурентска предност на „Ани комерц", таа ни одговори: Различни сме, препознатливи и единствени, а освен тоа, наши големи адути се и одговорноста и навремената испорака.

Во пресрет на празниците, ја прашавме Ангела дали за декоративните производи може да се каже дека се сезонски, односно дали продажбата е рамномерна во текот на целата година. Сезоналноста веќе е надмината. Мал е процентот на зголемување на продажбата за Нова година или за Осми март, имаме континуитет во работењето и го следиме излезот, вели таа.

Работилници за декупаж

Од годинава, Ангела e исполнета со уште една убава активност – организира работилници „Декупаж за почетници" и досега има реализирано три. За мотивот за тој потег, таа вели: Сите имаат грижи и проблеми, со кои се носат секојдневно. Сакав малку да ги оттргнам луѓето од тоа секојдневие и решив да ја направам првата работилница во февруари годинава, на која имав голем одѕив и одличен фидбек. Сите посетители на одење ја прегрнувале, а таа им повторувала: Работете декупаж, на стар или на нов предмет, на што било – правете го за себе, а ако можете, направете и подарок. Тој подарок ќе биде единствен и луѓето ќе се сеќаваат.

Планови

Оваа работа е многу креативна и секогаш отворена за иновации, а за следната година Ангела најавува нови производи. Ќе пуштиме нови производи, а за да се инспирирам и да бидам во тек со новите трендови, размислувам да одам на повеќе саеми, да видам што има ново на пазарот... Планирам да отворам некоја изложба, а сега и првпат ќе откријам дека 25-годишниот јубилеј, имам идеја да го реализирам на 29 април, кога е мојот роденден, со насмевка најавува таа.



 
 
 
 
back to top