IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Вторник, 16.10.2018 || Тридневна дружба на вработените на „Макпрогрес“  |  „Лакталис“ го купува „Нестле“ во Малезија за 40 милиони долари   |  Трговците избраа ТОП 100 производи  |  Милијардер купи удел во Starbucks  |  Перутнина Птуј“ ќе продава салами во САД   |  „Метро Бугарија“ воведува автентични млечни продукти  |  Сертификати за компаниите што се фер со потрошувачите  |  „Унилевер“ нема да се сели во Холандија   |  Трговците бираат топ 100 производи   |  Битола стана дел од големиот проект „Coca-Cola Активни зони“   |  Производителите на чоколадо се насочуваат кон Исток   |  Трошоците на живот на месечно ниво намалени, на годишно имаат раст   |  Расте добивката на „ПепсиКо“   |  „Нестле“ е заинтересиран да купи бренд за минерална вода  |  Германските трговци продаваат преку интернет   |  Нов „Стокомак“ во Тетово  |  Експресна услуга на нова локација во Струга  |   Увозот на храна расте побрзо од извозот   |  Во септември пад на светските цени на храната   |  „Фуд стар“ ќе извезува пилешко месо во Кина   |   ||
   

InStory: Идејата за Vitegg и развојот на брендот

14.09.2017

Разговараше: Данче Драгинова, danche@instore.mk

Потеклото на јапонската потполошка (лат. Coturnix Japonica), или кај нас позната уште и како препелица, е од Источна Азија, односно, како што кажува и називот, нејзината родна земја е Јапонија. Првите пишани податоци за јапонските потполошки датираат од 12 век, кога тие биле одгледувани поради пеењето. Во тие записи стои дека јапонскиот цар се хранел со нивното месо за полесно да ја поднесе туберкулозата. Оттогаш, почнало и помасовното одгледување на потполошки во Земјата на Изгрејсонцето. Сепак, лековитата моќ на јајцата од потполошки, како природен еликсир за нервниот систем, срцето и за крвотокот на човекот, во народната медицина на источниот свет била позната векови порано.

Живот, виталност и здравје

Делотворноста на јајцата од потполошка, пред сè, е резултат на нивниот хемиски состав. Во однос на кокошкиното, јајцето од потполошка содржи петпати повеќе фосфор, седумпати повеќе железо и десетпати повеќе различни витамини. Тоа е вистинска мала енергетска бомба, а сепак едно јајце содржи само 15 калории, го почнавме разговорот со Огнен Поленак, сопственик на фармата „Перегрин". Фармата, лоцирана во близината на Скопје, во еколошка зона во близина на резерватот Јасен, е местото каде што се раѓаат „енергетските бомби" – Vitegg, кои може да се најдат на полиците на маркетите.

Името на фармата „Перегрин" се поврзува со Falco Peregrinus (сив сокол), од причина што Огнен е соколар веќе 20 години, а првите соколи во Македонија успеал да ги размножи уште во 2009 година. Називот на брендот Vitegg е стилизирана кованица од живот, виталност, здравје и англискиот збор за јајце.

Сиот процес на производство Огнен го прави сам, почнувајќи од инкубација на јајцата, селекција на несилките, па сè до пласманот и до дистрибуцијата на производот Vitegg по маркетите.

Нашиот соговорник накратко ни раскажа за предисторијата на раѓањето на идејата и за мотивот за пласман на јајца од јапонски потполошки на македонскиот пазар: Како гостин кај шеикот Жума ал Набуда (Juma Al Nabooda) во Дубаи, ОАЕ, во 2004 година, освен што стекнав големи познавања за соколите и за нивното одгледување, истовремено постојано користевме и јапонски препелици како еден од најквалитетните извори на храна за шеиковите соколи, се присетува Огнен и додава дека одржувањето на центар за размножување соколи со повеќе од 300 соколи, подразбирало и огромно производство на храна за нив. Таму, тој имал можност да види и да учествува во сериозни производствени капацитети на Coturnix Japonica.

Зголемувањето на бројот на соколи на „Перегрин", како и потребата за сопствено производство на најквалитетната храна за нив, го натерало нашиот соговорник во рамките на фармата за соколи да направи и фарма за потполошки: Така дојде идејата, односно, за мене, потребата за одгледување на потполошките. Среќна околност во целата таа работа е тоа што и потполошките и нивните јајца се исклучително здрава и лековита храна. Исто така, постепено почна да се зголемува и интересот на пазарот, како и свеста кај консументите за здрави начини на исхрана.

Сиот процес на производство Огнен го прави сам, почнувајќи од инкубација на јајцата, селекција на несилките, па сè до пласманот и до дистрибуцијата на производот Vitegg по маркетите. Сепак, тој признава дека во определени делови од процесот на производство, повремено има и помош од семејството.

Vitegg на полиците

Првпат Vitegg на полица во маркет биле поставени во 2010 година, а производот бил одлично дочекан по маркетите. Денес, јајцата од јапонските потполошки потрошувачите може да ги најдат во маркетите на „Тинекс", „Рептил", како и во продавниците за здрава храна на „Зегин".

Според Огнен, иако јајцата Vitegg, како еколошки здрава храна, имаат неспорна вредност, сепак и дизајнот, формата и етикетата на брендот се особено важни. Токму затоа, дизајнот, заедно со упатството за употреба, тој го препуштил на професионалците  од „Студио Баика".

На нашето прашање за дистрибуцијата и за начинот на организација, Огнен одговори: Искуствата со дистрибутерите ме доведоа до ситуација сам да го преземам и тој дел од работата. Моите искуства со нив се многу лоши и непрофесионални. Токму тоа бил и пресвртот, односно важниот момент во неговото работење – извршување на комплетниот процес од фарма до маркет.

За конкуренцијата на македонскиот пазар, тој вели дека иако има и други производители, никого не гледа како конкуренција. Причината за тоа е едноставна – јас сум единствениот производител на јајца од препелици по вокација инженер-агроном по сточарство, кој го работи тоа што за што сум се школувал и тоа што го сакам, вели тој и додава дека во неговиот производствен циклус, речиси нема нуспроизвод: Соколите добиваат врвна исхрана, а ние одлични јајца... Органското ѓубриво се користи во градината и по тревниците, а постои можност и за правење течен раствор за директно налевање на растенијата.

Во производствениот циклус, речиси нема нуспроизвод – соколите добиваат врвна исхрана, а ние одлични јајца... Органското ѓубриво се користи во градината и по тревниците, а постои можност и за правење течен раствор за директно налевање на растенијата.

Огнен открива дека досега не правел некои поголеми маркетинг-активности, освен што како алатка за промоција на Vitegg ги користел неговите јавни настапи, односно гостувања на ТВ-емисии, како и маркетинг-материјалот по маркетите. Тука, секако е, фејсбук-страницата Vitegg.

Името на фармата „Перегрин" се поврзува со Falco Peregrinus (сив сокол), а Vitegg е стилизирана кованица од живот, виталност, здравје и англискиот збор за јајце.

Планови и очекувања

Од почетокот на минатата година, дозволен е извозот на јајца во ЕУ и на Блискиот Исток. Кога го прашавме Огнен за размислувањата во таа насока, тој ни одговори со прашањето: Да, тоа е убаво, но моето прашање е дали ние имаме конкуретна цена на сточна храна за да може да понудиме конкурента цена на јајце на тие пазари?

До крајот на годинава, тој планира да ги исполни капацитетите кои ги обновил и да постигне максимално производство, но, пред сè, оптимални услови за живот и благосостојба на птиците. Секоја инвестиција во обнова на матичното јато, секогаш носи позитивна енергија или младешки вигор, свежа енергија со позитивни мисли и очекувања за подобри трендови во економските движења. А, ако формулата за успех е да го сакате тоа што го работите, половина од нештата се веќе завршени, заклучува Огнен на крајот од нашиот разговор.



 
 
 
 
back to top