IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Четврток, 26.04.2018 || Domaine Lepovo Grand Cuvée светски шампион  |  Повторна продажба на имотот на компанијата „Малина“  |  „Хајнекен“ оствари солиден количински пораст  |  „Агрокор“ продолжува непречено да работи од 15 јули?  |  „П & Г“ презеде дел од портфолиото на „Мерк“ за 3,4 милијарди евра  |  „Гринјард“ бара снабдувачи во Македонија  |  „Сите сити“ - нов систем за донирање вишок храна  |  Медицинска опрема од „Жито лукс“ за четири болници  |  Во „Веро“ - Тафталиџе бесплатен паркинг 30 минути  |  „Млин и пекара Љубаче“ со нова инвестиција  |  Natur Premium пристигнува на македонскиот пазар  |  „Монделез“ вложува 90 милиони евра во „фабрика на иднината“  |  „Рамстор“ го отвори 25.маркет  |  „Хенкел“ отвори нова фабрика Somat во Крушевац  |  „Сан Пелегрино“ со приход од 895 милиони евра  |  „Карфур“ ги отвори првите пунктови испорака за пешаци  |  „Персу“ ги повика локалните производители да соработуваат  |  „Кимберли Кларк“ ќе го проширува капацитетот во Алабама  |  „Витамин“ на саемот во Мостар  |  Владимир Косијер нов генерален директор на „Пивара Скопје“  |   ||
   

Игор Ќика: РФИД-технологија во магацинското работење

17.11.2016
Идентификување, лоцирање и контролирање

РФИД (Radio Frequency Identification) или идентификација преку радио-фреквенција е технологија што користи радио-бранови за автоматска идентификација на објекти

Автор: Игор Ќика, извршен директор, „TQM консалтинг"

РФИД е систем на далечинско испраќање податоци со помош на РФИД-предавател (таg) и РФИД-читач (терминал за декодирање, проверка и за испраќање на информации од компјутерскиот систем).

РФИД-предавател (таg) е носител на податоците за идентификација на објектите што се состои од микрочипови поставени на мала антена, која може да биде посебна или интегрирана со РФИД-налепницата.

РФИД-налепница се лепи на соодветниот објект (производ, транспортно пакување, палета, контејнер и слично) со што се овозможува следење на движењето на објектите во текот на производствените и на логистичките операции.

Освен РФИД-предавател и РФИД-читач, во секој РФИД-систем мора да постои и РФИД-компјутер (host), како што е прикажано на слика 1.


За да функционира РФИД-системот, мора да биде воспоставена врска меѓу РФИД-читачот и РФИД-компјутерот (или компјутерскиот систем) каде се ажурираат и собраните информации.

РФИД-тегнологија и магацинското работење
РФИД-решенијата во магацинското работење се базираат на обележување на транспортните единици (најчесто палети, кутии и сл.) при прием на стоката – на влез во складиштето, и читање на тие ознаки во текот на комисионирањето и при излез од складиштето.

На тој начин се обезбедува контрола на влез, при манипулација и на излез на стоката од складиштето (слика 2).
Слика 2: РФИД-технологија и магацинско работење
 
Една од основните улоги на РФИД-системите е оптимизација на процесите во рамките на магацинското работење (прием, складирање, комисионирање, контролирање, ко-пакување, испорака, фактурирање, управување со залихите, планирање на работната сила итн.). Оптимизацијата на процесите претставува начин на измена на процесите за подобрување на ефикасноста, а во согласност со планирање на исходот, односно со излезот од процесот. Најчестите цели на оптимизацијата се намалување на трошоците и зголемување на ефикасноста.

Подобрување на перформансите на процесот
Другата предност што потекнува од употребата на РФИД-системот како систем за идентификација и за следливост на производот во дистрибутивните компании, е подобрување на резултатите од процесите.

Ако го набљудуваме процесот на испорака на стока, неговите резултати би биле: 
  • Точност на испораката (нарачано – испорачано);
  • Брзина на испорака (време поминато откако купувачот доставува официјално барање до моментот на испорака на стоката до купувачот);
  • Неоштетеност на стоката во текот на транспортот.
Други предности што можат да се остварат при примена на РФИД-системите се:
  • Подобра (просторна) организација на магацините;
  • Подобра анализа на повратената стока;
  • Подобро познавање на однесувањето на потрошувачите поради постојаното следење;
  • Подобро управување со лесно расипливата стока;
  • Подобро следење и пронаоѓање на неусогласеностите;
  • Поефикасна контрола поради зголемување на точноста на информациите;
  • Почитување на FIFO (first in – first out) и принципите FEFO (систем/метод/принцип за управување со стоката според рокот на траење (first expired - first out);
  • Намалување на трошоците за човечка работа;
  • Оптимизација на залихите;
  • Оптимизација на рутата за комисионирање;
  • Подобра заштита од кражба, загуба на производ или фалсификување.
Заклучок

Поради прописите на Европската Унија, следливоста стана еден од најзначајните фактори во синџирите за снабдување со прехранбени производи, така што тоа е област во која РФИД-технологијата наоѓа широка примена. 

На европскиот пазар РФИД-системот се користи за собирање на податоците и за известување за температурната историја на смрзнатите морски плодови, месото и на овошјето во рамките на логистичкиот синџир (RFID Temperature Monitoring Solution). 

Во другите системи усвојувањето на РФИД-системот овозможува подобрување на следливоста, безбедноста и на чувањето на податоците, како што се, на пример, во текстилната и во модната индрустрија, фармацијата, поморската и во авиоиндустријата, а многубројни се и институциите што ја применуваат оваа технологија, како што се универзитетите, библиотеките (на пр. сите јавни библиотеки во Минхен, Ватиканската биоблиотека), музеи ( Музејот на уметноста „Метрополитен", Музејот на Лондон), уметнички галерии („Пинакотека Амбросиана"), болници, затвори итн.

Оваа технологија најде примена и во изработката на биометриските документи и на патничките легитимации. РФИД-технологијата, од основното решение за идентификација на објектите, се развива во систем што денес ни овозможува да ги идентификуваме, лоцираме и да ги контролираме саканите објекти, но со одредени ограничувања. Во иднина од оваа технологија се очекува да стане „поинтелигентна", со комбинирање на сензори и на напредни технологии како виртуелната стварност и информативно-комуникативните технологии за далечинско управување.



 
 
 
 
back to top