IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Вторник, 16.10.2018 || Тридневна дружба на вработените на „Макпрогрес“  |  „Лакталис“ го купува „Нестле“ во Малезија за 40 милиони долари   |  Трговците избраа ТОП 100 производи  |  Милијардер купи удел во Starbucks  |  Перутнина Птуј“ ќе продава салами во САД   |  „Метро Бугарија“ воведува автентични млечни продукти  |  Сертификати за компаниите што се фер со потрошувачите  |  „Унилевер“ нема да се сели во Холандија   |  Трговците бираат топ 100 производи   |  Битола стана дел од големиот проект „Coca-Cola Активни зони“   |  Производителите на чоколадо се насочуваат кон Исток   |  Трошоците на живот на месечно ниво намалени, на годишно имаат раст   |  Расте добивката на „ПепсиКо“   |  „Нестле“ е заинтересиран да купи бренд за минерална вода  |  Германските трговци продаваат преку интернет   |  Нов „Стокомак“ во Тетово  |  Експресна услуга на нова локација во Струга  |   Увозот на храна расте побрзо од извозот   |  Во септември пад на светските цени на храната   |  „Фуд стар“ ќе извезува пилешко месо во Кина   |   ||
   

Игор Ќика: Оптимизација на нивото на залихите – модели за нивно управување

12.10.2016
За поголема профитабилност

Управувањето со залихите е клуч за управувањето со синџирот за снабдување. Оптимизацијата на нивното ниво секогаш е цел на компаниите што се ориентирани кон профит

Автор: Игор Ќика, извршен директор „TQM консалтинг"

Поимот залихи – улоги и функции
Под залиха на стоките се подразбира количество стока (материјал, сопствени производи, полупроизводи и готови производи) која е акумулирана (складирана) поради континуирано (трајно) снабдување, временски и просторно, поблиску или подалеку, за производство или за лична потрошувачка.
Улогата и функциите на залихите се да осигураат континуитет на производствениот процес, задоволство на корисникот и профит.
 
 
 

          
Оптимизација на нивото на залихите
Управувањето со залихите е клуч за менаџирањето со синџирот за снабдување. Оптимизацијата на нивното ниво, секогаш е цел на компаниите што се ориентирани кон профитот. На тој начин се избегнува ситуацијата ООС (out-of-stock) и пропуштената продажба, додека другиот аспект, односно прекумерната залиха, понекогаш се занемарува. Со квалитетно планирање на продажбата и на набавката, тоа може да се одбегне, а компаниите ќе се фокусираат на минимизирање на трошоците од капиталот, врзани за прекумерните залихи.

Управувањето на залихите е активност, со која се организира снабдување стоки за корисникот, а истовремено ги урамнотежува спротивните цели (доволно стока и минимален трошок). Тоа се координира со набавката, производството и со дистрибуцијата, за да се постигнат потребите на пазарот.

Управувањето вклучува и снабдување со стока што веќе е во продажба, со нови производи, потрошна стока, резервни делови, стока што не е за употреба и сл. Целта на функцијата на управувањето со залихите е да оптимизира три цели:

1.Услуги на корисникот – Во зависност од видот на побарувачката, оваа цел може да се разгледува на неколку начини. На пример, достапност на стоката на полица, очекувано време за испорака во однос на бараното време од корисникот;
2.Трошок на залихите – Оваа цел бара минимална готовина заробена во залихите;
3.Оперативен трошок – Третата цел е намалување на оперативниот трошок, кој се гледа преку:
  • Единичната цена на стоката;
  • Трошокот за ракување со стоката во сите фази (оперативен трошок);
  • Трошокот за складирање на стоката (оперативен трошок);
  • Трошокот за транспорт (оперативен трошок);
  • Трошокот на залихи во транспортот.
Во управувањето со залихите, фокусот е на оптимизираната рамнотежа меѓу трите наведени цели. Колку рамнотежата е подобра – толку е поголем профитот за компанијата. Доброто управување со залихите значи симултано и континуирано достигнување на целите, со доволно ниво на залихи, помал трошок и подобра услуга за корисникот.

Класификација на залихите на стоката

1.Минимални залихи – најмалото количество стока што е потребно за навремено да се задоволат обврските на претпријатието по количество и по асортиман. Пресметувањето на минималните залихи се темели на просечната дневна потрошувачка или продажба на стоките.

Zmin – минимални залихи
Qdn – дневна (просечна) потрошувачка
Vnab – број на денови потребни за набавка
Qgod – годишна (просечна) потрошувачка
D – број на работни денови во годината
 
2.Максимални залихи – горната граница на стоките во магацинот, над која не смее во одреден период да се набавуваат нови.
Zmax – максимални залихи

Вредност на најголемата планирана продажба на Х нормата на денот
Број на денови во периодот, за кој се пресметуваат максимални залихи

3.Оптимални залихи – количество на стока што обезбедува редовно и целосно снабдување на производството или на купувачот, со минимални трошоци за складирање и за нарачување стока.

4.Просечни залихи – го сочинуваат просекот на состојбата во тек на одреден временски период (најчесто една година).
Zpros – просечни залихи
 
5.Сигурносни залихи – количество на стоки во магацинот што се држат за сигурност од непредвидени промени во побарувачката или понудата.

6.Шпекулативни залихи – количество стоки во магацинот, набавени со намера да се продаваат кога цените значително ќе се зголемат. Тоа може и намерно да се предизвика со помош на одредени шпекулативни акции.

7.Сезонски залихи – количество стоки набавени во текот на годината, наменети за задоволување на зголемената побарувачка во краток период од сезоната (на пример, велигденски јајца, костими за капење).

8.Некурентни – стоките во магацинот што поради застареноста, губењето на потребните својства или поради некои други причини не се продаваат или може да се продадат само по многу намалени цени.

Трошоци на држењето залихи
Услови од кои зависи висината на залихите:
  • Опсег на производството, односно договорена испорака на стоката за купувачите (ако станува збор за продавница);0
  • Трошоци за држење на залихите;
  • Број на складишта во дистрибутивната мрежа;
  • Услови за складирање (состојба на складишната зграда и опремата) и стручност на вработените во магацинот;
  • Услови за транспорт (квантитет и квалитет на транспортните средства, вработените и на патната мрежа);
  • Услови на домашниот и на странските пазари;
  • Зачестеност на нарачките;
  • Карактеристики на складираната стока;
  • Каматна стапка за кредитирање на обртните средства;
  • Даночни оптоварувања од залихите на стоки.
Видови трошоци на држење залихи:
  • Трошоци на купување (или производство) – се однесуваат на набавната цена или на цената на производство за одредено количество стоки;
  • За нарачување – го вклучуваат превозот и преземањето ризик;
  • За чување на залихите – држењето на предметот за работа во текот на одреден период (се пресметува во проценти од вредноста на складираната стока).
Трошоците на држењето залихи се предизвикани од нивното постоење во магацинот. Тие ги вклучуваат трошоците од врзувањето на капиталот, за складирање, за осигурување, како и трошоците на амортизација и за застареност. Создавањето и држењето залихи, претставува и врзување на одереден капитал за тој облик на вложување во бизнисот. Тие трошоци се делумно ублажени со одреден износ на бескаматни кредити, кои ги гарантираат доставувачите на залихи и кои се достапни само во случај на купување залихи. Трошоците за складирање ги подразбираат трошоците за изнајмување на просторот, кој се користи за нивно чување, како и трошоците од вработувањето луѓе што ќе се грижат. Претпријатието е изложено на ризик од оган, кражба и слично, па затоа држењето на вредни залихи бара осигурување, што исто така е трошок. Одредени видови залихи се подложни на застарување, од технички причини или поради промена на вкусот на купувачите.

Во практика, обично трошоците за држење на залихите се изразуваат како процент од нивната вредност.

Трошоците на залихите во трговско претпријатие

Залихите од стоки се особено значајни за трговските фирми, бидејќи тие се набавуваат за понатамошна продажба и служат како предмет за работа. За да постои процес во трговската организација, стоките мора да се набават, да се складираат, а потоа и да се продадат. Со оглед на тоа што тие фирми се посредници меѓу производителот и крајниот потрошувач, неопходно е да располагаат со магацински капацитет. Причината за тоа е осигурување на континуирано одвивање на процесот на поврзување на производителот со купувачот. Залихите се една од најголемите ставки во тековниот имот на малопродажните продавници или на претпријатијата, кои се занимаваат со големопродажба на залихи со трговски стоки. Продажбата на тие стоки е главниот извор на приходите.

Залихите се претвораат во пари во деловниот циклус на компанијата, па оттука се сметаат за тековен имот. Во билансот, залихите се појавуваат веднаш по побарувачката од купувачите, затоа што тие се еден чекор понапред до претворањето во пари, отколку што е побарувачката.

Lean retail
Принципот „lean retail" претставува комбинација од ниски залихи и нивно често обновување (дополнување). Тоа е деловна практика, која бара примена на современи технологии (баркодови, електронска размена на податоци и современи дистрибутивни центри, а во поново време и радиофреквентна идентификација – РФИД) и потпирање на филозофијата „токму навреме" во управувањето со залихите.

Компаниите што го прифатија тој принцип, држат многу помалку залихи за да ја поддржат дневната продажба, а потребни им се и помалку денови за да ги остварат приходите од нивна продажба. Тоа не само што ги редуцира трошоците, туку и драматично влијае на способноста на компанијата да одговори на промените во синџирот на снабдување.

Искуствата на консултантската куќа „Мекинзи & компани" покажуваат дека примената на принципот „lean" придонесува за намалување на нивото на залихите за 10 до 30 отсто, зголемување на продажбата за околу 10 отсто, како и за редукција од 10 отсто на ситуациите во продавницата да нема производ што купувачите го бараат и сакаат да го купат.

Стабилната редукција на залихите е најобјективниот начин да се воочи подобрувањето од „lean" во една компанија. Во таа насока, „Волмарт" е светскиот шампион во примената на таа бизнис-филозофија. Коефициентот на обрт на залихите, кој во 1990 година имал вредност од 4,1, во 2005 година се зголеми на 7,6. Ова значи подобрување по стапка од 3,1 отсто годишно, во период од 15 години. Со воведувањето на технологијата РФИД, обртот се зголемил на 10. Од 2007 до 2011 година, вкупните залихи на „Волмарт" имаат обрт од 11 до 12 пати годишно. Лесно може да се анализира и влијанието на „lean retail" на времето на траење на обртот на залихите, односно бројот на денови во кои тие се врзани за компанијата.

Со коефициент на обрт на залихите од 4,1, времето е околу 90 дена, а со порастот на коефициентот на 7,6, се намалува на 48 дена. Тоа покажува дека е потребно речиси двојно помалку време за залихите да се вратат во почетниот, паричен облик. Со моменталниот коефициент на обрт, времето се крати на еден месец, што недвосмислено има позитивно влијание на ликвидноста и на солвентноста на компанијата.

Коефициентот на обрт се зголемува по две основи. Прво, „lean retail" води кон пораст на продажбата и следствено, кон пораст и на приходите од продажбата и, второ, таа обезбедува намалување на просечните залихи.

Со оглед на тоа што залихите најнепосредно се поврзани со приходите, забрзувањето на нивниот обрт резултира со зголемен приход и со побрзо ослободување на готовината, која секојдневно е потребна за плаќање на краткорочните и на долгорочните обврски. Сумирано: побрзиот обрт на залихите резултира со поголема ликвидност и солвентност на компанијата, додека посредно, има и позитивно влијание на зголемувањето на профитабилноста.



 
 
 
 
back to top