IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Понеделник, 22.01.2018 || Нов „Алди-М плус“ во Гевгелија  |   „Бивода“ планира извоз во Македонија и во Грција  |  Престижен орден од Финска за Светозар Јаневски  |  „Мигрос“ останува лидер, најголем скок во интернет-каналот  |  „Биедронка“ станува сè посилна  |  „Тривит“ ги презеде постројките на пекарницата „Алимпије“  |  „Плодине“ го отворија 81. продажен центар   |  „Гомекс“ планира отворање на 30 продавници  |  „Бел фуд груп“ го презема „Хугли“  |  „Фереро“ го купува американскиот кондиторски сегмент на „Нестле“  |  „Маркс & Спенсер“ го продаде бизнисот во Хонг Конг  |  „Лакталис“ повлекува 12 милиони пакувања млеко за бебиња  |  „Атлантик група“ ја презема дистрибуцијата на „Марс“  |  Пазарџиите ќе работат со лиценци  |  „Агрокор“ ја демантира продажбата на маркетите „Конзум“  |  „Нестле“ го продава кондиторскиот сегмент  |  „Кауфланд“ ќе отвори 15 супермаркети во Молдавија  |  „Волмарт“ ја зголемува платата на работниците  |  „Скопски пазар“ излегува од бизнисот со маркети  |  Тина Пухало Грладиновиќ нов директор на „К пивовари“  |   ||
   

Хелмут Фензл: Мислиме дека сега е вистинското време за био-производите

14.10.2013
Хелмут Фензл, генерален директор на „Шпар" во Хрватска

Во овој момент „Шпар" е шестиот најголем малопродажен синџир во Хрватска. Првиот хипермаркет е отворен во 2005 година. Во текот на изминатите 8 години отворени се вкупно 24 објекти, од кои 16 хипермаркети и 8 супермаркети во сите поголеми градови во Хрватска. Нивниот пазарен удел е околу 5%. Ако се земе предвид дека пред 2 години имаа 3% од пазарниот колач и дека Хрватска и Европа веќе петта година ги тресе криза, од „Шпар" сметаат дека ова е и повеќе од добар резултат.
 
Како го оценувате хрватскиот пазар во овој момент?
Ова година на хрватскиот малопродажен пазар се случија две тектонски промени. Првата е влезот во Европската унија, а втората е преземањето на „Меркатор" од страна на „Конзум". Иако станува збор за големи, тектонски промени, ништо не се промени и не можеше да се промени преку ноќ, но ќе почувствуваме и ќе видиме колку силно ќе влијаат тие промени на движењето на малопродажниот пазар во Хрватска во текот на идните месеци, па дури и години.

Каква е работната политика и стратегијата на компанијата при изборот на локации за идните објекти? Можете ли да ни кажете нешто за тоа?
 
Стратегија? Тоа повеќе е здрава логика: спој на опфатност за дневна купувачка и добра сообраќајна поврзаност со пошироката средина. Накратко, кога ќе најдеме локација што, да речеме, е опкружена со станбени згради каде што живеат нашите потенцијални купувачи кои дневно ќе купуваат, а во близина се наоѓа и сообраќаен пат, по кој брзо и едноставно може да се дојде од околните населби и места, тргнуваме во акција!

Каков однос има „Шпар" со хрватските производители и доставувачи?
 
Од почетокот на работењето настојувавме интензивно да соработуваме со домашните производители. Притоа, не мислам само на големите производители, туку напротив, и на оние малите, мануфактурни производители, кои имаат одличен производ, но им недостасува силата на брендот. И тука настапуваме ние. „Шпар" им го нуди тоа во што тие не се силни, каде што немаат искуство, луѓе, ниту средства, а тоа е маркетингот и рекламата! Да речеме, пред секое отворање на некој центар настојуваме да најдеме локален производител, мала компанија каде што се вработени сите членови на семејството и на нашите полици да ги ставиме нивните производи. И тоа така тргнува. Тоа се убави приказни за успешни, партнерски соработки што ги имаме многу. Пример за исклучителна симбиоза е нашата приватна трговска марка на ексклузивни производи SPAR Premium, што со еден дел настана токму на тој начин.
 
Во која мера производите на хрватските производители се присутни на полиците на продавниците на „Шпар"?
 
„Шпар" во Хрватска од страна на купувачите е перципиран како синџир со особено широка понуда. Секако, се обидуваме да понудиме колку што е можно повеќе хрватски производи, но уште поважно е што хрватските производи, односно производителите се наоѓаат на нашите полици преку сопствени брендови. Речиси половина од производите на многу добро прифатениот бренд S-Budget го сочинуваат хрватски производи. Овие денови почнавме со силна кампања на био-производите од нашата трговска марка Natur pur. Меѓутоа, освен производите Natur pur, им дадовме можност на сите хрватски производители на био-производи своите брендови да ги пласираат под капата „Производ на природата". Така што, доволно е производителите да имаат квалитетен производ што ќе одговара на нашите строги контроли за био-производи и органско одгледување и да имаат добра волја.
 
Тргнавме од Далмација и сакам да кажам дека Задар е „колевката на ’Шпар’" во Хрватска. Денес, во најголемите далматински градови, Сплит, Задар и Шибеник, имаме вкупно 6 големи продавници: во Задар еден хипермаркет и два супермаркета, во Шибеник еден супермаркет и во Сплит дури два хипермаркета „Интершпар". На континентот најмногу е покриен Загреб, со дури седум хипермаркети и три градски супермаркети. Во Сисак, Карловац, Копривница, Вараждин, Славонски Брод, Валпова и Осиек имаме по едно продажно место, односно два хипермаркета „Интершпар" во Осиек, кажа г. Фензл за распространетоста на продажните објекти во Хрватска.
 
 Повеќе можете да прочитате во електронското и печатеното издание на InStore бр.11



 
 
 
 
back to top