IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Среда, 24.01.2018 || „Карлсберг“ мора да плати пазарна цена за уделот во „Хабеко“  |  Норвешкиот амбасадор ја посети фабриката „Књаз Милош“  |  И „Сеинсберис“ ќе крати менаџерски позиции  |  „Карфур“ ја објави визијата за 2022 година  |  „Амазон“ ги објави 20 потенцијални локации за новото седиште  |  „Теско“ затвора 1.700 менаџерски работни места  |  Мрежата на „Профи“ достигна 700 објекти  |  „АЦ фуд“ го купува последниот дел од имотот на „Агрокомерц“  |  „Шпар“ - Словенија ја претстави онлајн-продавницата  |  Отворен е првиот „Амазон гоу“ за потрошувачите  |  Промоција на Fuzetea, бренд достапен и на македонскиот пазар  |  Нов „Алди-М плус“ во Гевгелија  |   „Бивода“ планира извоз во Македонија и во Грција  |  Престижен орден од Финска за Светозар Јаневски  |  „Мигрос“ останува лидер, најголем скок во интернет-каналот  |  „Биедронка“ станува сè посилна  |  „Тривит“ ги презеде постројките на пекарницата „Алимпије“  |  „Плодине“ го отворија 81. продажен центар   |  „Гомекс“ планира отворање на 30 продавници  |  „Бел фуд груп“ го презема „Хугли“  |   ||
   

Филип Дикинсон: Голем потенцијал

01.11.2012
 
Регионално интервју со: Филип Дикинсон, генерален директор на „Крафт" за пазарите од источнојадранскиот регион

Разговараше: Уна Миличевиќ


Деловната единица за пазарите на источниот јадрански регион на „Крафт" (East Adriatic Markets – EAM) ги опфаќа сите земји што некогаш ја сочинуваа Југославија плус Албанија. Тоа значи дека севкупно опфаќа пазар што има над 25 милиони потрошувачи. Операциите за овој регион се водат од три канцеларии – во Љубљана, Загреб и Белград, што е главно седиште и каде што разговаравме со Филип Дикинсон (Philip Dickinson), генералниот директор на ЕАМ.

Според неговите зборови, во 2008 година, главните канцеларии од Виена се преселени во Белград, со цел да се приближат на своите купувачи и потрошувачи. „Исто така, тоа ни овозможи подобро да ја искористиме и да ја развиеме локалната работна сила. Уште една работа што придонесе за овој деловен чекор е и тоа што го препознавме потенцијалот за пораст на овие пазари. Додека економската криза сосема очигледно влијаеше на нашите амбиции за пораст, по сите останати мерила, ова беше голем успех. Сега сме многу поблиску до пазарите и сме во можност да изградиме организација за која мислам дека е најдобра во оваа област, богата со сите видови различности", вели Дикинсон за InStore магазин.

Компанијата „Крафт Фудс" поминала долг пат од 1903 година, кога Ј. Л. Крафт почнал да продава сирење со запрежна кола. Напорната работа, визијата и посветеноста им помогнале да пораснат во втора светска компанија што се занимава со производство на храна, со седиште во Нортфилд, Илиноис, САД. Милиони луѓе дневно посегнуваат по некој од своите омилени брендови од семејството на „Крафт". Дванаесет нивни препознатливи брендови, меѓу кои Cadbury, Jacobs, Kraft, LU, Maxwell House, Milka, Nabisco, Oreo, Oscar Mayer, Philadelphia, Trident and Tang, генерираат годишен приход од над милијарда долари, а од нив 40 опстојуваат повеќе од 100 години. Повеќе од 80% од нивниот приход се остварува од производи што се водечки во своите категории, а повеќе од 50% сочинуваат категорија чијшто пазарен удел е двојно поголем од најблискиот конкурент.

Во февруари 2010 година, Cadbury стана дел од фамилијата „Крафт", а во септември 2012 година, во своето прво интервју за некои од медиумите во регионот, Дикинсон ја најавува поделбата на „Крафт" на две компании: „Во 2010 година, ’Крафт’ го презема Cadbury, што беше последна, во долгата низа аквизиции. На нашето работење во овој регион, тоа преземање имаше мал удел, но гледано глобално, доведе до трансформација на многу пазари. ’Крафт Фудс’ подоцна во оваа година ќе биде поделена на две компании – едната е ’Крафт Фудс’, што генерално ќе го опфаќа бизнисот во Северна Америка и категории како што се сирење и такви производи и ’Монделес Интернешнал’, глобална компанија за ’снекинг’ програмата со многу водечки брендови и категории на чоколада, бисквити, гуми за џвакање, бонбони и кафе. Нашата деловна единица за операции во регионот на источен Јадран (ЕАМ) ќе биде дел од ’Монделес Интернешнал’".


Со оглед на тоа што сте задолжени за сите држави од поранешна Југославија, кажете ни нешто за сличностите и разликите на тие пазари?

Кога говориме за пазарите од поранешна Југославија, една на најголемите можности што ги даваат се гледа во тоа што истовремено нудат повеќе различности, но имаат и заеднички атрибути. Куповната моќ на граѓаните се разликува и меѓу пазарите, но и внатре, во самите пазари. Структурата на продавниците исто така се разликува, како и конкуренцијата. Секој од нив има свои својствени предизвици и сметам дека ниедно од нив не е нужно потешко за работење од некое друго. Категориите во кои работиме, чоколада, бисквити и кафе, веќе се особено развиени во целиот регион, но кога ќе ги споредиме овие држави со некои други, гледаме дека секој од овие пазари или секоја категорија има неверојатен потенцијал за пораст. Со тоа гледаме и голем потенцијал за пораст на нашето работење. Мислам дека фразите „слично" и „различно" се најдобри. Тоа е главниот предизвик за да се најде вистинскиот баланс. Затоа, ова е специфичен регион и ни дава многу можности и понатаму да се работи.

Со кое портфолио сте застапени на овие пазари?

На ова подрачје, „Крафт" работи во три категории, а тоа се чоколада, бисквити и кафе.

Да почнеме од чоколадото. Колкав е неговиот пазарен удел?
 
Овде сме пазарни лидери со брендот Toblerone. И со Milka имаме јасна позиција на водечки бренд на пазарот. Тестовите што често ги спроведуваме меѓу потрошувачите продолжуваат да потврдуваат дека Milka е изразито префериран бренд, споредено со останатите водечки брендови. На многу пазари, поголемиот број потрошувачи изјавуваат дека Milka е бренд што најчесто го купуваат. Доволно инвестираме и ќе продолжиме да инвестираме во огласување и промотивни кампањи што носат придобивки за потрошувачите и трговците. Milka е водечки бренд во регионот и кога е во прашање препознатливоста. Покрај тоа, еден од најдобрите показатели на нашиот успех се гледа во тоа што на сите пазари имаме голем број наши производи што се меѓу водечките и најбрзопродаваните производи. На пример, кога говориме за чоколада, според податоците на „Нилсен", во стоте најбрзопродавани чоколада, наши се 37 во Словенија, 28 во Хрватска и 37 во Србија. Всушност, просечно, во регионот имаме двојно поголем број производи што се појавуваат во стоте најбрзопродавани споредено со најблиската конкуренција. Исто така, забележуваме дека Milka, според тврдењата на потрошувачите, е бренд што многу почесто се купуваат од останатите брендови во категоријата чоколада. Со цел максимирање на продажбата, на трговците им препорачуваме да се фокусираат на производи што најмногу се продаваат и да им дадат простор за да ја унапредат продажбата на цела категорија.
 
Прочитајте повеќе во печатеното и електронското издание на InStore бр.1... 



 
 
 
 
back to top