IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Понеделник, 15.10.2018 || „Лакталис“ го купува „Нестле“ во Малезија за 40 милиони долари   |  Трговците избраа ТОП 100 производи  |  Милијардер купи удел во Starbucks  |  Перутнина Птуј“ ќе продава салами во САД   |  „Метро Бугарија“ воведува автентични млечни продукти  |  Сертификати за компаниите што се фер со потрошувачите  |  „Унилевер“ нема да се сели во Холандија   |  Трговците бираат топ 100 производи   |  Битола стана дел од големиот проект „Coca-Cola Активни зони“   |  Производителите на чоколадо се насочуваат кон Исток   |  Трошоците на живот на месечно ниво намалени, на годишно имаат раст   |  Расте добивката на „ПепсиКо“   |  „Нестле“ е заинтересиран да купи бренд за минерална вода  |  Германските трговци продаваат преку интернет   |  Нов „Стокомак“ во Тетово  |  Експресна услуга на нова локација во Струга  |   Увозот на храна расте побрзо од извозот   |  Во септември пад на светските цени на храната   |  „Фуд стар“ ќе извезува пилешко месо во Кина   |  „Цедевита“ доби концесија за вода   |   ||
   

Драги Манев: Едноставно – храна

13.06.2016
Постои една изрека која вели: Планетата Земја не ни припаѓа нам. Таа ни е позајмена од идните генерации. Во таа реченица се крие и суштината на органското производство.

Автор: Драги Манев, органски земјоделец

Зошто локалната органска храна е подобра?

Треба што почесто да пласираме производи што се одгледуваат и се произведуваат во нашиот крај. На тој начин, придобивките се на наша страна и сите ќе бидеме задоволни. И производителите и потрошувачите треба да придонесат за развој на богатството што нашата околина го поседува. Неколку причини поради кои локалната органска храна е подобра од увозната:
  • Производството на домашна органска храна е богатство на вкусови. Кога расте на локалната почва, тогаш сме сигурни дека плодовите не се берат порано, а тоа е од огромно значење;
  • Органската локална храна зрее во одреден период, во вистинската сезона. Тоа значи дека овошјето и зеленчукот го имаат вистинскиот вкус;
  • Оваа храна ги задржува хранливите својства бидејќи локалните производи имаат пократок пат до трпезата на потрошувачот.
  • Финансиските средства остануваат тука, во нашето место на живеење. Со тоа, производителите ќе вложат во нови, домашни производи.
  • Одгледувањето локална органска храна ќе помогне во одржување на фармите и на зелените површини, а тоа е од голема полза за околината.
  • Крајните потрошувачи ќе знаат што јадат. Тие ќе имаат можност и да разговараат со локални органски земјоделци и да научат сѐ за храната што ја консумираат.
Најдобрите состојки доаѓаат од локалните органските производители. Овие производи не се споредуваат со увозните бидејќи локалното органско овошје е свежо подолг период, плодовите се слатки и вкусни, билките мирисаат опојно, јајцата се свежи и имаат златно-жолта боја... 

Земјоделците се ризница, преполна со информации, а потрошувачите треба да ја искористат можноста да ги запознаат луѓето што се труделе за таа храна да стигне до нивната трпеза, да им поставуваат прашања и да ги добијат вистинските одговори. Секој земјоделец е поинаков и има своја приказна. Медот секаде е мед, но секој мед има посебен вкус, автентичен за тој предел, за тоа цвеќе... Органските  млечни производи имаат поинаков вкус бидејќи животните се хранат со трева, која е автентична за тоа место; воздухот и водата се, исто така, карактеристични. Сè влијае врз квалитетот на локалниот органски производ. Од село во село, од град во град, од држава во држава, не може да не се забележи различниот вкус на локалните производи, кои се одгледуваат на сличен или на ист начин.

Секако, нам, локалните органски земјоделци, потребна ни е таа поддршка од производителите и од крајните потрошувачи. Додека потрошувачите консумираат локални органски продукти, додека трговците ги пласираат, да не забораваат дека тие производи се создадени со многу мака и труд. Затоа што луѓето од градот понекогаш го забораваат ова.

Она што денес ние го нарекуваме „локална органска храна", за нашите предци беше едноставно „храна". 
        
Доколку сакаме со неколку зборови, на едноставен и на разбирлив начин да го претставиме органското производство, тогаш тоа би било преку оваа изрека. Навистина, кажано е дека сите сме гости на овој свет, но со последиците од нашето дејствување ќе се соочат нашите внуци и правнуци и на сопствен грб ќе ги почувствуваат реакциите од нашите дела – од позитивните и од негативните. Секој човек треба да придонесе за почиста животна средина и за поздрава животна околина. Секој човек треба да дејствува во своето животно опкружување, а придобивките ќе бидат за целата планета Земја. Треба да размислуваме подлабоко за сопственото здравје и за животната средина.

Доколку сакаме да направиме нешто корисно и убаво за сопственото здравје, за здравјето на идните генерации и за планетата Земја, а не знаеме од каде да почнеме, еве неколку корисни совети:

  1.Хемикалиите да ги чуваме настрана од водата, воздухот, почвата и од телото. Со одгледувањето органска храна, ја заштититуваме природата и сите живи суштества што живеат во неа, а со консумирањето на таа храна, придонесуваме за почиста животна средина.

  2.Ако се внимава на начинот на обработување на земјата, ќе се намали загадувањето. На тој начин, ниту водата, ниту земјата, ниту луѓето нема да страдаат од хемикалиите што се употребуваат при обработката на земјата. Синтетичките ѓубрива, хемикалиите и отпадните води ја уништуваат животната средина.

  3.Ако сакаме да сториме нешто повеќе за идните генерации, тогаш свеста треба да ни биде на повисоко ниво. Загадувањето постои со генерации наназад. Замислете колку се штетни загадувањата за возрасните, а да не зборуваме за штетноста кај малите деца. 

  4.Секој човек треба да се стреми кон поздрава почва. Почвата која е хранета со органски материи, во себе содржи поголемо ниво на хранливи материи, за разлика од храната што е одгледувана со синтетички ѓубрива.

  5.Зголемената продажба на органски производи им помага на семејствата што ја одгледуваат оваа храна. Бројот на овие семејства се зголемува, а поради тоа се зголемува и свесноста. Пласирањето на органска храна има бројни придобивки за здравјето, за почиста околина и за подобра економија.

  6.Таканаречената ,„клонирана" храна (GMO и rBGH) не е добра за никого. Во минатото, овој вид храна не постоел, но денес таа зема голем замав. Со здружени сили треба да ѝ ставиме крај на лошо одгледаната храна. Да истражуваме и да донесеме заклучок, да направиме нешто подобро за себе и за идните генерации.

  7.Со консумација на органска храна, се чувствува духот на местото од каде што таа потекнува, се почитува природата и луѓето што се трудат за производот, водата и за почвата. Со тоа, се почитуваат и локалните производители. 

  8.Во секоја култура, храната е најдобра комуникација. Секоја земја има автентична храна, која е знак за распознавање. Во секоја земја лежи ризница од автентични локални производи, кои не смеат да изумрат. Затоа, да го поттикнеме развојот на она што природата несебично ни го подарила.



 
 
 
 
back to top