IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Сабота, 21.04.2018 || „Млин и пекара Љубаче“ со нова инвестиција  |  Natur Premium пристигнува на македонскиот пазар  |  „Монделез“ вложува 90 милиони евра во „фабрика на иднината“  |  „Рамстор“ го отвори 25.маркет  |  „Хенкел“ отвори нова фабрика Somat во Крушевац  |  „Сан Пелегрино“ со приход од 895 милиони евра  |  „Карфур“ ги отвори првите пунктови испорака за пешаци  |  „Персу“ ги повика локалните производители да соработуваат  |  „Кимберли Кларк“ ќе го проширува капацитетот во Алабама  |  „Витамин“ на саемот во Мостар  |  Владимир Косијер нов генерален директор на „Пивара Скопје“  |  „Амазон“ е во преговори со авио-превозникот „Азул“  |  „Домаќа трговина“ со ново место за пазарење  |  Клучно одобрување на „Бајер“ за „Монсанто“  |  „Витаминка“ го рестартира производството на Брилијант  |  Во Сплит отворен првиот супермаркет „Шпар гурмет“  |  Розовиот Kit Kat пристигнува и во Европа  |  „Млекарнa Целеиа“ забележа пораст од 9%  |  „Ошан“ лансира нов формат во Украина  |  „Мирана“ ја купи „Аронија здрава храна“  |   ||
   

Дино Крстуловиќ: Најголем бренд на „Краш“ е „Краш“

31.10.2012
Локално интервју со Дино Крстуловиќ, директор на „Крашкомерц"
 
 
Разговараше: Боро Мирчески, boro@instore.mk

Ако сте тажни, депресивни, вљубени, среќни, весели, а сакате да се почувствувате поубаво, како никој друг на светот, вкусете некој од производите на „Краш”. Со овие зборови, директорот на „Крашкомерц", фирмата-ќерка на хрватски AД „Краш" во Македонија, Дино Крстуловиќ во еден здив ги опиша производите што неговата компанија ги произведува веќе 101 година. Во специјално интервју за InStore, Крстуловиќ ни ја откри „тајната" како е возможно да постоиш 101 година и притоа континуирано да си на врвот на кондиторската индустрија на Балканот, но и пошироко.

Речиси две години сте на функцијата директор на „Крашкомерц" во Македонија. Какво е Вашето досегашно искуство со работењето на компанијата во Македонија?

Компанијата на којашто сум на чело е компанија со големо минато. Тоа е фирма-ќерка на AД „Краш" од Хрватска, која претставува „продолжена рака" на пазарите на кои настапува, што значи дека е подеднакво силна како хрватската. Да затечете странска компанија што толку многу години постои на пазарот во Македонија, а да се чувствувате како дома говори за доброто опкружување во кое се наоѓа, а говори и за инвестициите на „Краш"  на пазарот. Така е и во правна смисла. Ние сме правен субјект во Македонија, во 100% сопствеништво на матичната компанија што се наоѓа во Хрватска.

Откако сте на оваа функција, промовиравте неколку нови производи. Кој производ, според Вас, помина најдобро во однос на промоцијата, продажбата и фидбекот од потрошувачите?

Навистина имаше многу нови производи, но кога ме прашувате кои се најглавните,  под број еден е Domaćica, како препознатлив лидер во програмата кекси, што доживеа две екстензии (бела и интегрална). Тој производ се докажа и ја задржа својата водечка позиција, сметано според нашите интерни податоци. По неа, следи и чоколадото Čoksa, што спаѓа под брендот Dorina. Тоа е наш нов производ што спојува генерации, особено оние генерации што се помеѓу генерациите што консумираат Životinsko carstvo и Dorina. Брендот Kraš Ekspres доживеа екстензии во пет нови форми (напивка и здрав кекс).
 
Според вас, на кое место во Македонија е „Краш" според продажба и удел на пазарот на кондиторски производи во Македонија? Кој е најпрепознатлив бренд на „Краш", односно кој бренд котира највисоко во нашата државата?

Нашето работење е поделено во три групи: чоколада и десерти, кекси, вафли и чајни печива (бисквити и вафли) и бонбони. Можам да кажам, според нашите податоци, дека со Dorina сме први или втори, зависно од синџирот маркети, маркетот, продавницата или подрачјето. Кај чоколадата, наменети за помалата популација, мислам дека Životinsko carstvo е најпродаван производ во Македонија по парче. Во Životinsko carstvo многу се инвестира, па поради тоа и ја задржува својата позиција. Bajadera, премиум чоколадната пралина е неизоставен избор на потрошувачите веќе 58 години. Свесни сме дека нејзината маркетиншка позиција мораме да ја одржуваме со постојани маркетиншки вложувања. Претходно ја споменав и Domaćica. Значи, таков кекс, прелеан со чоколадо, многумина се обиделе да копираат, но не успеале. Тоа кажува зошто од целата палета производи на удар е токму Domaćica, а јас би додал дека тоа потврдува кое место таа го зазема на пазарот. Што се однесува на категоријата производи бонбони, нашите брендови Mentol, Pepermint и 505 sa crtom се неизоставен дел. Kiki и Bronhi се наши лидери во бонбонската група. Кога говориме за бисквити и вафли сигурно дека треба да ги споменам и наполитанките Kraš со препознатлив квалитет. Од  минатата година, „Краш" е побогат за уште неколку брендови, а тоа се Jadro, Moto, Торта наполитана како и многу други производи што ги произведуваше „Каролина", која „Краш" ја аквизираше во март минатата година и практично купи премиум наполитанки. На крајот, би напомнал само едно: според нашите истражувања, сепак најголем бренд е „Краш". Под овој бренд купувачот подразбира квалитет и традиција подносливи за својот буџет. Bajadera, Dorina, Domaćica, Kiki и Kraš се носители на сертификатот Superbrands Македонија за 2009 година.

Дали редовно спроведувате анализи за состојбата на кондиторската индустрија во Македонија? Какви се Вашите впечатоците за трендовите во оваа индустрија?

Што се однесува до анализите, ние ги правиме на дневна основа. Ги анализираме активностите што ги спроведуваме, акциите што ги имплементираме, развојот на постојниот и новиот потрошувач на нашите производи... Ги користиме и податоците од Заводот за статистика, што не се поделени по сегменти, туку по индустрии, што дава поопшти податоци, а не детални и конкретни. Кондиторската индустрија е многу комплексна. Зошто? Современите потрошувачи при одлуката за купување стануваат сè повеќе свесни за важноста на здравата исхрана. Од таа причина, главна цел  е да се истражи присутноста на нови трендови во кондиторската индустрија, односно ширењето на брендови во нови производни категории (eng. brand stretching), како и воведување на ограничени серии на производи (eng. limited edition products) заради привлекување на нови потрошувачи. Ова споменатото сигурно најбрзо го имплементираат глобалните компании, што значи и дека ги креираат или поддржуваат трендовите.. Тие се: храни се здраво, консумирај безмасна храна... Но, кој мисли дека чоколадото не е здраво? Тврдам дека е здраво. Од чоколадо во умерени количества сигурно дека нема да ви „отпаднат забите", како што народски се вели. Кондиторските производи се извор на енергија, а освен тоа чоколадото го поттикнува и создавањето на серотонинот во нашиот организам кој како „хормон на добро расположение" предизвикува чувство на задоволство. Со консумирање на мали количества на чоколадо ја поттикнуваме концентрацијата и ги јакнеме нашите интелектуални и психички способности. 
 
Колку производи го сочинуваат портфолиото на „Краш" во Македонија и дали тоа се разликува од портфолиото на „Краш" во останатите држави? На колку продажни места во Македонија се продаваат вашите производи?

Во Македонија има речиси 215 различни производи, што се присутни во нашите специјализирани продавници, наречени бонбониери. Но, во супермаркетите бројот се движи околу 150, во продавниците до 400 квадратни метри на 100, а во традиционалните продавници околу 50.

Во Македонија, речиси да ги имаме сите производи на „Краш" од Хрватска. По Хрватска и Босна и Херцеговина, ние имаме најголемо портфолио на производите на „Краш". Во Македонија, нашите производи се продаваат во околу 2.500 до 3.000 продажни места и тоа во традиционални продавници, маркети, супермаркети, хипермаркети, бензински станици, продавници што работат 24 часа, киосци...
 
Прочитајте повеќе во печатеното и електронското издание на InStore бр.1... 


 
 
 
 
back to top