IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Петок, 14.12.2018 || „Виталиа“ продава и во Бангладеш   |  „Нектар“ и „Нелт“ се здружија во Србија   |  „Старбакс“ ќе отвори уште 2.100 ресторани ширум светот  |  „Жито маркети“ прослави 30 години   |  „Дм дрогерие маркт“ забележа двоцифрен раст   |  „Розе“ во „Вашингтон пост“   |  „Виолета“ ја разубави скопска Гинекологија   |  Vincinni извезува во Јужна Кореја   |  Тридневна дружба на вработените на „Макпрогрес“  |  „Лакталис“ го купува „Нестле“ во Малезија за 40 милиони долари   |  Трговците избраа ТОП 100 производи  |  Милијардер купи удел во Starbucks  |  Перутнина Птуј“ ќе продава салами во САД   |  „Метро Бугарија“ воведува автентични млечни продукти  |  Сертификати за компаниите што се фер со потрошувачите  |  „Унилевер“ нема да се сели во Холандија   |  Трговците бираат топ 100 производи   |  Битола стана дел од големиот проект „Coca-Cola Активни зони“   |  Производителите на чоколадо се насочуваат кон Исток   |  Трошоците на живот на месечно ниво намалени, на годишно имаат раст   |   ||
   

Димитар Тодоровски: Инвестираме во време на економска криза

16.05.2013
Димитар Тодоровски, бренд менаџер во „Прилепска пиварница"

Инвестираме во време на економска криза

Во време на длабока рецесија, „Прилепска пиварница" се одлучи да инвестира 7,5 милиони евра во нов производствен погон, што за нив претставува чекор напред кон градењето на успехот на компанијата. Инвестирањето и во вработените е она што ја прави „Прилепска пиварница" семејство што и во најтешки времиња го пронаоѓа патот кон просперитетот.
 

Со континуирано инвестирање во производниот процес уште од своето основање во 1924 година, па до денес, „Прилепска пиварница" постојано го подобрува квалитетот на своите постоечки производи и создава нови. Заштитен знак на „Прилепска пиварница" е висококвалитетното пиво, почнувајќи од Златен Даб и Крали Марко, како едни од водечките домашни брендови на пиво, па сè до Tuborg и Carlsberg, кои се едни од најквалитетните светски пива, а нивни единствен овластен дистрибутер е „Прилепска пиварница". Токму за инвестирањето во новиот производствен погон, најавувањето на нови изненадувања за потрошувачите, искуствата и идните планови разговаравме со Димитар Тодоровски, бренд менаџер на „Прилепска пиварница", според кого континуираното инвестирање во компанијата и вработените е главниот клуч за успех.

Во време на криза, „Прилепска пиварница" се одлучи годинава да ја направи најголемата инвестиција на годишно ниво, вредна 7,5 милиони евра. Раскажете ни малку за оваа бизнис-одлука. Што беше пресудно за инвестирање во толку големи размери, во период кога сведочиме на намалување на купувачката моќ на потрошувачите, финансиски тешкотии во бизнис-секторот и продлабочување на задолжувањата на национално ниво?
Барем досега, во практика се покажале исправни одлуките на компаниите да се инвестира во време на криза. Голем број компании во случај на криза ги минимизираат своите инвестиции, ги намалуваат маркетинг-буџетите, стопираат голем број активности што придонесуваат за подобар имиџ на компанијата и, пред сè, за позитивен финансиски резултат. За разлика од нив, ние, во „Прилепска пиварница", сметаме дека токму вложувањата во кризни времиња се одлична стратегија што на долг рок го обезбедува саканиот ефект. Најголемите инвестиции за нашата пиварница се направени токму во последните три години. Ако сакате да бидете успешни во бизнисот, нема изговор од типот: денес е криза, денес имаме проблеми и промени. Напротив, сите тие треба брзо да се антиципираат и да се прифатат и единствен начин да им се спротивставиме на тие ситуации е преку иновации, креативност и инвестиции. Живееме во динамично време, каде што иновациите и технологијата се менуваат во секоја секунда, барањата и потребите на потрошувачите се постојано различни и ако сакаме да го освојуваме пазарот мораме да ги следиме светските трендови.

Колку оваа инвестиција е значајна за „Прилепска пиварница"? Кои се главните придобивки од инвестирањето?
Станува збор за најголемата инвестиција досега од постоењето на „Прилепска пиварница" направена во една година. Новата инвестиција е линија за полнење пијалаци во стаклена амбалажа составена од 15 машини набавени од најпознатата компанија од ваков тип, „Кронес" од Германија. Ова е опрема единствена од ваков тип во Македонија. Со новата линија се зголемуваат можностите на пиварницата, техничкиот капацитет речиси се удвои од веќе постоечкиот, а од друга страна се заштедува енергија и вода. Со оваа инвестиција пиварницата станува еколошки поефикасна и на тој начин се заштитува животната средината.

Како што кажавте, со инвестицијата речиси двојно се зголеми техничкиот капацитет за полнење на алкохолни и безалкохолни пијалаци. Дали ова значи дека можеме да очекуваме проширување на портфолиото на брендови на „Прилепска пиварница"?
Нашата стратегија за развој продолжува да биде насочена кон проширување на портфолиото со одлични брендови. Желбите на нашите потрошувачи се патоказ кон кој треба да се движиме. Потрошувачите се тие што ги диктираат условите на пазарната игра, па затоа нашите цел и обврска се секогаш да понудиме производи со врвен квалитет и светски изглед.

Со колку брендови сте присутни на македонскиот пазар во моментов и како сте задоволни од нивната позиционираност на пазарот?
Во делот на алкохолни пијалаци присутни сме со македонските брендови Златен Даб и Крали Марко, светските Tuborg и Carlsberg, додека во сегментот на безалкохолни пијалаци познати сме по домашните брендови Газоза и Портокалада, а тука спаѓаат и странските лиценци на светските брендови Pepsi, Mirinda и Seven Up. Ексклузивни дистрибутери сме на брендовите на „Књаз Милош" – Aqua viva, Guarana, како и минералната вода Књаз Милош. Дистрибутери сме и на вината на винаријата „Стоби".

Во последно време бевте маркетиншки агресивни со брендот Pepsi, особено со наградната игра „Pepsi ве носи на Beyonce". Колку тоа влијаеше на порастот на продажбата на Pepsi? 
Кога сте дел од еден систем како што е Pepsi имате неограничени можности за креативни кампањи. Ова беше повеќе од наградна игра, еден вид на заедничка авантура со нашите потрошувачи кои сакаа да бидат дел од спектаклот на Бијонсе. Оваа година Pepsi ја почна својата креативна кампања со познатата музичка ѕвезда. Станува збор за партнерство на компанијата со Бијонсе во креирање на нови идеи за промоција на нови вредности кај младите. Целта на секоја компанија е остварување на позитивен финансиски резултат, а наградните игри се само дел од активностите што влијаат на тој краен резултат.

 
Повеќе можете да прочитате во електронското и печатеното издание на InStore бр.7



 
 
 
 
back to top