IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Среда, 24.01.2018 || „Карлсберг“ мора да плати пазарна цена за уделот во „Хабеко“  |  Норвешкиот амбасадор ја посети фабриката „Књаз Милош“  |  И „Сеинсберис“ ќе крати менаџерски позиции  |  „Карфур“ ја објави визијата за 2022 година  |  „Амазон“ ги објави 20 потенцијални локации за новото седиште  |  „Теско“ затвора 1.700 менаџерски работни места  |  Мрежата на „Профи“ достигна 700 објекти  |  „АЦ фуд“ го купува последниот дел од имотот на „Агрокомерц“  |  „Шпар“ - Словенија ја претстави онлајн-продавницата  |  Отворен е првиот „Амазон гоу“ за потрошувачите  |  Промоција на Fuzetea, бренд достапен и на македонскиот пазар  |  Нов „Алди-М плус“ во Гевгелија  |   „Бивода“ планира извоз во Македонија и во Грција  |  Престижен орден од Финска за Светозар Јаневски  |  „Мигрос“ останува лидер, најголем скок во интернет-каналот  |  „Биедронка“ станува сè посилна  |  „Тривит“ ги презеде постројките на пекарницата „Алимпије“  |  „Плодине“ го отворија 81. продажен центар   |  „Гомекс“ планира отворање на 30 продавници  |  „Бел фуд груп“ го презема „Хугли“  |   ||
   

Дарко Васелиќ: Застапеност на уредите во интернет-продажба

16.10.2015

Десктоп-компјутерите некогаш беа ненадминливи според бројот на корисници. Во последно време бројката бргу се менува, бидејќи полека нè освоија лаптопите, таблетите и на крајот паметните телефони.

Автор: Дарко Васелиќ, менаџер за развој на пазарот на БиХ, Македонија, Албанија и Косово, „Џонсон & Џонсон"

Пред два броја темата, беше рапидниот глобален пораст на интернет-продажбата. Од податоците претставени во текстот, можеше да се види дека интернет-продажбата не е нешто што допрва ќе дојде, туку нешто што e веќе тука. Покрај тоа, во оваа област е видлив голем неискористен потенцијал, односно голем очекуван пораст во иднина. Исто така, видлив е релативно мал удел на интернет-продажбата во секторот FMCG во вкупната малопродажба, но можеше да се забележи нејзиниот најголем моментален и очекуван пораст. Поради тоа, минатиот број пишував за причините поради кои се зголемува интернет-продажбата. Во тој текст, беа истакнати трите клучни причини поради кои купувачите мигрираат во овој начин на купување, а тоа беа: практичност, асортиман и цена/вредност.

Во овој број ќе стане збор за уредите кои се претпочитаат, како и за начините на интернет-купување. Имено, годишните истражувања на „Универсал медиа", наречени Wave (Бран), нудат голем број податоци за дигиталните навики на популацијата. Во 2014 година истражувањето опфатило 50.000 испитаници меѓу групите активни интернет-корисници, во 65 земји. Поради тоа, во овој број ќе имаме привилегија да ги погледнеме податоците за пазарите во Србија, Хрватска и во БиХ.

Десктоп-компјутерот некогаш беше ненадминлив според бројот на корисници. Во последно време тоа бргу се менува. Сè повеќе корисници преминуваат на полесни начини за пристап на интернет. Поради тоа, лаптопот стана сè позастапен, но појавата на таблетите направи вистински „бум". Понуди флексибилност што не постоеше кај десктоп-компјутерите и кај лаптопите, иако со таблетите се отвори потребата за уште еден дополнителен уред. Компромисот на предностите и на недостатоците на таблетите е пронајдена во паметните телефони, во моментот кога нивниот развој напредуваше и кога тие беа во можност да ги поддржат поголемиот број активности што дотогаш ги имаше таблетот.

Силниот пораст на паметните телефони значително е одреден од два фактора: приспособување на содржината на веб-страниците за мобилните телефони и развој на можностите на уредите.

Со претставените дијаграми, во анализираниот период од 2013 до 2014 година е видливо дека десктоп-компјутерите во регионот имаат стагнација. Во БиХ забележано е опаѓање, во Хрватска се на истото ниво како минатата година, додека во Србија имаат минимален пораст од 1 процент. Лаптопот има опаѓачки тренд на сите три набљудувани пазари. Покрај овие два уреда, негативен тренд е забележан и кај обичните телефони (оние што не се во категоријата паметни телефони).

Наспроти ова, таблетите бележат пораст. Особено во БиХ и во Хрватска каде што е забележан значителен пораст. Сепак, треба да се истакне фактот дека пенетрацијата на таблетите е релативно скромна и дека се движи од околу 20 отсто, додека пенетрацијата на десктоп-компјутерите и на лаптопите е меѓу 60 и 80 отсто.

Најзначителен пораст остварија паметните телефони кои имаа импресивно зголемување на присутноста на сите три пазари. Во Србија забележа пораст од 58 на 65 отсто, во Хрватска од 70 на 78 отсто, додека во БиХ порастот се движеше од 40 на 69 отсто.

Силниот пораст на паметните телефони значително е одреден од два фактора, приспособување на содржината на веб-страниците за мобилни телефони и со развојот на можностите на уредите. Со оглед на значајните придвижувања во двете полиња, корисниците бргу усвоија нови, за нив полесни начини за задоволување на потребите.

Сепак, постои претпочитање на некои уреди во одредени пригоди. Односно, за некои намени повеќе се претпочита лаптопот, за некои таблетот, а за некои – паметните телефони. Како тоа изгледа поконкретно, може да погледнете на сликите:

Јасно е видливо дека различни задачи се извршуваат преку различни уреди. Од комплексноста на задачата зависи кој уред ќе се користи. Од претставените слики може да се види дека паметните телефони се основно средство за извршување на најголемиот број претставени активности во БиХ. Во Србија и во Хрватска тоа е лаптопот. Во сите три набљудувани земји, таблетот е на најнискиот степен на употреба.

Тоа што нас најмногу нè интересира е кој од уредите најмногу се користи за интернет-купување. Тоа дефинитивно е лаптопот во сите три земји! Знаејќи дека пенетрацијата на лаптопот е околу 70 отсто во сите три земји (во групата на активни интернет-корисници на кои е работено ова истражување), ова ги става тие земји на исто ниво. Застапеноста на интернетот е, исто така, речиси на исто ниво во сите три држави, што значи дека тие се еднакво позиционирани за пошироко усвојување на начинот на интернет-купувањето. Со други зборови, постојат услови за пошироко усвојување на интернет-купувањето. Сега, топката е на страната на понудата!

Извор: www.umww.com


 
 
 
 
back to top