IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Среда, 25.04.2018 || Domaine Lepovo Grand Cuvée светски шампион  |  Повторна продажба на имотот на компанијата „Малина“  |  „Хајнекен“ оствари солиден количински пораст  |  „Агрокор“ продолжува непречено да работи од 15 јули?  |  „П & Г“ презеде дел од портфолиото на „Мерк“ за 3,4 милијарди евра  |  „Гринјард“ бара снабдувачи во Македонија  |  „Сите сити“ - нов систем за донирање вишок храна  |  Медицинска опрема од „Жито лукс“ за четири болници  |  Во „Веро“ - Тафталиџе бесплатен паркинг 30 минути  |  „Млин и пекара Љубаче“ со нова инвестиција  |  Natur Premium пристигнува на македонскиот пазар  |  „Монделез“ вложува 90 милиони евра во „фабрика на иднината“  |  „Рамстор“ го отвори 25.маркет  |  „Хенкел“ отвори нова фабрика Somat во Крушевац  |  „Сан Пелегрино“ со приход од 895 милиони евра  |  „Карфур“ ги отвори првите пунктови испорака за пешаци  |  „Персу“ ги повика локалните производители да соработуваат  |  „Кимберли Кларк“ ќе го проширува капацитетот во Алабама  |  „Витамин“ на саемот во Мостар  |  Владимир Косијер нов генерален директор на „Пивара Скопје“  |   ||
   

Даница Зорин Мијошек: Победничкиот адут е природа

30.11.2012
Регионално интервју со: Даница Зорин Мијошек, директорка и сопственичка на „Козметика Афродита"
 
Разговараше: Игор Ѓуровиќ, 

Легендата вели дека крилестиот коњ Пегаз во Рогашка Слатина удрил на подот со копитото и оти од земјата излегла лековита вода. Како што вели нашата соговорничка, не е случајно што грчката божица на убавината и љубовта станала заштитен знак на угледното претпријатие. На подрачјето козметика може да се мери со најголемите производители на козметички производи во светот.

Под брендот „Козметика Афродита", стар повеќе од 42 години, настануваат нови производи што ги следат најсовремените светски трендови. Во понудата имате над 600 производи и секоја година на пазарот лансирате повеќе од 20 нови.

Скромната понуда на козметички производи на пазарот предизвика да се создаде првиот производ за нега на лице – кремот од камилица, што значеше темел за развојот на козметиката, секако под брендот „Козметика Афродита". Со јасно поставени цели, првиот козметички салон го отворивме во центарот за рехабилитација во Рогашка Слатина, кој е познат како престижно место за закрепнување и лечење, а тој е успешен и денес. Во тоа време, тоа значеше освежувачка понуда за тогашните здравствено-туристички понуди на местото што угостуваше многу посетители од соседните европски држави.

Како почнавте и кога го отворивте вашиот прв козметички салон?

Почетоците беа полни со ентузијазам, а посетители на мојот салон беа генерално странци со високи козметички мерила. Во понудата на козметички препарати не најдов соодветни производи и поради тоа почнав да размислувам за сопствено производство. Успеав да ја остварам и од првата мала лабараторија денес прераснавме во компанија што вработува околу 140 луѓе. На почетокот многу успешно стартувавме со продажбата во државите од поранешна Југославија, а Србија, со 90% од пазарниот удел беше наш најважен купувач. Со осамостојувањето на Словенија тој огромен пазар преку ноќ се затвори, па моравме да се пренасочиме на други пазари, каде води Хрватска, а по неа следуваат и Србија, Босна и Херцеговина итн. 

Во што е тајната на вашиот успех во однос на вашите производи и кои се вашите најсилни адути?

Нема тајна. За успех е потребна добра идеја и огромен труд и работа. Барем такво беше моето искуство. Успехот на нашите производи е резултат на тоа што на основа на квалитетни природни состојки, во комбинација со сопственото знаење и примената на иновации, се создаваат формули за крајни производи. Затоа, тие се добри за кожата и дејствуваат со очекуваниот ефект, таму каде што на кожата тоа ѝ е потребно. Можам да кажам дека на сопствените иновации сме многу горди и затоа во нив секоја година инвестираме сè повеќе, а многу енергија вложуваме и во постојана доедукација на нашите вработени. Наши најуспешни производи се оние со антицелулитно дејство. Можам да се пофалам дека по продажба се сместуваме меѓу водечките производители на антицелулитни производи на словенечкиот и хрватскиот пазар. Друг силен адут ни се производите за нега на лице, каде што во последните години дејствуваме со сопствени иновации на подрачјето на лифтинг-кремови со брзо дејствување за мазнење на кожата.
 
Секако, нашите најнови производи се со хијалурон и единствената минерална лековита вода од Рогашка Слатина. Последната линија „Хидра Термал" е доказ дека во производството на козметички производи навистина можеме да се мериме со светските производители.

Очигледно, многу инвестирате во технологија и развој.

Секако. Производството на козметика се темели на високотехнолошки развиени и хигиенски чисти процеси што под строги стандарди ги воведуваме и во „Козметика Афродита". Развојот на производите е долготраен процес што почнува во развојните лаборатории. Нашето претпријатие го нарекуваме и тинк-тенк. Тоа е дел од комплексноста на лабораториите, каде што дејствуваат и контролните и микробиолошките лаборатории, каде што вршиме строга контрола на квалитетот и микробиолошки надзор. 
 
Ги следиме сите работни процеси: од влезот на суровини до полупроизводи, па сè до конечни производи. Целокупното производство е автоматизирано, се води компјутерски и затоа нема грешки во работните процеси. Развојот на еден производ може да трае и до две години. Затоа, понекогаш е многу тешко да се снајдете меѓу конкуренцијата и постојано да бидете иновативен и притоа актуелен.
 
Прочитајте повеќе во печатеното и електронското издание на InStore бр.2...



 
 
 
 
back to top