IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Среда, 18.07.2018 || Добивката на „Плантаже“ изнесува 2,4 милиони евра  |  „Ошан“ воведе гласовен четбот за вино и храна  |  Нова франшизна продавница „Шпар партнер“  |  Специјално пиво по повод средбата Трамп-Путин  |  Доделени првите грантови за домашни компании  |  „Карлсберг“ отвора нова пиварница  |  Кинези ќе градат индустриски парк за овошје и зеленчук  |  Нов ИнфоЛогистички центар во Љубљана  |  „Велпро“ ќе ги поддржува малите трговци  |  Белград стана побогат за уште еден dm  |  Резултатите на „Пепсико“ се подобри од очекуваните  |  Кратошија меѓу најдобрите вина на британскиот пазар   |  „Интермарше“ за постари лица  |  Повисоки трошоци за живот и малопродажни цени во јуни  |  „Бимилк“ подари ново место за спорт и рекреација  |  „Унилевер“ го купи бугарскиот бренд сладоледи Denny  |  „Нилсен“ именуваше нов раководител за Јадранскиот Регион  |  „Макпрогрес“ на „Summer Fancy Food Show“  |  „Перно Рикар“ ќе дистрибуира безалкохолен џин  |  Продажба на алкохолни пијалаци во секое време  |   ||
   

Д-р Роман Гласер: Најголемиот капитал е квалитетот

22.05.2013
Д-р Роман Гласер, претседател на управата и генерален директор на „Перутнина Птуј"

Најголемиот капитал е квалитетот

Каква беше работната 2012-та и што беше причината за црвените бројки минатата година?
Работната средина во 2012 година беше исцрпувачка. Наспроти условите кои не ни беа наклонети, „Перутнина Птуј" ја зацврсти развојната цел да биде пазарен лидер во поширокиот регион што се однесува на сегментот пердувести животни. Така, реализиравме сè уште неревидирана продажба во висина од 261,8 милиони евра, а важно е да се нагласи дека беше постигнат приход пред оданочување (EBITDA) во висина од речиси 25 милиони евра, што е за 30% повеќе од минатата година. Тоа ја покажува стабилноста на групацијата „Перутнина Птуј". Особено ако го земеме предвид аргументот дека маржата на EBITDA порасна на 9,5%, што „Перутнина Птуј" ја сместува на врвот на светските произведувачи на месо. Јасно е дека работењето во минатата година го завршивме позитивно и во согласност со плановите.
 
Темелите за подобро работење што сега се укажуваат ги подготвивме уште во 2010 година, по објавувањето на анализите и по реорганизацијата на групацијата. На повеќе од 20 различни пазари во 2012 година продадовме речиси 80 милиони килограми месо и преработки од месо. Тоа значи дека постојано растеме и тоа токму во подрачјето на основната дејност на „Перутнина Птуј" – производство и преработка на месо.

Без оглед на сè, бевме истрајни во поглед на квалитетот на производите на „Перутнина Птуј", а истовремено, со оптимизирањето на внатрешните работи, ги намаливме трошоците, ги селектиравме купувачите и пазарите и одредивме кадровска оптимизација. По анализите, оптимизацијата и реорганизацијата пред две години, го оптимизиравме работењето, ги намаливме функционалните трошоци и ја подобривме комуникацијата. Уште посилни резултати ни дадоа намалувањето на процесите и трошоците.

Според некои податоци на ниво на матичното претпријатие треба да имате половина милион евра профит, но сите ваши претпријатија не се еднакво успешни. Можете ли да оцените кои се најдобри, а кои најслаби?
Како матично претпријатие, „Перутнина Птуј" во 2012 година реализираше 139,4 милиони евра чист приход од работењето и 2,3 милиони евра профит пред одредувањето на даноците. Со негативни резултати 2012 година во Словенија ја завршија три поврзани претпријатија, додека останатите во оваа држава работеа позитивно. На ниво на групацијата „Перутнина Птуј" реализиравме 261,8 милиони евра и половина милион добивка. Секако, за тоа најголем придонес има матицата што ја следат партнерите од Хрватска, Босна и Херцеговина и Србија. Сите деловни резултати директно се поврзани со моменталните економски и пазарни услови. Со оглед на тоа што работењето на „Перутнина Птуј" е составено од четири столба (преработка, земјоделство, сточарство и услуги), очекувавме различни услови во околините на работење на поединечните претпријатија и затоа со работната политика ја нагласивме насоченоста во нашата основна дејност – преработка на безбедна, здрава и квалитетна храна од месо.

Каква е соработката со трговците на домашниот пазар и на пазарите од регионот?
Во „Перутнина Птуј" на новите пазарни услови се приспособивме на два начина. Од една страна, со интернационализација на нашето работење и со сегментација на нашето портфолио на производи, со што се обидуваме да ги задоволиме потребите на сите сегменти на потрошувачите, од оние што бараат многу, до ценовно најчувствителните. Продажните резултати ни покажуваат дека успеавме во тоа. Реализиравме 46 отсто од сите приходи од месо и производи од месо. Тоа значи дека со трговските синџири имаме воспоставено редовни релации, особено поради нашата производствена позиција, што на потрошувачко ниво е многу изразена и нè класифицира на врвот во сегментот преработки од месо. Инаку, во 2012 година на сите пазари и преку сите продажни канали (големопродажба и малопродажба) реализиравме 3 отсто поголема продажба во однос на претходната година. Во 2012 година месните преработки и производите од месо претставува 84 отсто од приходите од продажбата во групацијата „Перутнина Птуј". Гледано во регионот на југоисточна Европа и во Европската унија, со постигнатите 71 отсто од приходите од продажбата на основната програма веќе се поминати 29 отсто од приходите во Словенија.

Во регионот направивте неколку стратешки пресврти, а во БиХ, односно во Србија ги реорганизиравте, односно го намаливте бројот на претпријатијата. Можете ли да ни го објасните тоа?
Со оптимизација на внатрешните процеси почнавме уште во 2012 година, кога почувствувавме дека глобалната криза нема само да продолжи, туку и ќе се продлабочи. Со реорганизацијата што интензивно ја спроведувавме минатата година, ги намаливме трошоците, ги селектиравме купувачите и пазарите и создадовме кадровска оптимизација. По анализите, оптимизацијата и реорганизацијата, ја оптимизиравме работата на целата групација „Перутнина Птуј", ги намаливме функционалните трошоци и ја подобривме комуникацијата. Оценките покажаа промени на пазарите во Босна и Херцеговина, Србија и во Словенија. Го консолидиравме бројот на претпријатијата во Босна и Херцеговина и во Србија, каде што седум претпријатија ги реорганизиравме во две. Во БиХ споивме пет поврзани претпријатија. На тој начин делумно ги неутрализиравме високите влезни трошоци поради дивеењето на цените на стратешките суровини.

Проблематиката на неквалитетната, а ценовно посоодветна храна е навистина жешка, нели?
Прашањето за безбедноста на храната и нивото на понудата што во последно време е актуелно, не е прашање на технологијата на прехранбената преработувачка индустрија, туку на односот кон потрошувачот и одговорноста за сето она што се работи. Во „Перутнина Птуј" почнавме со имплементацијата на системот КБС (квалитет, безбедност, следење), што го спроведовме пред дваесет години кога квалитетот значеше нешто сосема друго. Воведовме следење до потрошувачот. Така, на секоја амбалажа на единица подготвено месо или на цело пиле купувачот секогаш може да види кој е одгледувачот, односно на која фарма било одгледано месото. Со ова тогаш направивме голем скок во изградбата, односно во утврдувањето на долгорочната доверба на потрошувачите.


Повеќе можете да прочитате во печатеното и електронското издание на InStore бр.7


 
 
 
 
back to top