IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Четврток, 26.04.2018 || Марко Абрамовиќ е новиот генерален менаџер на „Сојапротеин“  |  Ефикасна даночна администрација и олеснување на царинските процедури  |  „Алкалоид“ - полигон за идните хемичари и фармацевти  |  Производството на вино најниско во последните 60 години  |  „Кока-кола“ со зголемена продажба во првиот квартал  |  Прв „Стокомак“ во Прилеп  |  Domaine Lepovo Grand Cuvée светски шампион  |  Повторна продажба на имотот на компанијата „Малина“  |  „Хајнекен“ оствари солиден количински пораст  |  „Агрокор“ продолжува непречено да работи од 15 јули?  |  „П & Г“ презеде дел од портфолиото на „Мерк“ за 3,4 милијарди евра  |  „Гринјард“ бара снабдувачи во Македонија  |  „Сите сити“ - нов систем за донирање вишок храна  |  Медицинска опрема од „Жито лукс“ за четири болници  |  Во „Веро“ - Тафталиџе бесплатен паркинг 30 минути  |  „Млин и пекара Љубаче“ со нова инвестиција  |  Natur Premium пристигнува на македонскиот пазар  |  „Монделез“ вложува 90 милиони евра во „фабрика на иднината“  |  „Рамстор“ го отвори 25.маркет  |  „Хенкел“ отвори нова фабрика Somat во Крушевац  |   ||
   

Биљана Филиповска: Напред кон природата

17.12.2015

Алтернативните модели за поврзување на потрошувачите со производителите се произлезени од потребата да се дадат одржливи одговори и решенија на проблемите со кои се соочува светот и производството на храна денес.

Автор: Биљана Филиповска, основач на Прва задруга на потрошувачи на органска храна „Наша добра земја", www.dobrazemja.org

Од поголемите предизвици на денешнината, би можеле да се истакнат: прекумерното (неповратно) загадување од земјоделството и изумирање на почвата; загадување преку транспорт на производите; загадување на подземните води; отуѓување и целосна раздвоеност на консументите од производителите на храна (однос без доверба, пополнет со маркетинг и со многу пестициди); пораст на нееднаквоста – големите доминираат и загадуваат, а малите пропаѓаат и не можат да се изборат за да опстанат; зголемување на бројот на луѓе со прекумерна тежина, а истовремено и зголемување на бројот на гладните во светот...

Во развиените земји јавно се дискутира за овие проблеми, како и за тоа кое е најодржливото системско долгорочно решение. Или, како што луѓето во засегнатите кругови си го поставуваат прашањето, како да им оставиме здраво наследство на нашите внуци?

Алтернативните модели за купопродажба, како одговор на овие проблеми, самоиницијативно почнуваат да се дефинираат во светот уште во 1970 година во Јапонија, по 80-тите години се развиваат и во Европа и во Канада, а во последните години и на Балканот (во Хрватска и неодамна во Македонија). Нивната цел не е само да ја остварат својата практична цел на постоење (на пример, набавка на органска храна), туку членувањето во нив е и директен начин за изразување критицизам кон актуелниот доминантен начин на одгледување храна.

Едно од главните начела на алтернативните модели за набавка на храна е производот да овозможи директна врска меѓу купувачот и личноста што ја произвела храната, а со тоа и со земјата што реално ја „одгледала" таа храна.

Во различни земји, овие иницијативи носат различно име (на пример, во Хрватска се наречени групи за солидарна размена) и може да имаат мали разлики во начинот на организација. Сепак, нивниот вредносен систем секаде е сличен или ист.

Задругите (или кооперативи, како што се наречени во западните земји) се групи од граѓани кои се здружени формално или неформално. Членовите на задругата се и нејзини сопственици, со право на глас, кој се стекнува преку еднократен паричен влог и се враќа во целост, доколку некој од членовите одлучи да замине. Со тоа, секој член има директно влијание врз начинот на кој се раководат активностите во задругата. Доколку се оствари профит со работењето, тој се користи во согласност со статутот на задругата, т.е. во согласност со принципите на нејзиното постоење.

Задругите може да бидат мали, со 50 членови, но има и такви што вработуваат по десетици илјади (на пример, „Мондрагон" во Шпанија и „Џон Луис партнершип" во Англија). Ако задругата е регистрирана, тогаш таа подлежи на законите за трговски друштва, а неформалните групи функционираат волонтерски и непрофитно. Структурата на управување и во едниот и во другиот случај е хоризонтална и одлуките се носат транспарентно, со учество на членовите. Во ценовната политика, креирањето на цените е фер и прифатено од двете страни (и од производителот и од потрошувачот).

Социократскиот принцип е консензус, на некој начин. Се аргументира и се дискутира сè додека сите можат „да живеат" со одлуката, се волонтира на фармите и се создава однос на доверба и на договор со производителот. Храната веќе не претставува само потреба, туку и зближување со природата. Од друга страна, поинаку се гледа на процесот на производството и тој се цени повеќе.

Во насока на зголемување на одржливоста и на подобрување на еколошкиот печат, задругите се стремат кон целосно исфрлање од употреба на амбалажниот материјал (особено пластиката), целат кон целосна рециклажа и повторна употреба на материјалот што може да се користи (ротација на амбалажата со производителите), а се организираат и акции за собирање амбалажа.

 
 
 
 
back to top