IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Сабота, 20.10.2018 || Тридневна дружба на вработените на „Макпрогрес“  |  „Лакталис“ го купува „Нестле“ во Малезија за 40 милиони долари   |  Трговците избраа ТОП 100 производи  |  Милијардер купи удел во Starbucks  |  Перутнина Птуј“ ќе продава салами во САД   |  „Метро Бугарија“ воведува автентични млечни продукти  |  Сертификати за компаниите што се фер со потрошувачите  |  „Унилевер“ нема да се сели во Холандија   |  Трговците бираат топ 100 производи   |  Битола стана дел од големиот проект „Coca-Cola Активни зони“   |  Производителите на чоколадо се насочуваат кон Исток   |  Трошоците на живот на месечно ниво намалени, на годишно имаат раст   |  Расте добивката на „ПепсиКо“   |  „Нестле“ е заинтересиран да купи бренд за минерална вода  |  Германските трговци продаваат преку интернет   |  Нов „Стокомак“ во Тетово  |  Експресна услуга на нова локација во Струга  |   Увозот на храна расте побрзо од извозот   |  Во септември пад на светските цени на храната   |  „Фуд стар“ ќе извезува пилешко месо во Кина   |   ||
   

Билјана Костов Жежовска: Пред витрината

17.02.2014
Механизмите и додатоците што се наменети за витрините треба да ги заменат сите квазирешенија, што можеме да ги видиме прилепени за витрините или вметнати во производот. Со професионалните механизми и додатоци, витрината добива префинет изглед, а маркетот повисока вредност. Продажбата може да се зголеми и до 15%.

Пишува: М-р Билјана Костов Жежовска, извршен директор на „Маркето Солутионс"
 
Продолжуваме со секцијата свежо месо, деликатесни и млечни производи, како и риба, односно делот каде што производите се изложени во ладилници/витрини. Вие како потрошувач стоите пред нив, а од другата страна ве служи персонал.

Еден од најважните моменти во оваа секција е нагласувањето на свежиот изглед на производите, што се изложени за продавање. Ова треба да го сфатиме како уметност на подредување на производите и постојана грижа за овој дел, од страна на продажниот персонал.

Сведоци сме дека во големите супермаркети, а веќе и во хипермаркетите, овие витрини се големи и долги, каде што се изложени многу производи. Секој производ треба да има изразен назив на производот, што е лесно читлив, а треба да има и потекло на производот и цена. Табличката или касетата што ги содржи овие информации треба да се однесува на вистинскиот производ, односно секогаш да го следи соодветниот производ. Додатоците што се поставени хаотично можат да предизвикаат збунетост и кај потрошувачот и кај продажниот персонал.

На пример, кога стоите пред разладната витрина и се двоумите кој производ да го одберете, не ви е пријатно секогаш и за сè да го прашувате лицето од другата страна, затоа што зад вас чека друг потрошувач. Поедноставно е кога информацијата ја имате веднаш пред вас.

За таа цел, денес се користат таблички, касети или дисплеи на информации, со фиксни броеви или називи. Со промена на означувачите, едноставно и практично се означува вистинската информација на производот. Од друга страна, успешен начин за означување се и табличките за рачно испишување со маркер. И овој начин може да биде практичен и флексибилен. Во оваа секција, најчесто применуваните означувачи за цени се со црна или некоја друга темна боја, од причини што можат лесно да се извалкаат од храната.

Како што споменав во минатиот број, постојат различни видови на естетски механизми, со што се постигнува професионално изразување на информацијата. Истовремено, просторот визуелно се збогатува и станува повпечатлив за окото на потрошувачот.

Освен додатоци за означување на цените на производите, постојат и означувачи во витрината, со што може да се изрази акција, промоција или бесплатна дегустација на производите. На сликата бр. 1 можеме да забележиме дека постојат специјални држачи за храна, како и за акциска промоција (слика 2, 3 и 4). Почесто се оди на варијанта да се намали човечкиот фактор во процесот на продавање, а сепак потрошувачот да биде задоволен.

Уште еден важен систем што има значително влијание на задоволството на купувачите е системот за протокол на потрошувачите, односно системот за ред на чекање. Со ваков тип на систем, на потрошувачите им се дава слобода да се движат низ просторот, додека чекаат нивниот број да дојде на ред. Истражувањата покажуваат дека 88% од потрошувачите го користат времето на чекање за да пазарат други артикли, сè додека нивниот број не се појави на екранот.
На крајот, сакам да порачам дека механизмите и додатоците што се наменети за витрините, треба да ги заменат сите квазирешенија, што можеме да ги видиме прилепени за витрините или вметнати во производот. Со професионалните механизми и додатоци, витрината добива префинет изглед, а маркетот висока вредност. Продажбата може да се зголеми и до 15%.


 
 
 
 
back to top