IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Среда, 24.01.2018 || „Карлсберг“ мора да плати пазарна цена за уделот во „Хабеко“  |  Норвешкиот амбасадор ја посети фабриката „Књаз Милош“  |  И „Сеинсберис“ ќе крати менаџерски позиции  |  „Карфур“ ја објави визијата за 2022 година  |  „Амазон“ ги објави 20 потенцијални локации за новото седиште  |  „Теско“ затвора 1.700 менаџерски работни места  |  Мрежата на „Профи“ достигна 700 објекти  |  „АЦ фуд“ го купува последниот дел од имотот на „Агрокомерц“  |  „Шпар“ - Словенија ја претстави онлајн-продавницата  |  Отворен е првиот „Амазон гоу“ за потрошувачите  |  Промоција на Fuzetea, бренд достапен и на македонскиот пазар  |  Нов „Алди-М плус“ во Гевгелија  |   „Бивода“ планира извоз во Македонија и во Грција  |  Престижен орден од Финска за Светозар Јаневски  |  „Мигрос“ останува лидер, најголем скок во интернет-каналот  |  „Биедронка“ станува сè посилна  |  „Тривит“ ги презеде постројките на пекарницата „Алимпије“  |  „Плодине“ го отворија 81. продажен центар   |  „Гомекс“ планира отворање на 30 продавници  |  „Бел фуд груп“ го презема „Хугли“  |   ||
   

Билјана Костов-Жежовска: На касата во супермаркетот

16.09.2014

Во случај кога потрошувачот треба да потроши малку или, пак, малку повеќе од своето време на касата, прашање е како и за ова време да го направиме среќен и задоволен. Кои се можностите што ги нуди просторот на и околу касите за остварување на дополнителна продажба?

Пишува: М-р Билјана Костов Жежовска, извршен директор на „Маркето Солутионс"

Потрошувачот се упатува кон излезот, односно кон касите во супермаркетот каде што најчесто се чека ред. Како да се искористи оваа секција да биде максимално корисна и за двете страни?

Факт е дека во одредени периоди од денот или, пак, за време на празници посетеноста во супермаркетите е значително зголемена, а линијата на чекање кај касите долга. Супермаркетите се карактеристични по големиот број каси кон кои се упатува потрошувачот, држејќи ја за кошницата за пазарење полна со производи во рака или туркајќи ја количката за пазарење. Прво би сакала да се фокусирам на означувачите на касите. Дали би било згодно за потрошувачот, односно колку би бил потрошувачот задоволен доколку веднаш увиди која каса е слободна или, пак, на која каса линијата е најкуса?

Имајќи го предвид денешното темпо на живот со сигурност велам дека потрошувачот ќе биде презадоволен доколку го скрати времето за пазарење. Во денешната ера на модерна технологија странските примери од големите синџири на супермаркети, како што се оние во Америка, Австралија и во други високоразвиени земји, велат дека светлосните и звучните означувачи на редот на чекање на касите се значителна придобивка за потрошувачите. Тензијата е намалена, потрошувачите се порелаксирани, па дури и фокусирани на екстра пазарење. Едноставно, со овие системи се постигнува потрошувачот веднаш да увиди која каса е празна, која е затворена, која е преполна, која е брза, која е самопослужувачка и слично.

Во случај кога потрошувачот треба да потроши малку или, пак, малку повеќе од своето време на касата, прашање е како и за ова време да го направиме среќен и задоволен. Кога сме веќе во светот на напредната технологија, совршените светски примери говорат за исклучителен успех во визуелната комуникација од типот на видео- и аудио-монитори поставени на редот на чекање со цел да се привлече вниманието на потрошувачот додека чека. Истиот ефект се постигнува доколку се постават видео или печатени реклами на антените што се поставени покрај секоја каса при излез од супермаркетот. Исклучителна можност е да се промовира еден бренд, нов производ, моментална промоција или акција, местото на продажба и слично. Оваа технологија овозможува максимална искористеност на просторот за рекламирање, намалување на трошокот и флексибилност во поглед на изложување на една реклама.

Не треба да заборавиме и на гумите за џвакање, бонбоните, освежителните пијалаци, сладоледот, списанијата и останатите категории на производи по кои потрошувачот без размислување посегнува додека чека на каса, бидејќи во моментот добива желба за нив. Истражувањата покажуваат дека над 80% од потрошувачите го користат времето на чекање за да пазаруваат други артикли, за кои реално немале намера да ги купат.

Да се навратам пак на денешната брза динамика на живот каде што времето е скапоцено и од овој аспект менаџирањето на супермаркетите се стремат да го задоволат потрошувачот максимално. Совршен пример е „Карфур" во Франција што меѓу првите светски лидери во Европа ги примени самопослужувачките каси, каде што потрошувачите сами ги отчукуваат своите производи, сами ги пакуваат и сами ги наплатуваат.

Редот на чекање супермаркетите исто така можат да го искористат и во поглед на истражување, како што е примерот на поставување на електронски анкети за соодветни прашања од типот на тоа колку потрошувачот е задоволен од пазарењето во конкретниот супермаркет, дали е задоволен од персоналот, дали долго се задржал или слично. Овие електронски уреди се поставуваат пред или по касата, на екранот се прикажува конкретното прашање и со еден клик потрошувачот одговара. На лесен начин се собираат вредни податоци во врска со мислењето на клиентите, со што се идентификуваат потенцијалните подобрувања. Оваа технологија заштедува време, пари и човечки ресурси, а дава точни и свежи информации за тоа што мислат потрошувачите.

За крај, би сакала да повторам дека супермаркетот е место во кое потрошувачот мора да се чувствува релаксирано, да биде максимално услужен, веднаш да ја добие битната информација и да замине задоволен.

РАМКА:

За компанијата:

„Маркето Солутионс" е специјализирана компанија за опрема на секаков вид на продажни места, од мали продавници до големи супермаркети. Основната цел на компанијата е да го подобри квалитетот на секојдневното пазарење со користење на најсовремена технологија и опрема за димензионирање и организација на продажните места.

ДОО „Маркето Солутионс"

Адреса: Сервисна зона Југ, реон 40, Скопје

Телефон: 02/2777-507; 070/306-656

Е-пошта: biljana@marketo.com.mk

Веб-сајт: www.marketo.com.mk

 


 
 
 
 
back to top