IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Среда, 24.01.2018 || „Амазон“ ги објави 20 потенцијални локации за новото седиште  |  „Теско“ затвора 1.700 менаџерски работни места  |  Мрежата на „Профи“ достигна 700 објекти  |  „АЦ фуд“ го купува последниот дел од имотот на „Агрокомерц“  |  „Шпар“ - Словенија ја претстави онлајн-продавницата  |  Отворен е првиот „Амазон гоу“ за потрошувачите  |  Промоција на Fuzetea, бренд достапен и на македонскиот пазар  |  Нов „Алди-М плус“ во Гевгелија  |   „Бивода“ планира извоз во Македонија и во Грција  |  Престижен орден од Финска за Светозар Јаневски  |  „Мигрос“ останува лидер, најголем скок во интернет-каналот  |  „Биедронка“ станува сè посилна  |  „Тривит“ ги презеде постројките на пекарницата „Алимпије“  |  „Плодине“ го отворија 81. продажен центар   |  „Гомекс“ планира отворање на 30 продавници  |  „Бел фуд груп“ го презема „Хугли“  |  „Фереро“ го купува американскиот кондиторски сегмент на „Нестле“  |  „Маркс & Спенсер“ го продаде бизнисот во Хонг Конг  |  „Лакталис“ повлекува 12 милиони пакувања млеко за бебиња  |  „Атлантик група“ ја презема дистрибуцијата на „Марс“  |   ||
   

Благоја Муканов: Прецизно земјоделство (втор дел)

12.10.2016
Развој на овоштарството и на сточарството

Предизвиците со кои се соочуваат овоштарството и сточарството преставуваат извор на нови пазари за компаниите во ИК-индустрија. Оние компании кои ќе изработат решение што ќе ги амортизира или целосно елиминира проблемите со кои се соочуваат фармерите, може да остварат значајни економски резултати

Автор: М-р Благоја Муканов, директор и главен консултант, „АГФутура Технологии"

Покрај потенцијалот во градинарството и потсекторот на винова лоза и производство на вино, опишан во претходниот број на InStore, овоштарството и сточарството се дополнителни сектори на кои е потребно да се обрне особено внимание. Кога зборуваме за пазарен капацитет, тоа не се однесува само на финансиската способност на корисниците да купат одредено решение во областа на информатичките и комуникациските (ИК) технологии, туку и на капацитетот на корисниците да можат да го прифатат и да го имплементираат решението во своето индивидуално земјоделско стопанство (ИЗС) или  компанија. Ова пред сѐ се однесува на знаењето на фармерите да користат ИК-технологии (компјутери, паметни телефони и други мобилни уреди), расположливоста на ИК-уреди кои може да се приспособат на барањата на ИК-решенијата за прецизно земјоделство како и инфраструктурата за ИК-технологии во средините во кои тие живеат. 

Македонија располага со солидна инфраструктура (интернет и 4Г-технологија) во руралните средини, што е услов за лесна апсорпција на ваков тип решенија. Дополнително, користењето паметни телефони и други мобилни уреди кои овозможуваат брз пристап до интернет, покажува постојан пораст како во урбаните, така и во руралните средини.

Овоштарството опфаќа 5,5 отсто од вкупната обработлива земјоделска површина во Република Македонија. Овој потсектор во земјоделството покажува значаен пораст во последната деценија. Од 2007 година до 2015 година, овоштарството бележи пораст од 29 проценти и она што е уште позначајно, овој пораст е континуиран. Вкупниот број на стопанства што се занимаваат со оваа земјоделска култура е 32.971, во кои доминираат (99 отсто) ИЗС, во споредба со учеството на компаниите. Во поглед на површините, ИЗС обработуваат 87 отсто од вкупните површини под овоштарници, односно 17.336 хектари. Доминантните видови овошки што се одгледуваат во овој потсектор се јаболката и сливата, кои покриваат 60,2 отсто, односно 10.428 хектари.
 
Ваквите состојби во овоштарството се резултат на неколку фактори. Од аспект на технологијата на производството, овие култури се многу поедноставни во однос градинарските, како и сточарството. Трошоците за земјоделски репроматеријали (ѓубриво, пестициди, семе), како и трошоците за работна сила се значително помали во однос на други позначајни земјоделски потсектори. Дополнително, интензитетот на работата во текот на годината е сведен на многу пократок период од тој што е потребен да се вложи во другите култури. Во услови на нестабилни земјоделски пазари и континуиран пораст на цената на земјоделските влогови, ова се едни од водечките фактори за пораст на овој земјоделски потсектор. Од аспект на ИК-технологиите и концептот на прецизно земјоделство, секторот овоштарство е значаен поради тоа што постои голем простор за подобрување на продуктивноста и на конкурентноста, кои може да се експлоатираат со овој тип технологии. Имено, овој потсектор во Македонија покажува преголема употреба на средства за заштита на растенијата, која, според истражувањата на УНДП, неколкупати ги надминува  дозволените граници. 

Дополнително, овој регион бележи екстремно високи количества на азот во почвата, поради примена на несоодветни методи на исхрана на овие култури. Исто така, поради недоволно користење на современи технологии на наводнување, во значителна мера се загрозени расположливите количества вода. Ваквата состојба влијае негативно врз економијата на фармите, а што е уште поважно и врз здравјето на луѓето и на животните. Во констелација на вакви фактори, земјоделците се ставени пред сериозен предизвик како да ја подобрат економијата на своето земјоделско стопанство, особено земајќи го предвид фактот што европските регулативи во оваа сфера се во значајна мера конзервативни. 

Токму овие предизвици во овоштраството преставуваат пазар за ИК-компаниите. Тие решенија што ќе овозможат намалување на трошоците за заштита на растенијата, трошоците за исхрана и ќе го намалат количеството на употребувана вода, ќе бидат во значајна мера прифатени од страна на фармерите. Атрактивноста на овие решенија се зголемува доколку во нив се инкорпорирани стандардите за животна средина на ЕУ, а свое влијание ќе има и приспособливоста решенијата на менталитетот и на степенот на општо и на техничко образование на крајните корисници. 

Сточарството како земјоделски потсектор е уште една гранка во земјоделството која во просек покажува стабилност. Овој потсектор се состои од три носечки дејности, а тоа е одгледување говеда, овци и свињи.

Секторот говедарство полека се враќа на нивото на 2011 година, кога бројката на грла била 265.299, а сега изнесува 253.442 грла. Дека постои интерес за вложување во оваа гранка, покажува фактот дека и покрај млечната криза во 2008 година, овој сектор покажува одредена стабилност. Секторот свињарство се враќа на нивото од 2011 година (196.570) на 195.443 грла свињи кои ги има сега. Овчарството покажува поголема нестабилност, која не е загрозувачка. Овој потсектор во сточарството бележи пад од 4 отсто во однос на 2011 година со моментална бројка 733.510 грла овци. Податоците од минатото покажуваат дека овој потсектор има многу повеќе потенцијал, имајќи предвид дека некогаш се одгледувале и до 2 милиони грла овци.
 
Како и во другите земјоделски потсектори, така и во сточарството, постојат одредени предизвици што претставуваат значаен пазарен потенцијал за компании кои вложуваат во современи технологии во земјоделството, вклучувајќи ги тука и ИК-технологиите. Во секој од овие сектори, локалната расположливост на сточната храна и нејзината цена се дел од проблемите што се провлекува во последните две децении.
 
Високата цена на сточната храна која произлегува од сѐ уште ниската продуктивност по хектар, во значајна мера влијае на профитабилноста во сточарството. Позитивен сигнал претставуваат специјализираните програми за финансиска поддршка на системите за наводнување (капка по капка) за овој тип култури, чија примена покажува зголемување на продуктивноста и за 100 отсто. Како дополнителни предизвици во сферата на сточарството, поточно овчарството, преставува недостигот на луѓе за надгледување на големите стада (овчари), како и транспорт на овчото млеко од тешко достапните трла и леандри до местото на обработка. Дополнително, за сите три подгранки во сточарството, контролата на болестите на животните и цената на ветеринарните услуги преставуваат значајни предизвици што континуирано може да се забележат во еден подолг временски период. 

Како и во случајот на овоштарството, така и во сточарството, токму предизвиците преставуваат извор на нови пазари за компаниите во ИК-индустрија. Тие компании што ќе изработат решение што ќе ги амортизира или целосно ќе ги елиминира овие проблеми со кои се соочуваат фармерите, може да остварат значајни економски резултати. 



 
 
 
 
back to top