IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Вторник, 16.10.2018 || Тридневна дружба на вработените на „Макпрогрес“  |  „Лакталис“ го купува „Нестле“ во Малезија за 40 милиони долари   |  Трговците избраа ТОП 100 производи  |  Милијардер купи удел во Starbucks  |  Перутнина Птуј“ ќе продава салами во САД   |  „Метро Бугарија“ воведува автентични млечни продукти  |  Сертификати за компаниите што се фер со потрошувачите  |  „Унилевер“ нема да се сели во Холандија   |  Трговците бираат топ 100 производи   |  Битола стана дел од големиот проект „Coca-Cola Активни зони“   |  Производителите на чоколадо се насочуваат кон Исток   |  Трошоците на живот на месечно ниво намалени, на годишно имаат раст   |  Расте добивката на „ПепсиКо“   |  „Нестле“ е заинтересиран да купи бренд за минерална вода  |  Германските трговци продаваат преку интернет   |  Нов „Стокомак“ во Тетово  |  Експресна услуга на нова локација во Струга  |   Увозот на храна расте побрзо од извозот   |  Во септември пад на светските цени на храната   |  „Фуд стар“ ќе извезува пилешко месо во Кина   |   ||
   

Алеш Мозетич: Можен влез во Македонија

19.11.2015
Алеш Мозетич, претседател на управата на „Дон дон"

Разговараше: Игор Ѓуровиќ, igor@instore.mk
 
Компанијата „Дон дон" со бизнисот почна во Метлика, пред дваесетина години и таму е развиен првиот бренд Tvojih pet minuta. Во 2003 година се рашири на пазарот во Хрватска, а од 2008 година станува водечко претпријатие во Србија. „Дон дон" има околу 2.000 вработени, работи во Словенија, Хрватска, Србија, БИХ, Црна Гора, Бугарија и во Романија, а наскоро можеби и во Македонија. За пораст во пекарската индустрија, досега се инвестирани 50 милиони евра, а следната година планира дуплирање на таа вредност.

Колку му плативте на „Меркатор" за купување на „Пекарна Гросупље"? Каде уште имате производство? 
Имаме некаков џентлменски договор, па вредноста на купопродажниот договор со „Меркатор" останува деловна тајна. Во Гросупље купивме уште две земјишта, за со напредокот на новите технологии да имаме можност за развој. Во Словенија дејствуваме уште во Крањ, во Хрватска и на уште десетина локации во Србија.

Сè почна во подрачното претпријатие во Метлика, како продолжи развојот на компанијата?
На почетокот од деведесеттите години на минатиот век, во Словенија имаше голема претприемничка еуфорија, па така и нашето семејство се одлучи за својот пат. Бидејќи речиси во секоја гаража имаше поплава од различни продавници, ние се одлучивме за производство. По идејата што ја добивме при посетата во САД и обидот да произведуваме американски крофни, тоа се разви со производство и на друга понуда. Бргу се раширивме низ цела Словенија. Во 1998 година, го создадовме брендот Tvojih pet minuta, а во 2003 ја отворивме фабриката во Хрватска. На овие два пазари работевме сè до 2008 година, кога почнавме со работа и во Србија, каде не градевме, туку презедовме компании, купувајќи ги.

„Дон дон" во Србија е една од водечките компании во пекарската индустрија, а во вашите фабрики дневно се произведуваат околу 350.000 векни различни видови леб. Што најмногу придонесе за успех?
Само желбата за напредок и за развој, како и за зачувување на квалитетот. Бројката сега изнесува 600.000 векни леб, а во Србија имаме погон ПДМ во Пударци, сопственици сме на поголемиот дел од „Житопек" во Ниш и на „Житопродукт" во Крагуевац. Работиме уште и во погоните во пекарницата „Фиделинка" во Суботица, Лесковац", АД „Пекарство" во Краљево, „Житопродукт" во Зрењанин и во погонот во Јаково.

Цената, барем кога станува збор за потрошувачката на леб, е многу силен аргумент за купувачите, зарем не? Како ќе го свртите тој тренд во поглед на конкуренцијата?
Со воведување нови технологии, без адитиви, со минимална содржина на квасец, а последниот тренд е леб без квасец, со нови рецептури, а многу се работи и на старите сорти пченица. Што се однесува на конкуренцијата, убеден сум дека е добро да постои и дека и понатаму ќе се здружуваат и ќе се консолидираат. Што се однесува до производите, тука секогаш се очекува нешто повеќе. Не е работата во тоа само да се наполни желудникот, туку има нешто друго, дополнително. И структурата на производите се менува. Се сеќавам дека кога бев малечок, семејството за ручек јадеше „три килограмски" векни леб, а денес само една. Луѓето ги менуваат своите навики и лебот ни значи нешто повеќе од тоа само да не бидеме гладни. Ние мора да бидеме тие што ќе ги менуваме трендовите, а мора да бидеме и способни да работиме со досега докажани производи, да ја промениме големината, да ги правиме помали и попривлечни.

Во продажбата важна улога имаат трговските синџири, особено дисконтите, а сè повеќе има и мали пекарници од странство?
Во Словенија се отвори проблем, ако можам така да кажам, со отворањето дисконти, каде засега ние не сме присутни. Со нивното доаѓање на пазарот, тие донесоа и многубројни производи што досега ги немало. Во Србија дисконти веќе нема. Нашата понуда во Словенија и во Хрватска досега се дополнуваше и се однесуваше на крофни и на сендвичи. Што се однесува на конкуренцијата, таа е добредојдена, да работиме уште подобро, за да се задржиме на пазарот и за да победуваме. 
Следната година отворате нова линија. Дали ли да се очекува отворање на ваши продавници, освен во Србија, и на друго место?
„Пекарна Гросупље" има многу модерна технологија и споменатиот количествен пад на потрошувачката на лебот, ќе се обидеме да го замениме со дополнителна понуда. Како секое слично големо претпријатие кое настапува на некој пазар, ќе создадеме синергиски ефекти, бидејќи без оглед на сè, пазарите на Балканот се многу различни. 

Навиките за прехрана, што се однесува на консумацијата на лебот и на белите печива, во Србија и во Црна Гора се многу различни отколку, на пример, во Словенија. Затоа и таму отвораме мали пекарници, додека во Словенија не планираме да се натпреваруваме во овој сегмент. Може да почнеме со работа и во Македонија, но таа можност допрва ќе ја разгледаме. 
 
Групацијата „Дон дон" има цели што се поделени на краткорочни, во траење од две години, и долгорочни, што траат пет години. Сепак, пред сè, сакаме да ги консолидираме процесите и да ги искористиме сите можности што ги добивме со преземањето на „Пекарна Гросупље".

 „Пекарна Гросупље" создава дури 95 отсто од 25 милиони евра годишен приход. Бидејќи „Агрокор" не работи во пекарската дејност, тоа за Вас е голема шанса, бидејќи досега во Хрватска имавте пазарен удел од 3 отсто (во Словенија од 17 отсто, во Србија дури 21 отсто...)
Со купувањето на „Пекарната Гросупље", станавме најголемото пекарско претпријатие во регионот, а во Гросупље се наоѓа центарот за север. Веќе следната година, во Словенија планираме почнување на проектот „Претест", што се однесува на новата технологија. Со ова ќе се овозможи нова линија за производство на леб и на бели печива, чии карактеристики се да имаат помалку додатоци и да останат свежи неколку дена подолго, да имаат подобар мирис и вкус. Тоа ќе биде голем проект, а доаѓањето на новите производи на пазарот ќе трае повеќе години. Ќе продолжиме да ги развиваме другите брендови на „Пекарна Гросупље". Во Хрватска оваа пекарница веќе почна да ја продава новата програма и „Дон дон" сега може да ја покрие целата територија, а доставата отсега е многу полесна. 

Во врска со преземањето на „Пекарна Гросупље", рековте дека ќе вработите нови луѓе, а со тоа и технологијата ќе биде пренесена и на другите филијали, зарем не?
Точно е, тоа беше една од т.н „убави" преземања. Таму имаме 217 вработени, а во следните две години планираме уште 50 нови вработувања. Со оглед на тоа што сме ограничени во поглед на далечината, на пазарите во Србија, БИХ, Црна Гора, Романија и во Бугарија ја пренесовме технологијата на „Пекарна Гросупље" и таму ќе произведуваме, за потоа да ги продаваме производите преку нашите сестрински претпријатија. Веруваме дека таков начин и квалитет на производите сакаат и заслужуваат сите потрошувачи во споменатите земји. 

Имате ли во план гринфилд-инвестиции или нови преземања во Србија?
По преземањето на „Пекарна Гросупље", имаме план, до 2017 година, во Крагуевац да отвориме фабрика за тост-лебови. Освен тоа, сакаме да отвориме околу 1.000 сопствени продавници, како синџир од мали пекарници.

Каков е планот со другите држави и инвестициите, со оглед на тоа дека имате 2.000 вработени, работите во Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Бугарија и во Романија и досега сте инвестирале 50 милиони евра?
Што се однесува до другите инвестиции, планираме да продолжиме со преземање во Романија и во Бугарија, а севкупно планираме новите инвестиции да достигнат дополнителни 50 милиони евра. Со особен акцент на зајакнување на развојот во трговските синџири.

Планирате ли уште некоја докапитализација? Дали сè уште сте заинтересирани за „Млинотест"?
Не, во моментов, зад нас се две докапитализации и сметаме дека тоа би било сосема доволно. Всушност, во докапитализацијата станува збор за сопственичко вложување и за кредитен капитал. 

За „Млинотест" одговорот е не. Тоа е завршена приказна, во прашање е локално преземање и не се за продавање.

Борбата со „Жито" ја изгубивте од „Подравка", за многу или за малку?
За многу. „Жито" е друга приказна и него и не можевме да го добиеме, бидејќи понудија многу повеќе, дури 30 отсто.

Вашата конкуренција од Словенија, со лебот од хељда стигна дури во Скандинавија? Дали сте размислувале за пласирање на своите производи и на тие пазари? Особено сега, кога знаеме дека од април, четвртина од вашето сопствеништво е на фински паричен фонд?

Можеби некогаш, иако во тоа не верувам. Во моментов не планираме. Поважно е за нас во шест држави да имаме удел од 30 отсто, отколку во една држава еден отсто.



 
 
 
 
back to top