IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Среда, 24.01.2018 || „Амазон“ ги објави 20 потенцијални локации за новото седиште  |  „Теско“ затвора 1.700 менаџерски работни места  |  Мрежата на „Профи“ достигна 700 објекти  |  „АЦ фуд“ го купува последниот дел од имотот на „Агрокомерц“  |  „Шпар“ - Словенија ја претстави онлајн-продавницата  |  Отворен е првиот „Амазон гоу“ за потрошувачите  |  Промоција на Fuzetea, бренд достапен и на македонскиот пазар  |  Нов „Алди-М плус“ во Гевгелија  |   „Бивода“ планира извоз во Македонија и во Грција  |  Престижен орден од Финска за Светозар Јаневски  |  „Мигрос“ останува лидер, најголем скок во интернет-каналот  |  „Биедронка“ станува сè посилна  |  „Тривит“ ги презеде постројките на пекарницата „Алимпије“  |  „Плодине“ го отворија 81. продажен центар   |  „Гомекс“ планира отворање на 30 продавници  |  „Бел фуд груп“ го презема „Хугли“  |  „Фереро“ го купува американскиот кондиторски сегмент на „Нестле“  |  „Маркс & Спенсер“ го продаде бизнисот во Хонг Конг  |  „Лакталис“ повлекува 12 милиони пакувања млеко за бебиња  |  „Атлантик група“ ја презема дистрибуцијата на „Марс“  |   ||
   

Алеш Лисац: Го имате ли тој оддел во вашата продавница?

21.04.2015
Зборувам за оддел што службено не постои во ниту една продавница. Меѓутоа, тој оддел често се појавува неслужбено и бројот на вработени во него може да биде многу голем.
 
Автор: Алеш Лисац, „Лисац & Лисац", info@lisac-lisac.s
 
 
Станува збор за одделот за намалување на продажбата!
 
Тој оддел се појавува во различни облици, од кои ќе ги наброиме само оние што се најчести:
• Продажниот персонал е со лошо расположение и не се грижи за купувачите.
• Веб-страницата за нарачка на онлајн-продавницата е толку комплицирана, што на неа тешко ќе се снајде дури и доктор на науки.• Работното време е толку успешно одбрано, што поголемиот број од купувачите никогаш не доаѓаат навреме во продавницата.
• Правилата што продавачите мора да ги почитуваат се премногу и нереални, паголем број од клиентите не купуваат, едноставно – се откажуваат и одат на друго место.
• Одделот за намалување на продажбата не постои, бидејќи целата негова функција ја врши правната служба на претпријатието.• Ако во претпријатието тој оддел недостасува, тогаш овде се надворешните доставувачи за да го надоместат. Се одбираат партнери кои го уништуваат целото уживање во купувањето (услуга, достава итн.).
 
Се надевам дека ќе стекнетеподобра претстава ако наведам неколку примери. Веќе свикнавме на продавачи кои се во лошо расположение, на кои не им се продава, на кои од купувачи им е „преку глава". За жал, тие сè уште се далеку од тоа да бидат „вид во изумирање". Должноста на шефовите е да ги отстранат тие продавачи од продавниците. Една американска приказна на таа тема... При една од обиколките на паркот „Дизни" во Флорида, директорот отпуштил неколку десетици вработени, бидејќи тие на лицата ја немале препознатливата Дизниева насмевка. Знам дека тоа не е едноставно, особено не кај нас. Исто така, не сум експерт низа тоа како вработените треба да се подготват да бидат љубезни и насмеани. Но, сите ќе се согласиме дека вработените со лошо расположение и без насмевка ја намалуваат продажбата.
 
Веќе свикнавме на продавачи кои се во лошо расположение, на кои не им се продава, на кои од купувачи им е „преку глава". За жал, тие сѐ уште се далеку од тоа да бидат „вид во изумирање". Должноста на шефовите е да ги отстранат тие продавачи од продавниците.
Постојат голем број онлајн-продавници со комплицирани формулари за нарачка, кои ниту докторите на науки не знаат како да ги пополнат. А кога барем некој би одговорил на мејл?! Тој факт навистина е интересен –претпријатијата поставуваат онлајн-продавници, а самите тие не се ни обидуваат да купат нешто од сопствената продавница. Кога само би се обиделе, ќе сфатат колку е комплицирано. Домашна задача за сите нас, кои го читаме ова! Да купиме нешто од сопствената (онлајн) продавница и да видиме како изгледа тоа искуство.
 
Работното време е нешто што треба да го приспособиме кон купувачите. Особено ако многумина од нив се болни. Но, аптекарите тоа не го знаат. Побргу ќе најдете дежурна туристичка агенција, отворена бензинска станица, отколку дежурна аптека. Кај нив одделот за спречување на купувањето е толку силен, што тие порадо би биле затворени.
 
Пример на нереални, крути продавачи во минатото, практично, доживеале сите жени. Кога купувале костими за капење, се случувало тие да имаат преголем задник и премали гради, или обратно. Продавачите не сакале да им ги продаваат долниот или горниот дел од костимот од различни конфекциски броеви. Една продавачка на мојата сопруга (веднаш по породувањето) ѝ рече: Госпоѓо, секоја втора се обидува да ме измами и да купи горен и долен дел со различни броеви. Сепак, мислам дека одделот за намалување на продажбата во поголемиот дел од продавниците за костими за капење и за долна облека веќе е укинат.
 
Правните служби честопати се виновни поради тоа што огласите не се доволно продажно насочени. Правниците попрво би почнале со ситен печат и продажната порака би ја изоставиле. Знам дека мора да ги слушаме, мора да си го кажат своето, но добрите продавачи не прават сè според советите на правниците.
 
Последниот пример на оддел за намалување на продажбата се разните доставувачи што соработуваат со претпријатието. На пример, ако ги доставувате производите по пошта, оној што го испорачува производот може на клиентот да му остави одличен впечаток, но може и сè да расипе. Затоа, не е сеедно кој и на каков начин ги доставува вашите производи. Слично е, на пример, ако продавате прозорци... оној што ги монтира, всушност, е тој што остава најголем (добар или лош) впечаток кај клиентите.
 
Може да се случи само една ситница да уништи сè. Еден љубљански хотел пред една година пред својот паркинг-простор постави рампа и почна да наплаќа. Резултат? Многу бргу продажбата се намали, а конгресниот дел и ресторанот загубија најмногу. Сето тоа поради алчниот оддел за зголемување на продажбата, кој сакал да воведе наплата за паркинг...
 
Почитувани мои, размислете добро дали и вие го имате тој оддел. Ако го имате, отстранете го. Колку порано – толку подобро.

 
 
 
 
back to top