IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Понеделник, 22.01.2018 || Нов „Алди-М плус“ во Гевгелија  |   „Бивода“ планира извоз во Македонија и во Грција  |  Престижен орден од Финска за Светозар Јаневски  |  „Мигрос“ останува лидер, најголем скок во интернет-каналот  |  „Биедронка“ станува сè посилна  |  „Тривит“ ги презеде постројките на пекарницата „Алимпије“  |  „Плодине“ го отворија 81. продажен центар   |  „Гомекс“ планира отворање на 30 продавници  |  „Бел фуд груп“ го презема „Хугли“  |  „Фереро“ го купува американскиот кондиторски сегмент на „Нестле“  |  „Маркс & Спенсер“ го продаде бизнисот во Хонг Конг  |  „Лакталис“ повлекува 12 милиони пакувања млеко за бебиња  |  „Атлантик група“ ја презема дистрибуцијата на „Марс“  |  Пазарџиите ќе работат со лиценци  |  „Агрокор“ ја демантира продажбата на маркетите „Конзум“  |  „Нестле“ го продава кондиторскиот сегмент  |  „Кауфланд“ ќе отвори 15 супермаркети во Молдавија  |  „Волмарт“ ја зголемува платата на работниците  |  „Скопски пазар“ излегува од бизнисот со маркети  |  Тина Пухало Грладиновиќ нов директор на „К пивовари“  |   ||
   

Александрос Данилидис: Ги менуваме правилата на игра

15.10.2015
Александрос Данилидис, директор на „Хајнекен" – Србија

Разговараше: Ана Филиповиќ, ana@instore.rs

Компанијата „Хајнекен" – Србија, во Зајечар, е производител на кој активно работи во две пиварници. Производството и логистиката се извршуваaт во Нови Сад и во Зајечар. Пиварницата во Зајечар е горда на својата долгогодишна традиција и на пиварската умешност што датираат уште од 1895 година, а пиварницата во Нови Сад е една од технолошки најразвиените во регионот.

Според зборовите на директорот Александрос Данилидис, од компанијата се многу горди поради постојаното постигнување на сè подобри резултати во врска со сите клучни показатели во работењето. 

Повод за разговор со него е прославата за јубилејот на „Зајечарска пивара" која оваа година прославува 120 години постоење и работа, а можноста ја искористивме да дознаеме од него уште некои податоци поврзани со работењето и со идните планови.

Оваа година „Зајечарска пивара" прославува 120 години постоење. На кој начин го одбележавте јубилејот?

Како што доликува! Со голема прослава во центарот на градот, заедно со нашите вработени, со нашите партнери, како и со луѓето од Зајечар. Сигурен сум дека на сите им беше чест и задоволство да учествуваат во прославата на овој прекрасен јубилеј – патување долго 120 години!

Какви резултати остварува Зајечарско на домашниот пазар и дали сте задоволни со нив?

Резултатите од брендот Зајечарско на пазарот се одлични. Ни се чини многу задоволителен фактот што потрошувачите ја наградуваат нашата одлука да произведуваме брендови со врвен квалитет, кои ги нудиме со јасна и конзистентна ценовна политика. Зајечарско е доказ дека големите маркетиншки кампањи не се пресуден фактор за успех, туку тоа се одличниот квалитет и искрен и доследен пристап кон потрошувачите и кон пазарот.

Дали и понатаму ќе го подржувате пласманот на Зајечарско на странските пазари и дали е во план проширување на списокот извозни пазари? Кои пазари се во план?

Производите со врвен квалитет и достапни цени може да биде клучен фактор за економски пораст во Србија преку извозот. Зголемувањето на извозот е еден од столбовите на нашиот развој. Ние веќе пласираме свои производи на 10 различни пазари и имаме јасно изграден план за пораст во наредните години. Зајечарско е достапно во повеќе земји во регионот, а во последно време добиваме барања од Австрија и од Русија и очекуваме дека многу бргу ќе почнеме да извезуваме и на тие пазари.

Имате ли во план проширување на капацитетот на „Зајечарска пивара"?

Веќе почнавме голема инвестициска програма во пиварницата во Зајечар која ќе опфати повеќе сегменти во нашето работење. Планираме да вложиме од 15 до 20 милиони евра во следните четири години и морам да нагласам дека тоа претставува голема програма за создавање нови вредности за нашата компанија, локалната заедница и за српската економија.

Дали, генерално сте задоволни од пазарното учество на „Хајнекен" на српскиот пазар?

Компанијата „Хајнекен" – Србија ги промени правилата на игра на српскиот пазар, а потрошувачите и пазарот ја наградија нашата стратегија. Ние сме единствен производител на пиво со постојано висок пораст, како и со силен позитивен тренд според сите резултати. Нашата мисија не е нужно да бидеме први, туку да бидеме најдобри! Довербата што потрошувачот ја покажува на нашите производи дополнително ја зајакнува нашата посветеност кон тоа константно да произведуваме брендови, како и услуги со врвен квалитет, по најдобри цени.

Кои брендови постигнуваат најдобри резултати?

Зајечарско и Heineken се предводници на нашиот пораст, но исто така сме задоволни со резултатите што ги постигна Amstel, многу успешно е лансиран брендот Weifert, како и од резултатите на PilsPlus на југ и на запад од државата. Сајдерот број 1 во светот Strongbow исто така е лансиран ова лето и добрите резултати што ги постигнуваме се силен сигнал за понатамошен развој.

Дали имате податоци за количеството пиво што во Србија е испиено од почетокот на годинава и дали можете да направите споредба со податоците од минатите години?

Потрошувачката е на исто ниво како и минатата година. Ние се обидуваме да изградиме пивска култура и да ги поттикнеме потрошувачите во Србија да истражат различни понуди на производи и вкусови што ги нудиме и тоа секогаш да биде на одговорен начин. Поради тоа многу вложуваме во програми како што е Heineken Star Serve, која ја открива тајната магија на правење пиво. Нашата цел не е да продадеме што е можно повеќе, туку потрошувачите да уживаат во различните вкусови, секогаш на одговорен начин и во најдобри услови.

Како работеше Вашата компанија во споменатиот период?

Порастот поголем од 20 отсто, постигнувањето пазарен удел во цела Србија и остварувањето поголем обрт и добивка, ни даваат право да бидеме многу задоволни. Исто така, и временските услови беа погодни така што можеме да заклучиме дека имаме најдобри услови за постигнување исклучително добри резултати годинава.

Дали подобри резултати постигнувате во трговските синџири или во каналот хорека?

Нашите резултати се сè подобри во сите сегменти на пазарот во Србија. Во хорека секторот нашиот напредок е видлив, но и понатаму има простор за напредување.

Каде гледате простор за зголемување на пазарниот удел?
Нашата конечна цел е пораст на задоволството на нашите потрошувачи. Ако успееме во Србија ним да им понудиме брендови и вкусови кои инспирираат, нашиот пазарен удел може да порасне во сите региони, канали или пригоди.
 
Дали радлерите во летната сезона го „одземаат" пазарот на пивото и неговата консумација?

И покрај поволните временски услови, сметам дека радлерите не постигнаа добри резултати. Однесувањето на потрошувачите може лесно да се промени и тоа е најважниот тест за иновации. Радлерите имаа фантастична година кога ги лансиравме, но оваа категорија не успеа да остане силна. Ова е поука за сите производители на пиво, иако јас и понатаму сметам дека оваа категорија има свое место во иднина. 

Кои се најголемите консументи на радлери?

Главно, тоа се помладата популација и жените. Генерално, тоа се луѓе кои повеќе претпочитаат послаб и поблаг вкус.

На пазарот сè повеќе се присутни сајдерите. Дали нив ги гледате како закана?

Сајдерите ги гледаме како можност. На почетокот од сезоната го лансиравме Strongbow, сајдер број 1 во светот, и очекуваме дека категоријата ќе се зголеми и во текот на следната година.

На потрошувачите „Хајнекен" им е познат по уште еден сегмент – многубројни општествено одговорни акции и спонзорства. Која е целта на овие активности?

Основната цел на овие активности е промовирање на одржлив начин на работење. Вложуваме во луѓе, во нашите пиварници, како и во заедницата во која работиме. Еден од нашите клучни приоритети е промоција на одговорна консумација. Во согласност со тоа, оваа година на белградскиот Beer fest, трета година по ред, во партнерство со ГСП од Белград, ја организираме општествено одговорната кампања „Друштво, кој вози дома?". Повеќе од 100.000 луѓе бесплатно ги користеа автобусите Heineken на четири линии и безбедно стигнаа до своите домови. Оваа акција е дел од нашата мисија за промовирање општествено одговорна консумација и за подигнување на нивото на безбедноста.

Како го гледате понатамошниот развој на групацијата во Србија и каде ја гледате компанијата за 10 години?

Нашата мисија е да бидеме први и најдобри. Сакаме да изградиме успешна организација што ќе создава нови вредности за луѓето, локалната заедница, за српската економија, но и за сите заинтересирани страни.

 
 
 
 
back to top