IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Среда, 24.01.2018 || „Амазон“ ги објави 20 потенцијални локации за новото седиште  |  „Теско“ затвора 1.700 менаџерски работни места  |  Мрежата на „Профи“ достигна 700 објекти  |  „АЦ фуд“ го купува последниот дел од имотот на „Агрокомерц“  |  „Шпар“ - Словенија ја претстави онлајн-продавницата  |  Отворен е првиот „Амазон гоу“ за потрошувачите  |  Промоција на Fuzetea, бренд достапен и на македонскиот пазар  |  Нов „Алди-М плус“ во Гевгелија  |   „Бивода“ планира извоз во Македонија и во Грција  |  Престижен орден од Финска за Светозар Јаневски  |  „Мигрос“ останува лидер, најголем скок во интернет-каналот  |  „Биедронка“ станува сè посилна  |  „Тривит“ ги презеде постројките на пекарницата „Алимпије“  |  „Плодине“ го отворија 81. продажен центар   |  „Гомекс“ планира отворање на 30 продавници  |  „Бел фуд груп“ го презема „Хугли“  |  „Фереро“ го купува американскиот кондиторски сегмент на „Нестле“  |  „Маркс & Спенсер“ го продаде бизнисот во Хонг Конг  |  „Лакталис“ повлекува 12 милиони пакувања млеко за бебиња  |  „Атлантик група“ ја презема дистрибуцијата на „Марс“  |   ||
   

Александар Антиќ: Треба да се имаат во понуда

19.04.2016
Коренест зеленчук

Доколку сте сопственик на продавница во маало, погрижете се во асортиманот секогаш да имате барем морков, корен од целер, пашканат и магдонос...

Автор: Александар Антиќ, anticaca@gmail.com

Најважни видови во групата коренест зеленчук се: морков, целер, цвекло, пашканат и корен од магдонос. Доколку сте сопственик на продавница во маало, погрижете се во асортиманот секогаш да имате барем морков, корен од целер, пашканат и магдонос. Овие видови, најмногу се користат во готвењето, а често се заборава на нив при купувањето на пазар. Така, домаќинките ќе го ценат тоа доколку може да ги купат кај вас. Во поглед на другите видови коренест зеленчук, вашата понуда приспособете ја на потребите на вашите купувачи и на просторот што сте во можност да го одвоите за овошје и за зеленчук.

Морковот е дефинитивно најважниот коренест зеленчук кај нас, а во понуда може да се најде во текот на целата година. При набавката внимавајте корените да се цели, без видливи механички оштетувања и оштетувања од штетници и без симптоми на други болести. Во текот на чувањето, морковот бара висок степен на влажност на воздухот за да се избегне дехидрацијата. Дехидрираниот корен ќе го препознаете по тоа што е мек и лесно може да се свитка, наместо да е кршлив и цврст. Најчесто транспортно пакување на морковот се најлонски вреќи од 5 килограми. Внимавајте тие да се перфорирани за да се избегне труење од собирањето влага внатре во вреќата. Исто така, не натрупувајте многу резерви доколку немате можност, вака пакувани, да ги чувате во студен магацин. Уште една работа на што треба да внимавате при набавката се механичките оштетувања на корените кои непосредно по миењето се тешко забележливи, но доколку внимателно ги прегледате, ќе забележите бели дамки на местото на ударот. Дамките потсетуваат на гребнатини, а по некое време тие ќе потемнат и на нив ќе може да се развие гниење.

Коренот од целер бележи стабилна побарувачка во текот на целата година, но како и морковот најмногу се троши во текот на студените месеци. Корените на целерот треба да бидат цели, еднакви според големината, чисти и со скинати листови до основата. Нивниот пречник треба да биде од 6 до 9 сантиметри. При набавката внимавајте корените да немаат празнини или места што почнале да омекнуваат. Освен овие очигледни недостатоци, корените мора да бидат без зацврстени целулозни влакна, така што мора да расечете неколку парчиња. Вообичаено, транспортното пакување на целерот е во мрежеста вреќа од 5 до 6 килограми.

Цвеклото има значајно место во подготовката на зимница, а станува сѐ поинтересно како состојка за свежи салати и за сокови. Корените од цвеклото мора да бидат исчистени од земјата и еднакви според големината и бојата. Листовите треба да бидат искинати на околу 1 сантиметар од коренот, а коренот, пак, не треба да има механички оштетувања. На пресек, месото на коренот треба да биде сочно, еднакво по боја и без присуство на бели прстени. Како и кај целерот, и кај цвеклото не смее да има цврсти целулозни влакна што на месото му даваат жилавост. Пречникот на коренот на цвеклото од прва класа треба да се движи од 5 до 8 сантиметри. Вообичаено, транспортното пакување на цвеклото е мрежеста вреќа од 5 килограми. 

Пашканатот и коренот од магдонос не се толку значајни според количеството, но се редовни состојки во супите и во манџите, па поради тоа и чести производи во кошниците на потрошувачите. И пашканатот и магдоносот мора да имаат корења што се чисти, свежи, сочни и цели, еднакви според обликот и големината и без чатали. Во двата случаја корењата не треба да имаат симптоми на болести, механички или оштетувања од штетници. Пречникот на коренот на пашканатот треба да се движи од 30 до 50 милиметри, додека на магдоносот, тој е помал, и изнесува од 15 до 30 милиметри. Кај пашканатот листовите се отстрануваат до основата, додека кај магдоносот тие се оставаат, но мора да бидат свежи, без оштетувања и без присуство на болести и штетници. Вообичаените пакувања се мрежести вреќи од 5 килограми, но пашканатот и магдоносот може да се најдат во понуда и пакувани во соодветен сад или во комбинација со некој друг зеленчук.



 
 
 
 
back to top