IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Петок, 20.07.2018 || „Луксол“ повторно работи  |  Трговски vs А-брендови  |  „Волмарт“ се повлекува од јапонскиот пазар  |   Нови бензиски пумпи на КТЦ  |  Добивката на „Плантаже“ изнесува 2,4 милиони евра  |  „Ошан“ воведе гласовен четбот за вино и храна  |  Нова франшизна продавница „Шпар партнер“  |  Специјално пиво по повод средбата Трамп-Путин  |  Доделени првите грантови за домашни компании  |  „Карлсберг“ отвора нова пиварница  |  Кинези ќе градат индустриски парк за овошје и зеленчук  |  Нов ИнфоЛогистички центар во Љубљана  |  „Велпро“ ќе ги поддржува малите трговци  |  Белград стана побогат за уште еден dm  |  Резултатите на „Пепсико“ се подобри од очекуваните  |  Кратошија меѓу најдобрите вина на британскиот пазар   |  „Интермарше“ за постари лица  |  Повисоки трошоци за живот и малопродажни цени во јуни  |  „Бимилк“ подари ново место за спорт и рекреација  |  „Унилевер“ го купи бугарскиот бренд сладоледи Denny  |   ||
   

Александар Антиќ: Што е за дисквалификација?

18.12.2015
Стандардите за квалитет се создадени за да се олесни трговијата со овошје и со зеленчук, но ниту еден од нив не е доволно флексибилен за да го спречи непотребното фрлање на визуелно непривлечните плодови.

Автор: Александар Антиќ, anticaca@gmail.com

Голем број истражувања покажуваат дека од 30 до 50 отсто од храната што се произведува, никогаш не стигнува до трпезата. Иако на нашите простори не се спроведени анализи што би ги потврдиле наведените податоци, не постои причина да веруваме дека состојбата овде е подобра отколку онаа на многу поразвиените пазари. Од овошјето и од зеленчукот се фрла огромно количество, поради тоа што плодовите немаат идеален изглед. Верувам дека секој од нас имал можност да ги вкуси „непривлечните" плодови и да се увери дека нема позначајна разлика меѓу нив и оние „убавите".

Во претходните текстови пишував за стандардите за квалитет и за потребата на купувачите да им се понуди стока што ќе ги исполнува нивните барања. Сите тие стандарди за квалитет пропишуваат и параметри во врска со изгледот на плодовите и ги дисквалификуваат „грдите" плодови. Стандардите за квалитет се создадени за да се олесни трговијата со овошје и со зеленчук, но ниту еден од нив не е доволно флексибилен за да го спречи непотребното фрлање на визуелно непривлечните плодови.

На тој начин се појавува одредено количество плодови, кое би можеле да го наречеме „вонкласно". Тие плодови не ги исполнуваат параметрите во однос на изгледот, но истовремено, ги задоволуваат сите други стандарди за квалитет и вистинска загуба би било да завршат како отпад или, во најдобар случај, како количества за преработка, односно финансиски расход за производителите.

Во суштина, не постои причина поради која неугледните плодови не би требало да се најдат на полиците во продавницата. Секако, овие плодови не можат да имаат иста цена како и на изглед совршените. Нивната цена треба да биде пониска. Но, овие плодови не смеат да бидат искористени за кај потрошувачот да создадат лажна слика дека станува збор за органски производи или  за „непрскани", како што производителите и трговците честопати истакнуваат. Едноставно – ако сакате да ги продавате овие плодови, бидете искрени кон муштериите, одредете реални цени и „грдите" ќе го најдат патот до потрошувачот.

Многумина се прашуваат дали овие плодови имаат недостатоци поради кои би требало да се одбегнуваат. Доколку на плодовите нема симптоми од болести, механички оштетувања, оштетувања од штетници или од друг вид, нема причина тие да се сметаат за „лоши" во однос на „убавите", освен од аспект на изгледот. 

На одлуката на купувачот дали ќе ги избере „грдите", најмногу ќе влијае начинот на кој тој планира да ги искористи, но и колку ќе треба да фрли при нивната подготовка. На пример, ако муштеријата купува пиперки за сечкање, за него не е важно дали тие имаат правилен облик. Исто така, кога го лупи компирот, честопати тој ќе мора да фрли повеќе доколку кртолата е со неправилен облик. На крај, сè се сведува на степенот на искористување и на тоа дали разликата ќе ја оправда заштедата. 
Она што како продавач никако не смеете да го дозволите, е да продавате плодови што почнале да се распаѓаат или плодови што не ги исполнуваат параметрите за квалитет (присуство на симптоми за болести, гнилеж, оштетување од штетници и сл.), кои би можеле да ја намалат нивната употребна вредност или да го загрозат здравјето на купувачот.

„Грдите" плодови мора да имаат пониска цена од плодовите од прва класа, а тоа може да го искористите и во преговорите со доставувачите. Освен тоа, на тој начин ќе се справите и со неизбежното натрупување и со расходот на „грдите" плодови во продавницата, што е невозможно целосно да се избегне и при целосна контрола на квалитетот при приемот.

За авторот:

Александар Антиќ дипломирал на Земјоделскиот факултет во Земун на одделот за овоштарство и лозарство.
Автор е на блогот „Агроавантура" – https://agroavantura.wordpress.com/





 
 
 
 
back to top