IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Среда, 24.01.2018 || „Карлсберг“ мора да плати пазарна цена за уделот во „Хабеко“  |  Норвешкиот амбасадор ја посети фабриката „Књаз Милош“  |  И „Сеинсберис“ ќе крати менаџерски позиции  |  „Карфур“ ја објави визијата за 2022 година  |  „Амазон“ ги објави 20 потенцијални локации за новото седиште  |  „Теско“ затвора 1.700 менаџерски работни места  |  Мрежата на „Профи“ достигна 700 објекти  |  „АЦ фуд“ го купува последниот дел од имотот на „Агрокомерц“  |  „Шпар“ - Словенија ја претстави онлајн-продавницата  |  Отворен е првиот „Амазон гоу“ за потрошувачите  |  Промоција на Fuzetea, бренд достапен и на македонскиот пазар  |  Нов „Алди-М плус“ во Гевгелија  |   „Бивода“ планира извоз во Македонија и во Грција  |  Престижен орден од Финска за Светозар Јаневски  |  „Мигрос“ останува лидер, најголем скок во интернет-каналот  |  „Биедронка“ станува сè посилна  |  „Тривит“ ги презеде постројките на пекарницата „Алимпије“  |  „Плодине“ го отворија 81. продажен центар   |  „Гомекс“ планира отворање на 30 продавници  |  „Бел фуд груп“ го презема „Хугли“  |   ||
   

Александар Антиќ: Не се може без овошје и зеленчук

17.08.2015
 

Це­ни­те на овие про­из­во­ди дра­стич­но ва­ри­ра­ат во те­кот на се­зо­на­та, но тре­ба да се оче­ку­ва по­раст на це­ни­те ка­ко што по­ми­ну­ва се­зо­на­та.

Автор: Александар Антиќ, anticaca@gmail.com

По се­зон­ски­те овош­ја и зе­лен­чук, вре­ме е да се за­поз­на­е­ме и со ви­до­ви­те кои се нај­важ­ни во оваа ка­те­го­ри­ја, а тоа се: ја­бол­ко, ком­пир, кро­мид и мор­ков. Пред сè, овие ви­до­ви се ка­ра­кте­ри­стич­ни по дол­го­то чу­ва­ње, го­ле­ми­от обем на про­ме­тот ко­га е во пра­ша­ње ко­ли­чес­тво­то, но и ре­ла­тив­но ни­ски­те це­ни. Ре­тко се слу­чу­ва це­ни­те на овие про­из­во­ди дра­стич­но да ва­ри­ра­ат во те­кот на се­зо­на­та, но тре­ба да оче­ку­ва­те тренд на по­раст на це­ни­те кон кра­јот на се­зо­на­та. Мо­же да се ка­же де­ка це­ни­те на овие про­из­во­ди се ме­ну­ва­ат на сед­мич­но ни­во, а по­не­ко­гаш се ста­бил­ни по­долг вре­мен­ски пер­и­од, што осо­бе­но е наг­ла­се­но кај мор­ко­вот.

Ја­бол­ко­то е нај­важ­но­то кон­ти­нен­тал­но овош­је, а вто­ро е по обем на тр­го­ви­ја­та по ба­на­на­та. Кај нас нај­про­да­ва­на сор­та е ај­да­ред, а поз­на­чај­ни се злат­ни­от де­ли­шес, гре­ни смит, јо­на­голд, цр­вен де­ли­шес, а во пос­лед­но вре­ме сè по­ве­ќе е по­пу­лар­на сор­та­та га­ла. Ко­га е во пра­ша­ње ква­ли­те­тот, пло­до­ви­те мо­ра да би­дат здра­ви, со пра­ви­лен об­лик, без оште­ту­ва­ња од бо­ле­сти и од штет­ни­ци или симп­то­ми на не­га­тив­ни про­ме­ни што се ја­ву­ва­ат при чу­ва­ње­то. Обо­е­ни­те сор­ти мо­ра да го има­ат сте­пе­нот на обо­е­ност ка­ра­кте­ри­сти­чен за нив. За обо­е­ни­те нај­че­сто ми­ни­му­мот е од 40 до 50 про­цен­ти обо­е­ност на це­ла­та по­вр­ши­на на пло­дот (ај­да­ред, цр­вен де­ли­шес...), а кај по­мал­ку обо­е­ни­те сор­ти од 20 до 40 от­сто (јо­на­голд). Ко­га е во пра­ша­ње го­ле­ми­на­та, на на­ши­те про­сто­ри оп­што е при­фа­те­но де­ка пр­ва­та кла­са во ди­ја­ме­тар мо­ра да има нај­мал­ку 70 мм, до­де­ка нај­ви­со­ка­та гра­ни­ца спо­ред го­ле­ми­на­та до­стиг­ну­ва 90 мм. Тре­ба да се има пред­вид де­ка нај­до­бри ка­ра­кте­ри­сти­ки во пог­лед на ква­ли­те­тот и на чу­ва­ње­то по­ка­жу­ва­ат пло­до­ви­те со ка­ли­бра­жа од 70 до 80 мм. Овие пло­до­ви нај­до­бро се чу­ва­ат и нај­мал­ку се скло­ни на по­ја­ва на фи­зи­о­ло­шки бо­ле­сти во те­кот на чу­ва­ње­то. Осо­бе­но тре­ба да се вни­ма­ва на ква­ли­те­тот на ја­бол­ка­та во пер­и­о­дот де­кем­ври-ја­ну­а­ри, ко­га се за­вр­шу­ва про­даж­ба­та на оние ја­бол­ка чу­ва­ни во не­со­од­вет­ни ус­ло­ви во скла­ди­шта­та и по пра­ви­ло се под­лож­ни на за­бр­за­но про­па­ѓа­ње. Ква­ли­те­тот мо­же да би­де до­ве­ден во пра­ша­ње и во пер­и­о­дот април-мај, ко­га во овие кра­и­шта за­вр­шу­ва се­зо­на­та на до­маш­но про­из­водс­тво на ја­бол­ка. Ај­да­ред има пло­до­ви што мно­гу до­бро и дол­го мо­жат да се чу­ва­ат, а це­на­та е по­ска­па од дру­ги­те сор­ти кај нас. Во пос­лед­ни­те го­ди­ни зна­че­ње до­би­ва сор­та­та га­ла, ко­ја спа­ѓа во ра­ни­те сор­ти и е ед­на од пр­ви­те до­маш­ни што мо­жат да се нај­дат во по­ну­да. Бер­ба­та на оваа сор­та поч­ну­ва во август.

Ком­пи­рот се про­да­ва ка­ко цр­вен и ка­ко бел, а мо­же да се ка­же де­ка ре­чи­си приб­лиж­но се за­ста­пе­ни во про­даж­ба. Ко­га е во пра­ша­ње ква­ли­те­тот, кр­то­ли­те мо­ра да би­дат здра­ви, со пра­ви­лен об­лик, без оште­ту­ва­ња од бо­ле­сти или штет­ни­ци и не­при­род­на вла­га на по­вр­ши­на­та. Тре­ба да се има пред­вид де­ка кај ком­пи­ри­те, на по­вр­ши­на­та на кр­то­ли­те, мо­же да се ја­ват не­до­ста­то­ци кои не се вид­ли­ви со око, ту­ку мо­же да се за­бе­ле­жат при се­че­ње­то. По­ра­ди тоа, при кон­тро­ла на ква­ли­те­тот, пре­се­че­те одре­ден број кр­то­ли за да се уве­ри­те де­ка во вна­треш­но­ста не­ма оште­ту­ва­ња. Ко­ра­та не смее да би­де сту­тка­на би­деј­ќи тоа ука­жу­ва на де­хи­дра­ци­ја на кр­то­ла­та, та­ка што ком­пи­ри­те мно­гу по­бр­гу се рас­и­пу­ва­ат. Во вто­ра­та по­ло­ви­на од се­зо­на­та, што кај нас трае од кра­јот на го­ди­на­та, мо­же да дој­де до ’рте­ње на кр­то­ли­те. Оваа по­ја­ва се сме­та за не­до­ста­ток и та­кви­те ком­пи­ри не мо­жат да се кла­си­фи­ци­ра­ат во пр­ва­та кла­са. Нај­до­бро е да не­ма­те ре­зер­ви за по­ве­ќе од ед­на не­де­ла, за да ја из­бег­не­те по­ја­ва­та на де­хи­дра­ци­ја. Ком­пи­рот се па­ку­ва и се про­да­ва во мре­же­сти вре­ќи од 10 до 20 ки­ло­гра­ми. Иа­ко кр­то­ли­те не се пре­чув­стви­тел­ни на уда­ри, во­де­те сме­тка ком­пи­ри­те прем­но­гу да не ги пре­вр­ту­ва­те и уди­ра­те при ра­ку­ва­ње­то и из­ло­жу­ва­ње­то, би­деј­ќи на ме­сто­то на уда­рот мо­жат да се по­ја­ват по­тем­ну­ва­ња и не­кро­за на тки­во­то. Во про­дав­ни­ца­та, ком­пи­ри­те из­ло­же­те ги на дол­на­та по­ли­ца ко­ја се на­о­ѓа во сен­ка или по­зи­ци­о­ни­рај­те ги та­ка што да не се из­ло­же­ни на ди­рект­на сон­че­ва свет­ли­на.

Кро­ми­дот за­зе­ма зна­чај­но ме­сто во ре­чи­си си­те на­ши ја­де­ња и по­крај ком­пи­рот, прет­ста­ву­ва еден од нај­важ­ни­те зе­лен­чу­ци. Во те­кот на се­зо­на­та це­ни­те на кро­ми­дот се ста­бил­ни, па на­ба­вка­та мо­же да ја пла­ни­ра­те за пер­и­од по­мал од се­дум де­на. Лу­ко­ви­ца­та мо­ра да има ди­ја­ме­тар од 50 до 70 мм, таа мо­ра да би­де здра­ва, без оште­ту­ва­ња од бо­ле­сти или од штет­ни­ци на по­вр­ши­на­та и во вна­треш­но­ста. Лу­ко­ви­ци­те по­го­ле­ми од 70 мм мо­же­те да ги ста­ва­те во про­мет, но имај­те пред­вид де­ка мно­гу го­ле­ми­те има­ат по­го­ле­ма при­ме­на во уго­сти­тел­ски­те об­је­кти. На па­за­рот мо­жат да се нај­дат лу­ко­ви­ци со ди­ја­ме­тар по­мал од 50 мм, но овој кро­мид има по­ни­ска це­на. Спо­ред об­ли­кот на лу­ко­ви­ца­та, кро­ми­дот се де­ли на две го­ле­ми гру­пи, т.н ја­бу­чар и по­га­чар. Ја­бу­ча­рот има за­об­ле­на лу­ко­ви­ца и оваа сор­та е нај­за­ста­пе­на кај нас, до­де­ка по­га­ча­рот има сплос­на­та лу­ко­ви­ца. Кро­ми­дот по­га­чар е по­мал­ку по­пу­ла­рен од ја­бу­ча­рот и по пра­ви­ло пос­ла­бо се про­да­ва. Освен ка­ли­бра­жа­та и отсус­тво­то на бо­ле­сти, не­оп­ход­но е лу­ко­ви­ца­та да има нај­мал­ку ед­на це­ла, су­ва и чи­ста об­ви­вка. Освен об­ви­вка­та, не­оп­ход­но е ко­рен­чи­ња­та да би­дат скра­те­ни или це­лос­но от­стра­не­ти, а пер­ца­та на вр­вот од кро­ми­дот скра­те­ни на око­лу 1см. Мно­гу е важ­но при кон­тро­ла­та на ква­ли­те­тот да се вни­ма­ва кро­ми­дот да е со­од­вет­но ису­шен (об­ви­вка­та тре­ба да би­де су­ва и под пр­сти­те да шу­шка), би­деј­ќи зго­ле­ме­на­та вла­га мо­же да до­ве­де до за­бр­за­но рас­и­пу­ва­ње. До­кол­ку кро­ми­дот во вре­ќа или на по­ли­ца поч­нал да се рас­и­пу­ва, ќе по­чув­ству­ва­те не­при­ја­тен ми­рис, а че­сто мо­же да дој­де до по­ја­ва на му­шич­ки. Ова осо­бе­но е наг­ла­се­но до­кол­ку кро­ми­дот се чу­ва во не­со­од­ве­тен про­стор или се транс­пор­ти­ра во не­из­ла­ден ка­ми­он на ви­со­ка тем­пе­ра­ту­ра.

Мор­ко­вот е нај­ва­жен зе­лен­чук чиј ко­рен во по­ну­да мо­же да се нај­де во те­кот на це­ла­та го­ди­на. Це­на­та на мор­ко­вот е ста­бил­на, но се за­бе­ле­жу­ва тренд на по­раст ко­га се наб­ли­жу­ва кра­јот на се­зо­на­та. Мор­ко­вот од пр­ва кла­са мо­ра да би­де со пра­ви­лен об­лик, цел ко­рен, без оште­ту­ва­ња од бо­ле­сти и од штет­ни­ци. Бо­ја­та на ко­ре­нот мо­ра да би­де со ка­ра­кте­ри­стич­но пор­то­ка­ло­ва бо­ја и во сог­лас­ност со ка­ра­кте­ри­сти­ки­те на сор­та­та, до­де­ка на вр­вот мо­же да се то­ле­ри­ра по­ја­ва на ви­о­ле­то­ва и на зе­ле­на бо­ја во дол­жи­на од 1 до 1,5 см. Ко­га е во пра­ша­ње ка­ли­бра­жа­та, таа се де­фи­ни­ра со по­мош на две го­ле­ми­ни – дол­жи­на и преч­ник на ко­ре­нот. Дол­жи­на­та тре­ба да се дви­жи од 10 до 20 см, а преч­ни­кот на ко­ре­нот тре­ба да би­де од 20 до 30 мм. Го­ле­ми­те и скр­ше­ни ко­ре­ни не мо­жат да се ка­те­го­ри­зи­ра­ат во пр­ва­та кла­са, но има­ат свое ме­сто на па­за­рот, се­ка­ко до­стап­ни по мно­гу по­ни­ска це­на. Ко­га ги на­ба­ву­ва­те мор­ко­ви­те, освен на­ве­де­ни­те ка­ра­кте­ри­сти­ки, вни­ма­вај­те на при­сус­тво­то на ме­ха­нич­ки­те оште­ту­ва­ња на по­вр­ши­на­та на пло­дот, во об­лик на греб­на­ти­ни. Тие пр­во по­бе­лу­ва­ат, а по­тоа се по­ја­ву­ва­ат цр­ни дам­ки, по што мор­ко­вот мно­гу бр­гу про­па­ѓа. Доц­ни­те сор­ти што во про­мет се ста­ва­ат кон кра­јот на ле­то­то и во те­кот на есен­та и на зи­ма­та, се па­ку­ва­ат во пер­фо­ри­ра­ни нај­лон­ски вре­ќи од 5 кг, до­де­ка ра­ни­те сор­ти се па­ку­ва­ат во гај­би. Тре­ба да се има пред­вид де­ка до­кол­ку ра­ни­те сор­ти се па­ку­ва­ат во нај­лон­ски вре­ќи, по­ра­ди зго­ле­ме­на­та вла­га мо­же да дој­де до рас­па­ѓа­ње. До­кол­ку на­ба­ву­ва­те мор­ков во нај­лон­ски вре­ќи, а не­ма­те про­стор со со­од­ве­тен тем­пе­ра­ту­рен ре­жим, из­бег­ну­вај­те да на­ба­ву­ва­те по­го­ле­ми ре­зер­ви и пра­кти­ку­вај­те мор­ко­ви­те што по­бр­гу да ги из­ва­ди­те од ке­са­та.


 
 
 
 
back to top