IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Петок, 20.04.2018 || „Млин и пекара Љубаче“ со нова инвестиција  |  Natur Premium пристигнува на македонскиот пазар  |  „Монделез“ вложува 90 милиони евра во „фабрика на иднината“  |  „Рамстор“ го отвори 25.маркет  |  „Хенкел“ отвори нова фабрика Somat во Крушевац  |  „Сан Пелегрино“ со приход од 895 милиони евра  |  „Карфур“ ги отвори првите пунктови испорака за пешаци  |  „Персу“ ги повика локалните производители да соработуваат  |  „Кимберли Кларк“ ќе го проширува капацитетот во Алабама  |  „Витамин“ на саемот во Мостар  |  Владимир Косијер нов генерален директор на „Пивара Скопје“  |  „Амазон“ е во преговори со авио-превозникот „Азул“  |  „Домаќа трговина“ со ново место за пазарење  |  Клучно одобрување на „Бајер“ за „Монсанто“  |  „Витаминка“ го рестартира производството на Брилијант  |  Во Сплит отворен првиот супермаркет „Шпар гурмет“  |  Розовиот Kit Kat пристигнува и во Европа  |  „Млекарнa Целеиа“ забележа пораст од 9%  |  „Ошан“ лансира нов формат во Украина  |  „Мирана“ ја купи „Аронија здрава храна“  |   ||
   

Александар Антиќ: Набавете го тоа што и самите би го купиле

17.11.2015

Правилниците за квалитет на овошје и на зеленчук можат да бидат различни во зависност од тоа кој ги пропишува, од обемноста, степенот на толеранција во поглед на параметрите...

Автор: Александар Антиќ, anticaca@gmail.com

Повеќепати го нагласив значењето на познавањето на параметрите за квалитет и на карактеристиките на стоката кога се во прашање свежото овошје и зеленчук. Еден од начините да ги дознаете параметрите на квалитет на овошјето и на зеленчукот е познавањето на правилникот за квалитет.

Познавањето на правилникот особено може да биди значајно доколку немате искуство со овој вид стока или ако првпат се сретнувате со некои од производите.

Правилниците за квалитет на овошјето и на зеленчукот можат да бидат разновидни во зависност од тоа кој ги пропишува, од нивната обемност, степенот на толеранција во поглед на параметрите итн. Нив може да ги донесат официјалните институции, здруженија, трговците на големо, малопродажните синџири итн. Тука треба да нагласам дека треба да се прави разлика кога се во прашање здравствената исправност и безбедноста на храната и квалитетот на стоката. Правилниците за квалитет, кои се тема на овој текст, ја дефинираат големината и животниот век на полица на производите, изгледот и кондицијата на плодовите. Од друга страна, кога се зборува за здравствената безбедност, всушност, зборуваме за дозволеното присуство на штетните микроорганизми. За почеток, треба да се споменат правилниците за квалитет донесени од државните институции. Тие претставуваат некаква основа и другите правилници не можат да бидат под пропишаното ниво на квалитет. Во нашиов случај, постои Правилник за квалитетот на овошјето, зеленчукот и печурките, пропишан од надлежното министерство и може да се пронајде на интернет во интегрален облик.

Овој правилник ги пропишува стандардите за квалитет за најважните видови свежо овошје и зеленчук, што може да се најдат кај нас. Меѓутоа, треба да имате предвид  дека параметрите во овој правилник, честопати, се пониски од некои општоприфатени норми на пазарот. Така, на пример, минималната калибража за јаболкото од прва класа во овој правилник е 65 мм, иако веќе со години во трговијата за таквото јаболко се подразбира минимална калибража на плодот од 70 мм, освен кај раните, летни сорти , каде таа може да биде и 65 мм. Ова, пред сè, е последица на појавата на построги барања на домашните и на странските купувачи, промена во сортиментот, но и во зголемувањето на понудата на свежо овошје и на зеленчук на нашиот пазар. Освен споменатиот домашен стандард, еден од распространетите странски стандарди е и тој за квалитет на свежото овошје и зеленчук што е пропишан од Европската економска комисија УН (УНЕЦЕ). Овој стандард е познат по името УНЕЦЕ ФФВ, а можете да го пронајдете на интернет со едноставно внесување на името во пребарувачот. УНЕЦЕ ФФВ особено може да ви биде од корист доколку набавувате увезена стока. За разлика од нашиот, овој стандард е подетален и содржи повеќе параметри за квалитет. Освен споменатите два страндарди, постојат многу други, но, за почеток, сопствениците на малите продавници најдобро е да ги познаваат овие два.

 

При донесувањето на одлуката кои параметри за квалитет ќе ги применувате при набавка на стока, мора да ги земете предвид можностите при набавката, ситуацијата на пазарот, но и потребите на вашите купувачи. Понекогаш, доколку има лоша понуда на пазарот, не ќе можете да инсистирате на строги барања во поглед на квалитетот. Секако, ова не треба да значи дека треба да продавате стока со лош квалитет, туку дека понекогаш треба да се приспособите до онаа граница, кога тоа не им штети на купувачите. Можеби и најлесно правило, кога во прашање е квалитетот – купувајте го само тоа што и вие би го купиле во вашата продавница.


 
 
 
 
back to top